Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Најлошо е што доста мои колеги си отидоа вчера од предавање само за да не ги етикитираат како што ме етикетираа мене вчера. Ако некој мора да им дава поддршка само за да не биде вака етикетиран, тури и пепел на таа поддршка.
Уште полошо е што тие мои колеги што отидоа на предавањето на Филозофски, кажаа дека таму не се зборело уопште за битните прашања што ги имам спомнато пред некоја страна како на пример зошто се окупира, колку време ќе се окупира, од каде се имаат поддршка, дали ќе се одржуваат испити ако се окупира подолго време...

И покрај тоа што не ме знаат мене и не ги знаат моите ставови ипак најлесно им е изглеа да си го објаснат отпорот од моја страна дека е зошто ме пратиле од УМС, место да гледаат реално на работите и да видат кај им се грешките па да се поправат.
А зошто сеа ме фатил некој инат, баш ме интересира како они планираат да ја остварат таа закана што ја кажаа вчера, а тоа беше „бидете сигурни дека семестаров нема да помине регуларно“, посебно што ја пример сум при крај на студиите...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
А бе ја знаев дека Бојанчо ќе си дојде на мое. Сега знаеш брате како ми е од твоите етикетирања.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А бе ја знаев дека Бојанчо ќе си дојде на мое. Сега знаеш брате како ми е од твоите етикетирања.
Ја и ти никогаш нема да бидеме у иста положба, зошто моето кон тебе не беше етикетирање туку констатација, зошто и ти самиот си призна дека си член на вмро. Затоа не се споредувај со мене ;)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.334
Поени од реакции
18.410
А бе ја знаев дека Бојанчо ќе си дојде на мое. Сега знаеш брате како ми е од твоите етикетирања.
твојте мислења се поклопуваат со илјадници други на твоите сопартијци од најнискиот ешалон,мора некако да те групираме :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Нема окупација, протест или било што без масовност, ако пленумците навлегле (а изгледа е така) во нивните хипстерски и анархистички оргазми ќе наебат јако на крај.

Од друга страна, и студентите што се бунат зошто не можеле да одат на предавања и им се нарушувал мирот на факултетите, па протести и окупации без галама не се прават.

Не знам искрено и јас сум во двојба, симпатично ми беше се што се случуваше со пленумот, ги подржувам, го сметам државниот и некои други реформи за тотална глупост, но од друга страна, секогаш кога ќе видам добра иницијатива или протест окупиран од дежурните анархо-либерали кои ни самите не можат да се сфатат, а не па да комуницираат нормално со други луѓе, ми паѓа ептен криво.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ја и ти никогаш нема да бидеме у иста положба, зошто моето кон тебе не беше етикетирање туку констатација, зошто и ти самиот си призна дека си член на вмро. Затоа не се споредувај со мене ;)
Леле уште лажеш еј. Јас ако некогаш бидам член на ВМРО ќе ти кажам прво тебе ама не сум. Попрво ти ќе станеш мене така ми личи работава пошто стануваш се попрактичен и попрактичен.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Има луѓе од други градови што секојдневно патуваат до факултет за предавања..

Ај ја од Скопје сум, па вчера џабе будењето и патот до факултет го прежалив.
Уште на стартот кажав дека поддржувам протестирање против законот, али ова моментално е дебилски.

Предавална со 30-40 студенти, им влегуваат 10-15 пленумци и со некои хипи-анархо срања им го прекинуваат предавањето.
А луѓето внатре сакаат да се на предавање.

Можам да замислам како некој кој патувал од Куманово, разбирливо изнервиран со боксови ќе си го бара правото да седи на предавање.
 
А замисли ги оние на Филозофски што имаат запишано семестар, што плаќаат тука кирија, сметки, пари за јадење и мораат да ги трпат тие штети само зошто некои се дигнале во вселената дека се некои и нешто и нејќат да слушнат размислување поинакво од нивното.[DOUBLEPOST=1423834895][/DOUBLEPOST]
Ги избркале професорите што имале состанок, зошто предавалните морале да бидат празни и ако сакаат може да држат состанок само на Филозофски и никаде на друго место :pos::pos::pos:
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Предавањата на филозофски почнуваат од следната недела, сеа уште се уписите. Лично да си кажам, и покрај тоа што го поддржувам ова против државниот, ако се одржуваат предавања и некој ми се избаци на сред истото со цел да не ми дозволи да слушам, ја се вртам 180 степени против цело ова движење. Нека си седат внатре, нека прават тоа зоната, али да не дозволуваат да се предава нема шанси, тоа ја надминува границата. Па тоа би било сосема спротивно на се што сакаат да се постигне, глупост. Ниеден од моите професори не го поддржа државниов, некои дури беа и едни од тие што остро се спротивставија, гласно, со свое име и презиме, писма до владата, пораки на социјални мрежи до сите што се на нивна страна, така што нема право никој да му смета него да држи предавање, а ја да го слушам. Пошто подобро да си научам нешто и да ми опнат глуп и непотребен тест за тоа, отколку некој да ми попречува во студиите за кои сум давал толку пари и да не ми дозволи да си го проширам знаењето кое го барам, која е самата суштина на универзитетот. Голема, голема грешка ќе направат ако тоа се случи, само нека смеат да спречат предавање.
 
I

[In]kognito

Гостин
Ако не се смени законов и окупациите не дадат резултат планот им е сите да се отпишеме од факултет? Ај од поупатените некој ако може да ми објасни
Попладне имам испит, со кое право група од 20-30 луѓе ќе ми упадне на сред полагање за кое сум си платила и ќе ми губи време? Стварно им бега ситуацијава од контрола и ако не се средат сѐ повеќе ќе губат подршка од студентите.. Имаат некаква визија ама не осмислена до крај, штета (n)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Чекај бе Рики. Како сакаш ти да добиеш нешто а да не попречуваш фунцкионирање на тоа против кое одиш.
Тоа ти е исто ко да кажеш масовни протести на улици ама на тротоарите да бидеме, да не му сметаме на градот да си фунцкионира.
 
I

[In]kognito

Гостин
Предавањата на филозофски почнуваат од следната недела, сеа уште се уписите. Лично да си кажам, и покрај тоа што го поддржувам ова против државниот, ако се одржуваат предавања и некој ми се избаци на сред истото со цел да не ми дозволи да слушам, ја се вртам 180 степени против цело ова движење. Нека си седат внатре, нека прават тоа зоната, али да не дозволуваат да се предава нема шанси, тоа ја надминува границата. Па тоа би било сосема спротивно на се што сакаат да се постигне, глупост. Ниеден од моите професори не го поддржа државниов, некои дури беа и едни од тие што остро се спротивставија, гласно, со свое име и презиме, писма до владата, пораки на социјални мрежи до сите што се на нивна страна, така што нема право никој да му смета него да држи предавање, а ја да го слушам. Пошто подобро да си научам нешто и да ми опнат глуп и непотребен тест за тоа, отколку некој да ми попречува во студиите за кои сум давал толку пари и да не ми дозволи да си го проширам знаењето кое го барам, која е самата суштина на универзитетот. Голема, голема грешка ќе направат ако тоа се случи, само нека смеат да спречат предавање.
Па и баш поради тоа мислам дека сѐ се одвива на филизофски. Не добија многу подршка од правен и економски затоа што таму веќе запишавме семестар, имаме казнени/поправни сесии и важни предавања кои не е и баш паметно да ги пропушташ затоа што текнало некому да глуми окупатор
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Чекај бе Рики. Како сакаш ти да добиеш нешто а да не попречуваш фунцкионирање на тоа против кое одиш.
Тоа ти е исто ко да кажеш масовни протести на улици ама на тротоарите да бидеме, да не му сметаме на градот да си фунцкионира.
Сакаме да спречиме непотребен испит кој е творба на задни политички намери, или сакаме да спречиме учениците да научат, да го добијат тоа за кое платиле од автономните универзитетски професори кои толку ги спомнуваат? Бидејќи не пробуваме да спречиме функционирање на факултетите, нели? Која е логиката? Јас не одам против факултетите во никој случај, зошто би ги попречувале?

Па ако дојде до ситуација да се бира, дали да се учи и да се има испит, или воопшто да не се учи и да нема испит (т.е да бираш поголемо зло во таква апсолутистичка дилема, без компромис), јас би избрал да си научам, па сега кој како сака. Ако некој е спремен да го ризикува тоа во име на движењето, ете јас не сум. Ако тоа е генералниот став на движењето, тогаш јас не го поддржувам. И ако некој мисли дека он е над мене, дека има право со мегафон да ми труби над глава за да ме спречи во мојата цел, додека истовремено ми кажува да мислам со своја глава и да не дозволувам други да ме користат за свои цели (алудирајќи на владата), тогаш тој не е ништо подобар од она против кое се бори, т.е спроведува иста мерка со различна цел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom