Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
10-20 поена за присуство и активност на час ? :eek: Зашто на ФИНКИ нема такво нешто ?
Лошо читаш. Активност пишува. А за да си активен треба да си спремен и континуирано да учиш.
Плус заборавил да пише дека присуството е задолжително и без 60-70% присуство немаш право да полагаш. Се води електронска евиденција.


п.с. Мислам дека @RickyLFC9 во основно запишувал кои се добри а кои лоши ученици кога учителката идела на пуш пауза. (no offense Рики ;) )
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
10-20 поена за присуство и активност на час ? :eek: Зашто на ФИНКИ нема такво нешто
Само активност т.е. досега од 14 предмети само на еден иам поени за присуство. Ама и за активност треба да читаш горе-доле редовно. ЕКТС е мора да прават нешто такво. Кај вас тос е ваљда поени од вежби само што ептен морате да идете. Али искрено ми е мило што освен на ретардираните колоквиуми неаме заокрожување и слични глупи ствари. Извинете за офтопик.
@The_Red1 тоа електронска евиденција не функционира само не залажуваа у прв семестар да се куцаме и после глеаме у елек.досие 5 присуства а ти имаш толку отсуства.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
2
Абе многу вицкаст ти бе..како можеш да заборавиш математика и програмски јазици?Утре на работа кога ќе идеш ќе викаш шефе чеј да повторам калкулус два незнам како да ја извршам операцијава?А јас на правен ќе треба да ја барам секоја ебана законска промена што се случила од она што сум го учел коа сум полагал до денот на испитот абе ајде..Ако ти дала корпа некоја колешка од правен немора да лечиш фрустрации против цела наука.Чист пример братучед ми заврши машински мехатроника,типот повеќе беше пијан него трезен,али му фаќа кликерот математика,физика и си го ладеше цел факс.И сеа треба да значи дека е лесен факултетот?Се извинувам за оф-топик али неможам да не одговорам на вакви шупаци.
Калкулус нема никој на работа да ми бара да решавам,шупак како тебе секако не го разбира тоа.За таков морон како тебе 300 евра плата се премија.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Кој да ги ствара промениве во земјава? Пензионерите?
Тие? Млеко и мед им ја направија работава на нив до сега, зар ќе ја гризат таа златна рака, за кого?Внуците? Ма што ти е бре? Стари се, ама не се глупи и тие. Се снаоѓале до сега, можат да тераат. Трпи и трај е работава.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Јас додека студирав по сите предмети имавме 20 поени за присуство (предавања и вежби без никаква активност) и 10 од семинарска. Многу лесно поминуваа оние кои беа дојдени само за да земат диплома, а не да научат. Границата за 6-ка некогаш беше над 46 поени. :ROFLMAO:
Eте зошто е голем бројот на дипломираните.

Какви се фаци земаа подарени дипломи, не знаат основни работи а не пак програмирање. Најсмешно ми е кога некој ќе ги праша што имаат завршено кажуваат дека се програмери. :D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
10-20 поена за присуство и активност на час ? :eek: Зашто на ФИНКИ нема такво нешто ?
20 поени од присуство + вежби. 20 од семинарска. 15 од есеј. Ете ти 6ка. Два колоквиуми положени со по 18 бода, вкупно 91 = Честито колега, положивте зо 10ка без да одите на испит.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.657
Поени од реакции
14.519
А што не направат екстерно за пензионерите за да решат тест дали се способни да продолжат да живеат!!! И тоа на 2 години, па нека му ја мислат!
Или екстерно тестирање пред да имаш деца.
Или екстерно за дали си способен да пиеш вода од градскиот водовод!!!!!

Да ти е*ам глупите!!! Денес кога прочитав се напнав ептен, иако дипломирав пред 1 месец.
Кој дегени ги предлагаат промениве, само сакам да знам.
Значи која е логиката и зашто се тие услови фаќање според ЕКТС? Не можеш ти на некој што стигнал до крај на 4-та година да му проверуваш знаење од се претходно! Абе не можеш ти на 10 професори (минимум толку за 2 години) на некој начин да им поништуваш оценки.
Подобро нека ги стегнат условите за упис на наредна година, овоа што го предлагаат... немам зборови.
Ај што е идиотски, ама овој шушумигата од министер ццццц
Сериозно размислувам да аплицирам за internship програма во Америка, ова тука го нема ни на Јупитер.

БОТОВИ!

[DOUBLEPOST=1412383076][/DOUBLEPOST]
Што студираш и на кој начин секојдневно утилизираш се што си научил на факултет?
Историја учи Рики, секојдневно се потсеќа на успесите на Ливерпул. Последниот поголем историски настан е пред 9 години :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
20 поени од присуство + вежби. 20 од семинарска. 15 од есеј. Ете ти 6ка. Два колоквиуми положени со по 18 бода, вкупно 91 = Честито колега, положивте зо 10ка без да одите на испит.
кај кацарска по електротехника вкупно беа 240 поени.
100 од прв, 100 од втор (25 теорија со 75 задачи) потоа 20 од лабараториски и 20 од присуство. Ти требаа минимум 120 за 6 ка.
Да не ја префрламе темава на тоа тежина на правен вс финки или медицина вс феит. Глупаво е. Секој факултет си има своја тежина. Проблемот е тоа што на општествените факултети критериумот е опаднат скроз.
Тотално се согласувам со @Коњаникот Сабја за секој збор напишан во неговиот пост. Браво царе те бива за пишување.
За @Шкорпион , другар ти стварно немаш допир со реалноста. Факултети како Феит и Пмф, водечки во своите бранши (аналогно на ЕМ АЈ ТИ (МИТ) во САД ) ги имаат спуштено критериумите за положување толку ниско што ретардиран може да земе диплома ако малку се потруди. За финки не зборувам, тие се ептен отидени ниско со критериумите. На финки дури се случува други деца да полагаат наместо висинските студенти. Ова е жива вистина и се случува премногу често.

Имаше многу мислења во темата. И да точно е, покрај сите тие колоквиуми, испити, проекти, семинарски и уште ова е стварно премногу. Точно е. Ама за оние кои учат кампањски, оние кои учат колку да положат дали со 10 ка или 6ка. Оние кои учеле за да научат само ќе си се подсетат на наученото, а остататите ќе креваат штрајкови.

Како мајката кога се буневме за ситуацијата во домовите никој не се потруди да помогне, а сега влада ќе рушиме за едно полагање кое треба да биде онака.... meh..
@Dimitar171 другар кога ќе се враотиш се кладам дека ќе почнеш да се потсетуваш и да се трудиш да научиш повеќе неголи преднодите 4 години на факс 0 иако таа материја веќе ти била предавана.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
20 поени од присуство + вежби. 20 од семинарска. 15 од есеј. Ете ти 6ка. Два колоквиуми положени со по 18 бода, вкупно 91 = Честито колега, положивте зо 10ка без да одите на испит.
Тоа само кај вас на Философски е така. Кај нас максимум поени што можеш да ги добиеш надвор од испит се 30 (негде не рачунаат колоквиум, така да макс 20 или 10, а негде само од испитот). Така да кај нас нема со малце учење 9ки и 10ки. Не ни иаме есеи и семинарски.

@Петар12345 Сакаш да ми кажеш дека, и да си го научил материјалот убаво, што се вика за себе, не за оценката, нема да ти треба ич време да се „потсетиш“ (во наводници бидејќи тоа потсетување ќе ти одземе бајаги време бидејќи во прашање се негде минимум 17-18 предмети со просек 350-400 страни од книга, да не зборам ако имаш и екстра материјали, кои се вметнати во силабусот)? Па сигурно нема на сите можни ствари да се сеќавам посебно некои ствари кои не се потребни дотолку или воошто не се потребни.

А дали некој ќе протестира (не штрајкува) е негово уставно загарантирано право. :) Ја сум сеа втора, додека да се донесе законот, па реакции од 100 страни, едно друго, па ајде изменете го, па ќе падне на Уставен еднаш, па вратете го во постапка у Собрание, курци палци, ќе пројде еден добар период. Па додека да се имплементира такво нешто знаеш ли колку време треба? За едно мочано екстерно им требаа 4 години, не па за вакво нешто. Значи мене нема ни да ме фати тоа. Ама тоа не значи дека треба да ќутам и да кажам: „Ај, ме боли цеф, нека се секираат помалите“.
Реков и претходно: ако сакаат толку да го контролираат и високото образование, нека укинат универзитети, нивните професори ќе си ги остават, другите сиктер, и МОН ќе ни даде на крај дипломче. Можда и Адеми че го предава на Технолошки.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Тоа само кај вас на Философски е така. Кај нас максимум поени што можеш да ги добиеш надвор од испит се 30 (негде не рачунаат колоквиум, така да макс 20 или 10, а негде само од испитот). Така да кај нас нема со малце учење 9ки и 10ки. Не ни иаме есеи и семинарски.
Не е ни кај мене сегде така, зависи од професорите. Затоа ко што реков, секој со свое искуство може за себе да збори.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.110
Поени од реакции
17.977
Од која и страна да се погледне овој предлог закон изгледа глупо.

Од една страна доколку овие екстерни испити се како оние во средното, кои реално се смешно лесни, тогаш целиот овој проект би бил губење време и непотребно трошење пари.

Од друга страна доколку овој екстерен испит е исто тежок како и редовните испити или дури и потежок, тогаш нема никаква здрава логика да направиш тест што содржи прашања од неверојатни 20 предмети. Едноставно човечкиот мозок може многу тешко да разграничи 20 предмети одеднаш. Сочувствувам стварно со студентите на математика, информатика или кој и да е друг факултет каде што има ептен обемен и тежок материјал, но ништо полесно не е ниту на економски, правен или слично.

Замислете на еден тест задачи да има од математика, статистика, сметководство, финансиска математика и пример анализа на финансиски извештаи?

Стварно премногу е ова за еден тест, на едно полагање да се биде способен да се реши.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Се слагам со тебе. Ама студентите се идните генерации кои ќе ја водат земјава. Од нив аконе почне ова, од кој тогаш? Кој да ги ствара промениве во земјава? Пензионерите?
Кои идни генерации, која земја? Зошто?

Се е премногу едноставно. Ако не сте успеале да си ги поедноставите работите до сега, да пробам јас на мој начин.
Се е небитно.

Како после толку масовни илузии, ширење пропаганди, и класично играње курташак со сите нас, сеуште при срце ги земате сите новости и одлуки?
Се е премногу едноставно. 2 се крајните решенија, кои сите ги знаеме.
Од кога ќе ја донесеш одлуката за својата иднина, иде делот кога се реализира. Се пропатно е небитно. Апсолутно небитно.

Почнувајќи од античкото во нас, металците кои се насилни и вонземјаните во Охрид, полагање на истите испити 10 пати, се е апсолутно небитно. Ако ги анализираш сите одлуки донесени во изминативе години, ќе дојдеш до заклучок дека се неверојатно глупи и на многу полиња буквално те ебат, а после извесно време, ако си паметен ќе прекинеш да анализираш. Зошто? Пошто не вреди.
Да, секоја измена има огромно директно влијание врз нас, ама го ставаш тоа во групата "препреки до целта" и воопшто не ги прифаќаш емоционално промените.

Егзистенционалното прашање ни е загрозено, а се замарате со глупости. Егзистенцијата ни зависи од нив, ако не директно мојот леб, сигурно имам некој близок што зависи од нив. По некоја случајност да си утнат од системот, треба да ти станало јасно дека доволно луѓе ги нема утнато системот, доволно за системот да се одржува во живот. Не гласајте, дигнете бунт, револуција? Критична маса? Докогабевака? Сериозно? Моменталниов систем ќе се распадне единствено кога ќе се самоуништи, не може да се победи. Ќе чекаш да се самоуништи или ќе си отидеш пред да се случи тоа.

Може да се дигне револуција во секој случај, може да се проба. Би изгледала нешто ко битката на Дон Кихот со ветерниците, ама тоа не би требало да ги спречува јунаците да се истакнат на дело. Од толку идиоти во државава, ниеден јунак нема што сака да се испише во историјата. Смешно е колку многу сме пропаднати, за на сите да ни е јасно дека треба да си тежок идиот за да пробаш да промениш нешто во оваа држава, дури и на идиотите им е тоа јасно. (мада повеќето јунаци не им е дадено шансата да направат "глупост" и веќе им е дадено членство, што е на некој начин генијално)

Ќе ти зимаат данок за секоја тезга што ја работи на страна, океј, јеби га, ќе зимаат дур не си отидам. Секое ударање во гради, ти ебе матер. Еднаш мора да се прекине да се размислува за борба, и да се откажеш од носењето правда. Водење на борба во која знаеш каков ќе биде епилогот е од моја (пичкарска) гледна точка глупо. Себичен сум, пошто еден живот имам (за ова тотално одговара јоло фазонот :icon_lol:), да имав повеќе можда и би искоцкал по некој. Колку помалце време губиш на скроз безсмислени работи, толку повеќе време ти останува да ја исполниш целта што си ја зацртал. Ова го пишувам пошто на повеќето тука ни е целта да си отидеме некаде. Наместете ги приоритетите спрема целта која што треба да се оствари, и без емоции пречекувајте ги предизвиците, инаку здравје се губи. Ако е целта да си министер, лижи гзови, не учи факултет, или што ти ја знам, најди друг пат за да си ја оствариш целта, не осудувам апсолутно никој. Кој каква цел си зацртал нека си ја оствари, само нека не игра глупо дур ја остварува. Треба да си глуп да гледаш "за општо добро" во оваа држава полна идиоти. Исклучиво само ако си себичен успеваш, и за да си одиш треба да си себичен, нема да им помогнеш на другарите во борбата против "злото".

Премногу ствари ми се класифицирани како "не битни", и пробувам да се насочнам у смерот што мислам дека е правилниот, без притоа да ме погаѓаат вакви досадни и едно-те-исто вести. Ќе ви кажам за некоја година дали сум успеал :icon_lol:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Дебакл, порано мислев дека пензионерите се единствениот проблем во државава, но грешка сум бил и тоа голема грешка. Сметав дека младинава ќе го искорени тој менталитет што останал од постарата генерација, ама далеку е од тоа, сега деца на 15 години се замараат со политика, бираат плава или црвена боја како да бираат за кој тим ќе навиваат, дали Челзи или Манчестер. Болно е ептен, до 18 години веќе имаат книшка, се влечат по состаноци, митинзи и се останато, предадени се на таа проклета политика, како тоа да е единствениот спас за нив, стварно неможам да ги разберам. Со ваква младина ќе бидеме уште поназад, поназад од било кога.

Иначе, една година студирање во Скопје е минимум 2.000 евра, тоа е огромна сума со оглед на платите во земјава, родители врзуваат крај со крај за да ги подмират тие 2.000 евра годишно што одат за станарина, комуналии, партиципација и уште милион други работи. Замислете како ќе му биде на родителот кога дечково наречен "министер" кој што правилно неможе да ја изговори буквата "х" ќе им го запре школувањето поради тоа што не успеале да ги преполагаат 25-те предмети кои што ги имале во прва и втора година. Нема логика, дечкото успеа да ги среди основните и средните школи па сега само ова со факултетов му боде трн во очи, не е хумано и ептен е жално за одредени студенти.
Искрено не очекувам да има протести, студентите кои што се неопределени се бројат на прсти.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Се слагам со тебе. Ама студентите се идните генерации кои ќе ја водат земјава. Од нив аконе почне ова, од кој тогаш? Кој да ги ствара промениве во земјава? Пензионерите?
Мoжеби, aмa сепaк е глуп муaбетoт "aјде дa ве видaм вaс студенти".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom