Ќе се пребројуваме во Македонија

М

Мартин`

Гостин
Процентот на сите етнички групи во Македонија ќе биде познат во јуни. Резултатите од пописот ќе го дадат одговорот и на прашањето колку граѓани се чувствуваат како Бугари. Од нивниот вкупен број ќе зависи дали тие ќе бидат издвоени како посебна група. Изминатиот период се зголеми бројот на македонски граѓани кои поради различни причини добија бугарски пасоши


Државна пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика од 1 до 15 април идната година ќе спроведе попис на населението, што ќе го набљудува Еуростат. Резултатите ќе бидат објавени во јуни идната година. Во спроведувањето на пописот ќе учествуваат 17.500 лица. Половина од нив ќе бидат избрани на конкурс, а половина ќе бидат ангажирани од јавната админстрација. Составот на пописната комисија ќе биде мултиетнички. Од вкупно 25 членови, 14 ќе бидат Македонци, 11 од редовите на останатите етнички заедници, а од нив шестмина етнички Албанци. Со мешан етнички состав ќе бидат и 44-те пописни комисии кои ќе имаат од седум до 13 членови. Пописот ќе ја чини државата 852 милиони денари или околу 14 милиони евра.
Со пописот ќе се утврди бројот на припадниците на сите етнички заедници кои живеат во Македонија. Секој граѓанин ќе има право да се изјасни на својот мајчин јазик.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаким Адеми, министерот за правда Михајло Маневски и директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, на вчерашната заедничка прес-конференција во владата рекоа дека не сакаат да лицитираат со бројки за процентуалната застапеност на етничките заедници и дека тоа ќе го покаже пописот.
-Ќе се воздржам од изјави кои се однесуваат на процентуалната застапеност на етничките групи. Пописот ќе биде транспарентен и тоа ќе овозможи сите да ги прифатат резултатите. Главна цел е да бидат вклучени сите етнички заедници. Важно е овој процес да не се политизира. Владата е подготвена да ги спроведе препораките од Еуростат, вели вицепремиерот Адеми.

Според директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, пописот е најскапа и најмасовна операција, но воедно и најсоодветен начин за добивање на информациите за составот на населението. Новковска вели дека иако ќе има странски набљудувачи, тие нема да ја имат истата функција како при спроведувањето на пописот во БИХ или на Косово.
-Пописот е најсеопфатна статистичка активност. Тој ќе даде сеопфатни податоци. Еуростат ќе ги набљудува и ќе ги оценува сите фази на пописот. Тоа ќе овозможи транспарентност. Набљудувањето нама да биде класично како во БИХ и Косово или земјите кои за прв пат спроведуваат попис. Набљудувањето во Македонија ќе биде како во оние земји кои ги имаат сите капацитети да го спроведат пописот, рече Новковска.

Слободно изјаснување за етничката припадност ќе и биде дозволено на сите. Тоа, исто така, ќе можат да го сторат и сите кои се чувствуваат како Бугари. Изминатиот период се зголеми бројот на македонски граѓани кои поради различни прчини добија бугарски пасоши.
-На сите со отворени прашања ќе им биде дозволено да се изјаснат како сакаат. Доколку сакаат да се декларираат како Бугари, тоа ќе можат да го сторат. Од вкупниот број ќе зависи дали тие ќе бидат издвоени во посебна група, вели Новковска.

Според министерот за правда, Михајло Маневски, податоците од пописот ќе бидат заштитени во согласност со Законот за заштита на личните податоци.


Браво за ова, само нека помине се во најдобар ред па навистина да видиме колку во Македонија има Македонци, Албанци, Бугари, Роми, Марсовци или што било.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Познавајќи ни ги сожителите, факсовите ќе работат турбо.
Прошлиот попис со факс од лична карта се попишуваа.

Интересна ми е и онаа задртата еуропа која од една страна дозволува во нејзина земја членка да се бриши цел еден етнос од пописот а во друга запирки бара на целиот попис.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Мислам дека најфер и највистинито би било кога сите држави на Балконот во исто време извршат пописи. Драстично ќе се намали просторот за манипулации.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Сега нашите ќе си ги продадат газовите за 500 евра.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Сега нашите ќе си ги продадат газовите за 500 евра.
Имам доста колеги Македонци муслимани што на претходниот попис се декларираа како Албанци.Може некој ќе рече се продаваат за 500 евра,но реалноста е дека сиромавиот додека му крчат цревата не му е дојдено до патриотизам.А да бидеме искрени што добиле они од нас Македонците христијани.Сите македонци ги нарекуваат - торбеши.Секој си има право да се идентификува како сака нели,кои му се мотивите е негова работа.Како и да е Албанците ќе направат се,а богами и нашиве политчари да не се покаже дека се помалку од 20%.Никој не сака меѓуетничка криза па и да се 15% ќе ги дотераат на 20 за да не пропадне Рамковниот.А може и реално се повеќе од 20% може само да нагаѓаме.Со оглед што Македонциве го штедат ку....от,за помалце од 50г. ќе бидеме и 50-50.Па ние ќе бараме некој Рамковен.

--- надополнето ---

A sto e so tie so dve drzavjanstva!!!
Па најверојатно битно е каде живееш.Можеш и 5 да имаш,али во исто време на едно место можеш да живееш.Може постојат некои нормативи колку време претходно да си во земјава за да кажеш дека овде живееш.Али сепак има голем простор за манипулација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
A sto e so tie so dve drzavjanstva!!!
На линкот
http://www.stat.gov.mk/probenpopis2009.asp
има зип со пописница
http://www.stat.gov.mk/pdf/P1P2mak.zip
прашање бр 13 од П1мак дава можност да се одговори -државјанин на РМ, државјанин на РМ и друга држава (наведи која), државјанин на друга држава и без државјанство.
Значи предвидени се сите можни појави
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.251
Поени од реакции
2.554
За минатиот попис сите знаат многу добро дека бројката на Албанците беше намерно напумпана, зголемена, ЛАЖНА и нелегално зголемена. Тоа им е јасно и на нај малите деца, нема дилеми во тоа.
Можеме само да нагаѓаме колкава беше нивната ВИСТИНСКА бројка, но во секој случај, никако повеќе од 20% преку сила.

Но, како што пиша некој погоре, бидете сигурни дека и на овој попис ќе има малверзација од тој тип, за нормално да не дојде до пропаѓање на тој проклет рамковен договор. Па така бројката на Албанците пак ќе биде зголема (измислена) за некои 5 до 10% повеќе од онаа реалната.

Голема неправда се случува на ова поле, ова го нема никаде во свет, се надевам дека еден ден ќе се разјаснат работите.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Луѓе колку и да се правиме и лажеме себеси дека не е така слободно тргнете од Скопје па се до Охрид нема живо македонско село ,се се албански и тоа големи по 2-3000 жители.Отидете по градовите Тетово,Гостивар,Скопје,Кичево,Струга.Дебар најголем дел од населението е албанско.Веќе и пола Куманово се албанизира.Отидете во северно Куманово веќе и да немаш македонски куќи сите продадоа за пари и од страв веќе и во Куманово се исцртуваат границите за другите заподно македонски градови да не правиме муабет.Во Тетово,Гостивар за 10 години нема да има и живее жив Македонец тоа е факт не лага.На големо се продаваат куќите на Македонците во Западна Македонија.Колку и да не сакаме да признаеме во Македонија живеат многу Албанци и се над 20% тоа сигурно.Се друго само се лажете.Факт е дека Македонија го фаќа истиот воз како Косово,факт е дека ќе се дели Македонија за 10-15 години само финтата е тоа да се спаси она што може да се спаси.Веќе во Велес,Битола,Прилеп дишат и се населуваат пополека.И крај краева ниеден Албанец не ти е крив затоа што Македонците продаваат имоти,куќи,станови за пари кога никој не ги ни брка.Ама затоа храброст на Грција се покажува одкадешто немаш никаква опасност.Ние идентите ќе задржуваме,а без пола држава
ќе останеме која болест..Како викаат неможе на магарето па удри на самарот.И Албанците сигурно не се 15% многу многу повеќе се.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
59
Поени од реакции
6
Соодносот на етничките заедници може да се види по многу параметри уште сега. Над една третина од првачињата уште пред неколку години се албанци, влези во албанско село врие од деца во секоја куќа, влези во македонско село врие од ергени стари и по 40 и 50 години. Во албанските населени места густината на населението е многу голема а во македонските освен скопје се е старудија. голем број од Албанските села ја надминаа борјката на население од 10 000 илјади (чегране, арачиново ..) тетово со околината ја надмина и бројката од 250 000.

Албанското население (било каде) е најмладо население во европа

Што се однесува до поделбата на македонија, албанците не ја сакаат, неа повеќе ја сакаат македонците. Албанците не ја сакаат бидејќи се раштркани по половина македонија а и тоа би довело до втора босна. Подобро е вака: заедно, а и меѓународната заедница тоа не го дозволува, ја научи добро лекцијата на босна.

Што се однесува тоа да македонците бегаат и ги продаваат своите куќи од западна македонија, па македонците тоа би го направиле и во штип и струмица ако во некое маало се населат неколку албанци а тоа е поради тоа што заедниците меѓусебно не се познаваат. Македонците мислат дека однесувањето на албанците е некултурно и опасно и еден албанец ако купи куќа во некое маало македонците се чувствуваат загрозени и бараат по мирно место.

Поздрав ..
 

антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
многу е важно колку има народ во македонија и колку има % албанци и дали се тиа 30 % колку што викаат
п.с чим се бунат албанские партии сигурно се помалку па не сакаат да знаат,има нешто.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Тие бројки воопшто не се важни, посебно откако докажаа дека се 25%. Тоа само на националистите им е важно. Многу поважно е да се знае кој што и каде работи, економски параметри, станбени параметри...отколку број на луѓе по националности. Која е крајната цел на броење на населението по националост како овци? Намалување невработеност, инвестирање, намалување сиромаштија??? Глупава цел за еден попис на кој се трошат големи милиони евра и многу други ресурси. Исполитизираност.
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Spored brojot na prvacinja sto se zapisija na uculiste albancite se poveke od 30% e sega dali na nekogo toa go boli ili ne nije vazno.:toe:
p.s abe da pravime deca da ne cekame nekoj da ne stimulira so pari za toa :salut:
 
М

Мартин`

Гостин
Колку сака нека бидат искрено нека бидат и 30 % вкупно од целото население кај нас, важно да се пребројат и да знаеме колку сме навистина и они и ние. Само да нема намерно пумпање на пописот другото е ок.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.251
Поени од реакции
2.554
Луѓе колку и да се правиме и лажеме себеси дека не е така слободно тргнете од Скопје па се до Охрид нема живо македонско село ,се се албански и тоа големи по 2-3000 жители.Отидете по градовите Тетово,Гостивар,Скопје,Кичево,Струга.Дебар најголем дел од населението е албанско.Веќе и пола Куманово се албанизира.Отидете во северно Куманово веќе и да немаш македонски куќи сите продадоа за пари и од страв веќе и во Куманово се исцртуваат границите за другите заподно македонски градови да не правиме муабет.Во Тетово,Гостивар за 10 години нема да има и живее жив Македонец тоа е факт не лага.На големо се продаваат куќите на Македонците во Западна Македонија.Колку и да не сакаме да признаеме во Македонија живеат многу Албанци и се над 20% тоа сигурно.Се друго само се лажете.Факт е дека Македонија го фаќа истиот воз како Косово,факт е дека ќе се дели Македонија за 10-15 години само финтата е тоа да се спаси она што може да се спаси.Веќе во Велес,Битола,Прилеп дишат и се населуваат пополека.И крај краева ниеден Албанец не ти е крив затоа што Македонците продаваат имоти,куќи,станови за пари кога никој не ги ни брка.Ама затоа храброст на Грција се покажува одкадешто немаш никаква опасност.Ние идентите ќе задржуваме,а без пола држава
ќе останеме која болест..Како викаат неможе на магарето па удри на самарот.И Албанците сигурно не се 15% многу многу повеќе се.
Во голема заблуда си... очигледно не си запознаен со некои работи па само лупеташ глупости што си слушнал од некој ама не си дослушнал.
Прво, како што пиша ти, ако тргнеш од Скопје до Охрид, точно е дека има села со мнозинско Албанско население, но има и села каде што 100% населението се Македонци. Во цела западна Македонија, градовите што ги наброја ти, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар живеат и Македонци, и тоа добар процент од над 20%. Исто така некој од околните села се со Македонско население.
Куманово незнам ни зошто го спомнуваш, таму мнозинство се Македонци и тоа многу убедливо повеќе.

Во Тетово и Гостивар и по 100 години ќе живеат Македонци ! Сум бил често во тие делови, знам како е... има делови со чисто Македонско население и во градот, и во околните села.
Ти очигледно си слушнал само од некој а сам не си видел како стојат работите... извини вака, ама искрено ВРСКА НЕМАШ... си слушнал муабет од некои исплашени жени па тука креваш паника.
Продавањето на имоти куќи и станови на Македонците од западна Македонија е веќе минат процес. Тоа се случуваше некаде околу 2001, веќе многу ретки се тие случаи.
Албанците во Македонија се под 20% тоа си го знаат и они самите, благодарение на нивните спасители ЕУ и САД бројката им беше напумпана за да дојдат до тој рамковен договор.
А ти ако веруваш на некои глупи новинари што пишуваат глупости или некои ПИЧКИ од луѓе што само се жалат и кукаат, песимизам шират до недоглед.
Македонија нема да биде поделена, најмалку од страна на Албанците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom