Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Иначе денеска и на правен влегоа.Језда влегоа на крај на предавање и рекоа на следно пак ви влегуваме и не знам дали го имаше второто предавање.Дадоа отпор неколку студенти од политички науки кога им се убација на предавање.Професорката/асистентката ја подржа намерата на пленумот а неколку студенти се спротиставија.Минимум 15-20 минути седеа на во нивни амфитеатар и не знам на крај што се случи.Иам представа дека кај мене на правен повеќето не се за прекин на наставата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Како што реков; до еден и пол беше полу празно, се слушна за журче и оп! - цел стадион луѓе.

Децо, ќе полагате државен така ми се чини.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Концертче пак :facepalm: Дај бе да се вратиме на улица, блокирање на сите раскрсници во градов, се има луѓе. Тоа ќе створи додатна нервоза кај сите. Вака само ние самите себе си докажуваме дека е лошо екстерново.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Концертче пак :facepalm: Дај бе да се вратиме на улица, блокирање на сите раскрсници во градов, се има луѓе. Тоа ќе створи додатна нервоза кај сите. Вака само ние самите себе си докажуваме дека е лошо екстерново.
Не заборавај дека тука се и хронорарците и опозицијата (поради аферата) мада, и да не беа СП пак ќе беше етикетиран како опозициски.

Ма како сакаат нека го окарактеризираат, битно овие бојкоти и протести да се успешни.

Кога повеќе социјални или политички групи дејствуваат заедно шансите за успех се минимум 50%.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Шознам, се шушка дека ако учиш за државен со Цеца - имаш поголема концентрација, барем така вели владата.

п.с. јас имам пробано но не беше до лириката или аранжманот туку после неколку часовно цикање - почнаа ушите да ми зујат ептен, тоа ти е нешто како white noise (научно е докажано дека е корисен за концентрација или заспивање на мали деца; звук на правосмукалка, фен, миксер, мотор на автомобил - тие центрифугални сили баче) и навистина ја научив цела Балканска праисторија.
 
Последно уредено:
I

[In]kognito

Гостин
Иначе денеска и на правен влегоа.Језда влегоа на крај на предавање и рекоа на следно пак ви влегуваме и не знам дали го имаше второто предавање.Дадоа отпор неколку студенти од политички науки кога им се убација на предавање.Професорката/асистентката ја подржа намерата на пленумот а неколку студенти се спротиставија.Минимум 15-20 минути седеа на во нивни амфитеатар и не знам на крај што се случи.Иам представа дека кај мене на правен повеќето не се за прекин на наставата.
Имаше и беше полн амфитеатар. Како што кажав пред неколку постови, сите кои ги знам и беа во пленумот, денес се против овој начин на решавање на проблемот
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Едноставно кој ја донесе Цеца, тој ќе победи.
Ако ја донесе влада - сите откај влада и ќе полагат екстерно
Ако ја донесе пленум - сите откај пленумци, не се полага екстерно, пада влада
 
H

HoT IcE

Гостин
Концертче пак :facepalm: Дај бе да се вратиме на улица, блокирање на сите раскрсници во градов, се има луѓе. Тоа ќе створи додатна нервоза кај сите. Вака само ние самите себе си докажуваме дека е лошо екстерново.
Кај мене изгубија секаква подршка да ти кажам право. И не само што не ја подржувам автономнава зона и бојкотирањето на наставата, туку и го осудувам, затоа што имаа огромна подршка а види на што се сведе, на 100 луѓе по факултети што спијат, организираат некои настани божем ова е ера на Џон Ленон и бунтовниците од Форест Гамп..Не сум партиски опреден, никогаш не сум бил, нити ќе бидам, и бев меѓу првите што излегоа на протест, викав со мене уште луѓе и ми беше убаво, ама ова само ќе ни се врати по наша глава оти нема да има никаков резултат.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Да бе пред некој ден видов џенцки со цвеќина во главата (демек хипи).
У редо е.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Имаше и беше полн амфитеатар. Како што кажав пред неколку постови, сите кои ги знам и беа во пленумот, денес се против овој начин на решавање на проблемот
Зборуваш за предавањето по казнено право?Имаше второ и не беше прекинато или за друго предавање мислиш?
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Ајде едно писмо од мене.

Кога се појави пленумот како движење гледав на него како нешто што и треба страшно на државава.Ја имаа мојата безрезервна поддршка.Одев на неколку пленуми и сакав да има протести.Бев на сите три протести кога беа надвор на улица,на третиот имав и за полагање тој ден,отидов на протест и после отидов да полагам.Искрено речено ова со окупацијава и концертиве ми е глупост од неивдени размери,ете и почнувааt да ја губат довербата кај студентите,пленумците.
"You either die a hero, or you live long enough to see yourself become the villain."
Шо се постигнува со окупација на факултетите?Исто како да земам дома да окупирам кај мене и да викам ја не испаѓам од дома!Дали на некој ќе му биде гајле?Дали му пречам на некој?Дали некој ќе проба и да ми рече ајде кажи шо е проблемот,оти не ислегуваш од дома?Се си тече нормално ,ако е можно да се употребат тој збор и државава у една реченица.На никој не му смета окупацијата сите си тереаат со обврските,не ни го опира никој.Професоите се чисти ,ќе ни дадат сесија,ќе испопаднеме сите оти цел материјал непреадедн ќе биде и шо?Ќе му биде гајле на некој шо ние паднавме ?Не,повеќе пари у касата на буџетот,никому ништо.Ќе си учиме уште една година.Само ние губиме со окупација,никој друг.Пишав тука пред третиот протест,целосна парализа на Скопје на 30 раскрсници по 100-200 луѓе,сите да ги фати нервоза,сите да се вклучат оти ова е борба против ким јонг ун, не е само наша борба,нека не обвинуваат сите студентите дека правиме парализа и ние го вперуваме прстот кон владата дека они треба да не сослушаат а дотогаш ситуацијата ќе биде ваква и кривецот да го бараат во нив и ќе се добие на притисок од цел град.Подржувам протест ама не во кој само одердена маса на луѓе ќе губи и сепак го подржувам пленумот ама јас искрено сакам да учам и ми е планирнао цело лето и веќе трошам пари за да го исполнам тоа.
 
Последно уредено:

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Концертче пак :facepalm: Дај бе да се вратиме на улица, блокирање на сите раскрсници во градов, се има луѓе. Тоа ќе створи додатна нервоза кај сите. Вака само ние самите себе си докажуваме дека е лошо екстерново.
Па не баш.

Ова денеска со Дубиоза или Ману Чао е најмалку за да сами си докажуваме. Едните имаат пола милион лајкови на фејсбук, другиот преку два милиона. И да не сака некој од скролање по фб ќе види. Секако ништо нема да превземе, јер никому не му е гајле за вукојебинава али е подобро од Мирко Лопов, Џака и гаражни бендови. Сепак овие се со јака популарност на Балканов, редовни се на вакви антивладини настани, а и Босанец ваљда најдобро не разбира нас Македоницве оти 20 години сме во исти гомна.

И да е платено со Соросови пари, ми чуе во случајов. Плус вака успеаа да соберат доста добра бројка на Кампусот, глеам од слики дека било полно. Се согласувам дека маршовите беа вистинското, али со ваква раја ко нашава и на марш попрво ќе те испцуе него да се солидализира со тебе.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
И економски имале настава. Какви смешки човече, шега стана пленумов. Правен најгласни, си држат настава, а доаѓаат кај нас на филозофски/филолошки да ни сметаат, демек „издржете, ризикувајте, дајте се од себе, вреди жртвата“, а тие самите си го ладат. Сигурно деновиве и од економски иста приказна ќе биде, само ние стапот ќе го јадеме. Професорите јавно не го поддржуваат протестот, си доаѓаат на предавање, доаѓаат и дел од студентите, влагаат од пленумот и ги бркаат. Ќе го јадеме ние неколкуте факултети што бојкотираме, односно малиот процент што не дозволува поголемиот да држи настава ќе биде одговорен за тоа. И утре веста нема да биде дека сите протестирале, веста ќе биде „на 3-4 факултети, неколку студенти им сметаа на останатите студенти и на професорите да се одржува настава“. Ти викаат иди да дебатираш ако нејќеш бојкот, дај друг предлог, кажи нешто конструктивно, а тие што ќе кажат нешто против бојкотот, одма БАМ етикета на чело: УМС! ВМРО! ПОЛТРОН! ОВЦА! Гледам сега дека не е до курир и сител, едноставно таков ни е менталитетот и не разликуваме сиви нијанси, туку све ни е црно-бело.

И сега дошле Дубиоза, искачаат слики „УКИМ во моментов! ПоздраФ пленумци!“. Мрш бе, кој ебан уким? Пола луѓе се дојдени да искористат гага концерт, самите луѓе кои присуствувале си кажаа дека пред да дојдат да настапуваат, 100 души дали имало. Со настапов сите само блокираат настава на нашиов факултет, а све друго си работи. И за крај, искачаат дебилни, трогателни писма, „протестирајте колеги, издржете го бедот, и ние не сакаме да протестираме, гладни сме, жедни сме, оф леле мајко фала ти за ајварот што ми го пружи иначе ќе умрев за нашиве права“, абе МРШ! Не сум ја, не се ни другите будали бе, вакви пропагандни срања палеле за време на втора светска војна кога ги регрутирале американците да служат, сигурно го знаете она „I want you for US Army“ пропагандана. Шетај, не ме замарај, 21ви век е ова, не палат тие работи веќе, не пробувајте да ги фатите луѓето на емоции ебате манипулаторите. Сигурно веќе све е длабоко исполитизирано, па сеа ко пиунчиња им служиме. Нека не ми ја вреѓаат интелигенцијата, не сум ни единствен. Ете ги Кемба и Бојан, едни од тие што најжестоко ги поддржуваа протестиве, сега гледам и они се напиздени од срањава.

Да се прекине ова под хитно, пошто само штета си правиме, некој трет не користи и ни наштетува, а ние го јадеме. Да бевме сите обединети може супер би било, ама вака не. Очигледно е дека нема сите да бојкотираат, џабе се фураат, џабе овие фејк пароли, тие што повикуваат на протест не ни протестираат, оставаат све на нас, мојот факултет трпи на сметка на цел УКИМ, а очигледно е дека други не се придружуваат и нема да се придружат, грешка е да се продолжи од тие причини, нека си признаат дека не води никаде и тоа е тоа. Да не ги спомнувам дополнителните проблеми кои се раѓаат од несигурноста на колегите кои не се од Скопје, а плаќаат дополнителни трошоци за да не идат на предавање, башка откако веќе завршија уписиве и си ги дадовме парите. Да, верувам дека може да се деси да не испојебат сите, реална опција е, колку сакате верувајте во духот, младината и слични трогателни срања. Повлекувајте се и не не јебете повеќе од власта што не јебе, најдете некој друг начин пошто ова самоутепајство е. Поздрав, вистински поздрав наместо пропагандното „поздрав пленумци“, не ме цитирајте, особено не со „не мора да ми враќаш, само ова да ги кажам“ коментари, не го дискутирам ова.

Ми го окупираат факултетот луѓе од друг факултет и тука ми изиграваат светци, демек они жртва пружале, абе мавнете ми се дволични фиромјани едни, не сте ништо подобри од власта.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Јес, ми стигна конечно чекот од Сорос! Фала Џорџ љубави, 3 месеци работа за неколку зелени стотки!!! :love::love::love::love:


Иначе, не знам што ви сметаше ова денеска, онака океј. Ја го пропуштив, стигнав баш кога завршија... :D Иначе, утре е состанокот во Ректорат и ќе видиме што ќе биде. Од утрешниот состанок ќе зависи текот на автономните зони. :)
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
И тука шо коментиравме дека е глупа окупацијата и губењето пари на студентите, ни викаа дека сме умс/курир/вмро и дека не се бити 100е шо дале некои, битно е шо хипстер ќе се курчи со пароли дека живее у диктатура шо секој ден го тероризира...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Протестиравме на улици - ништо.
Окупирани факултети / бојкот на настава - ништо.

Мислите студентите се криви сеа шо на владата око не му трепнува? На министерот наш шо незнае реченица на македонски да состави? По радикално од ова - со глад протестирај.
Зошто музика? - Музиката ги сплотува луѓето и ги обединува. Тоа траеше 1 саат максимум - концертчето ваше. Смешки сте тука па хипи мипи демек нешо саркастично ги именувате ко тоа да е срамота замисли. Начинот на облекување. Толку од слободната мисла. И јас губам, и јас не сум од Скопје.
Не очекувајте многу од преговорите. Знаат сите дека нема да се случи чудо и дека наеднаш вмро ќе се усрамат и ќе го повлечат законот.

Ама ако не понесете ниту една трошка енергија со вас после ова - тогаш не заслужувате да се членки во една развиена правна држава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom