Да ни го слушнаа гласот на улица,законот не беше донесен така
Гласот се слушна, и ги здрма кога беше на улица.
Првиот марш масовен, океј, полумасовен.
Вториот ги отепа во поим сето тоа што го кажуваа на вести од УМС, Адеми, Грујо и останати ситни вмровчиња. Ги отепа зошо Скопје тие неколку саати замрзна, нервоза меѓу граѓаните, не се знаеше кој каде тера, автобусите не знаеа по која рута да возат, луѓето не знаеа каде да одат, полицајците не знаеа кои улици се блокирани. Скопје замрзна!
Моја претпоставка, да нагласам, кога видоја што им следи и масовност, за третиот протест не пикнаа пред влада да стоиме еден мал дел од улица да зафатиме, во глобала секој можеше да се пренасочи на партизанска и да си отиде на посакуваната дестинација.
После следеше собрание, иста приказна, пикнати на едно мало место, секој можи да си смени бар на десет минути плус насока, не е толку страшно. Ама, ко вториот протест нема да се повтори ниту еден.
За на крај да следи оваа окупација, зошто притискаат да не се излегува на улица.
Јас бев на првиот и на третиот протест. Тој ден јас бојкотирав настава на факултет и не отидов. Ете им бојкот.
Ама што е битно од кого е помошта? Тебе и на сите засегнати целта ни е да се измени дебилниот закон. У секое општество опозиција или нивни извори ќе гледаат да искористат.Што е спорно тука?
Што тебе ти мењава кој помагал? Ќе те етикетираат ко соросоид? Политички ќе профитираат десетина членови од пленумот? Нека профитираат на крај краева, ако успее ова. Па ако не се спротиставуваме, помалку луѓе на вакви настани=повеќе поддржувачи на законов. Нема средина, нема дискусија со овие. Кога глеаш дека нема разум од надлежните шо да праиш?
Заедничката цел е иста, ама пак иде до израз мене не ме засега законот, зашо да губам од предавања нели?
Се согласувам дека е дебилно што сите факултети не се вклучуваат во активностите, али има декани што се провладини и не дозволуваат ваљда?
Не е лично мене да ме етикетираат. Едноставно не смее студентското движење да се помеша со политика и некој да поттикнува студенти на неразумни одлуки и вештачки да креира масовност преку носење бендови да ги забављаат, кои само за да си ги остварат своите партиски цели ги користат студентите и сето ова оди во наша штета.