М
Мартин`
Гостин
Процентот на сите етнички групи во Македонија ќе биде познат во јуни. Резултатите од пописот ќе го дадат одговорот и на прашањето колку граѓани се чувствуваат како Бугари. Од нивниот вкупен број ќе зависи дали тие ќе бидат издвоени како посебна група. Изминатиот период се зголеми бројот на македонски граѓани кои поради различни причини добија бугарски пасоши
Државна пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика од 1 до 15 април идната година ќе спроведе попис на населението, што ќе го набљудува Еуростат. Резултатите ќе бидат објавени во јуни идната година. Во спроведувањето на пописот ќе учествуваат 17.500 лица. Половина од нив ќе бидат избрани на конкурс, а половина ќе бидат ангажирани од јавната админстрација. Составот на пописната комисија ќе биде мултиетнички. Од вкупно 25 членови, 14 ќе бидат Македонци, 11 од редовите на останатите етнички заедници, а од нив шестмина етнички Албанци. Со мешан етнички состав ќе бидат и 44-те пописни комисии кои ќе имаат од седум до 13 членови. Пописот ќе ја чини државата 852 милиони денари или околу 14 милиони евра.
Со пописот ќе се утврди бројот на припадниците на сите етнички заедници кои живеат во Македонија. Секој граѓанин ќе има право да се изјасни на својот мајчин јазик.
Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаким Адеми, министерот за правда Михајло Маневски и директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, на вчерашната заедничка прес-конференција во владата рекоа дека не сакаат да лицитираат со бројки за процентуалната застапеност на етничките заедници и дека тоа ќе го покаже пописот.
-Ќе се воздржам од изјави кои се однесуваат на процентуалната застапеност на етничките групи. Пописот ќе биде транспарентен и тоа ќе овозможи сите да ги прифатат резултатите. Главна цел е да бидат вклучени сите етнички заедници. Важно е овој процес да не се политизира. Владата е подготвена да ги спроведе препораките од Еуростат, вели вицепремиерот Адеми.
Според директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, пописот е најскапа и најмасовна операција, но воедно и најсоодветен начин за добивање на информациите за составот на населението. Новковска вели дека иако ќе има странски набљудувачи, тие нема да ја имат истата функција како при спроведувањето на пописот во БИХ или на Косово.
-Пописот е најсеопфатна статистичка активност. Тој ќе даде сеопфатни податоци. Еуростат ќе ги набљудува и ќе ги оценува сите фази на пописот. Тоа ќе овозможи транспарентност. Набљудувањето нама да биде класично како во БИХ и Косово или земјите кои за прв пат спроведуваат попис. Набљудувањето во Македонија ќе биде како во оние земји кои ги имаат сите капацитети да го спроведат пописот, рече Новковска.
Слободно изјаснување за етничката припадност ќе и биде дозволено на сите. Тоа, исто така, ќе можат да го сторат и сите кои се чувствуваат како Бугари. Изминатиот период се зголеми бројот на македонски граѓани кои поради различни прчини добија бугарски пасоши.
-На сите со отворени прашања ќе им биде дозволено да се изјаснат како сакаат. Доколку сакаат да се декларираат како Бугари, тоа ќе можат да го сторат. Од вкупниот број ќе зависи дали тие ќе бидат издвоени во посебна група, вели Новковска.
Според министерот за правда, Михајло Маневски, податоците од пописот ќе бидат заштитени во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Браво за ова, само нека помине се во најдобар ред па навистина да видиме колку во Македонија има Македонци, Албанци, Бугари, Роми, Марсовци или што било.