Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Се борете за погрешна идеја.

Се борете за закон, ама не и за услови. Шо ако целата фама со законов е само за да се заташкаат работите со условите во кои се студира?

И уште еднаш, лоша координација е причина за полека али сигурно распаѓање и расцепкување на пленумот.
Не може секој да се користи со името на пленумот како што сака, и како одеднаш тие 2цата што отишле се најдобрите преставници?
Нели е пленумот го преставува целото студентско тело во МК?
Ние студентите не сме одлучиле да ги пратиме нив. Али сфаќам, и главните во пленумот не се кажуваат дека се главни, све тоа анонимно, утре да не ги туркаат на испит или да не можат да се вработат.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666

Јас тебе не те разбирам, имаше у вторникот генерален пленум? Да. Јавен беше? Да. Секој можеше да го каже своето мислење. Се збореше за оваа средба (иако беше закажана за вторник) и се рече дека треба да се оди.
Муабетот беше еден правник да оди таму пошто се разбира во правна терминологија и во измените на законот и уште еден. Сите во пленумот се сложија тие двајца да одат. Е сега вториов не можеше (како што кажав погоре) и влета замена.

А барањата што ги спомнуваш ти, спомнати беа одамна. Сега тие ќе влезат со изработката на новиот закон (која се надевам навистина ќе се случи). И студентски домови, студентски стандард, јавен превоз за студенти, учебници итн итн.[DOUBLEPOST=1423249823][/DOUBLEPOST]Можеби нешто погрешно напишав, не ми замерувајте. Синоќа спремав испит до 3, спиен сум 4 саати, до 18ч. окапав на факс...:D
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Каде можат да се јават проблемите? Прво, да видиме дали мораториумот ќе биде изгласан на следната седница на Собрание. Доколку тоа не се случи, се случува окупација (во меѓувреме може да има нешто, но за тоа треба дополнително да се договориме). Понатаму, доколку тие собраниски работни групи бидат формирани без Студентскиот пленум или со маргинално учество на студентсиот пленум, се случува окупација. Не знам дали ни е изграден ставот по ова, но тоа е мое лично гледиште и сигурно тоа ќе се договориме на следниот состанок.

Ние имавме барање - одложување на измените на законот за високо образование (не прецизиравме на колку време и тоа веројатно е грешка) и после тоа изработка на нов ЗВО во чија изработка ќе бидат „вклучени сите засегнати страни, студенти и професори„ (ова се зборови на Груевски од средбата, прво не' потенцирал нас, студентите). Плус, со ова Владата признава дека овие измени се неспроведливи, дека се апсурдни. Така што, искрено не гледам како може да биде пораз.
За првиот пасус, супер подлога има Груевски за да ја направи пропагандата поприфатлива за широките маси. Ако до сега се збореше дека тоа неговото „студентите се прашани“ не држи вода зошто Пленумот не е повикан на ниедна дебата, сега еве го повикаа, се договорија да се одложи на 1 година примената. За се она што ќе оди сега контра потезите на Владата ќе каже „ние им излеговме во пресрет на членовите на Студентски пленум и иако не се легална организација на студентите, ги поканивме на дебата и размена на аргументи. Ние им излеговме во пресрет на нивните барања и се согласивме да го одложиме дејството на законот за 1 година. Меѓутоа очигледно е дека членовите на Студентски пленум немаат искрени и чесни намери и добиваат инструкции од некој друг центар, па затоа мораат да ни одат контра, иако претходно имавме констукривна дебата на која дојдовме до приближување на ставовите“, нешто во овој стил.

За вториот пасус, Пленумот бараше целосно укинување на државниот испит, а не одлагање. Ако неодењето на дебати се правеше за да не се даде легитимитет на државниот испит, ваквото негово одложено прифаќање шо е ?
Ок е што отишле, поголема штета ќе имало ако уопште не отишле во Влада, ама проблемот е што отстапиле од своите барања и од „не прифаќаме ништо друго освен укинување на државниот испит“ дошле до „ќе решиме на пленум дали ќе го прифатиме предлогот за одложување“. Уопште не требало да дојде ситуацијата до ова, туку во истиот момент да било тоа одбиено и да си останеле на ставот дека бараат укинување и ништо друго.
Ако одиме по таа логика дека Владата покажала со ова дека измените се неспроведливи, тогаш и Пленумот покажал дека измениве се спроведливи ако се има малце повеќе време за подготовка на условите за тоа.

Секое отстапување од ставовите кои до сега гласно се кажуваа, за мене претставуваат пораз.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Бојан, на Генерален пленум се донесе да биде одложување на примената, од правни причини. И мнозинството се сложи со тоа. А за тоа време, ќе се донесе нов закон. Така да не е отстапување од став. А истовремено се договорило донесување на нов закон. Кога ќе се донесе, lex posterior derogat legi priori и тојето. А ако забушаваат за мораториумов или за вклучување на Пленумот во работните групи за изготвување нов закон,реков, ќе се деси окупацијата.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
За мене ова е Влада 5-0 Пленум.

Не знам како може ова да го гледате како чекор кон победа кога ова е нешто у стил „Ај не ви го пикаме у септември, ќе почекаме уште една година“ и пленумов одговара „Ок, важи“.

Јас мислам дека не треба ни во сон да се надевате дека Грујо и компанија имаат било каква намера да се откажат од законот. Ова им е повеќе како купување време една година за да стивне малку ситуацијата и после година дена кога на сите ќе им досади излегување по улици и хејтање по фб/твитер/форуми законот ќе биде без проблем изгласан повторно.

@true blue што значи тоа „окупација“?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Па има различни сфаќања, еве го моето. Студентите ќе го завземат оној простор, т.е. академската средина во кој припаѓаат и кој во моментов е нарушен.
А што ќе се случува? Нема настава, туку има алтернативни предавања, и значи нели, буквално живеење на студентите во факултетите.
И претходно не беше ништо конкретно одлучено (датум, кои факултети, едно друго) така да, по тоа прашање, толку би можел да кажам.

Толку од мене, одам малце да одморам, малце и да се искочи треба. :D Други прашања ако има ќе ги одговорам утре, ако можам да одговорам. :)
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Бојан, на Генерален пленум се донесе да биде одложување на примената, од правни причини. И мнозинството се сложи со тоа. А за тоа време, ќе се донесе нов закон. Така да не е отстапување од став. А истовремено се договорило донесување на нов закон. Кога ќе се донесе, lex posterior derogat legi priori и тојето. А ако забушаваат за мораториумов или за вклучување на Пленумот во работните групи за изготвување нов закон,реков, ќе се деси окупацијата.
Ајде еве да кажеме дека си во право за тоа на Генералниот (иако пак ја ова си го сметам за пораз), зошто „на нероден Петко капа му кроите“ ?
Ја го знам тоа правило шо го пишуваш за законите, ама полека малце.
Што ако они се согласиле да се збори за нов закон ?
Тоа што они рекле дека ќе се прави нов закон не значи дека и до тој нов закон стварно ќе дојде, па дури и да дојде од каде знаете дека баш делот за државен испит ќе го нема ?
Може да речеме ќе попуштат во делот за импакт фактор (за да им пуштат малце водичка на професорите и да пробаат да ги залажат малце), може ќе отстапат од некои други небитни работи, ама никој не гарантира дека тоа ќе се случи и во однос на државниот испит.
Прерано го планирате текот на работите.
По прекинот на штрајкот на СОНК, сега Груевски со ова одложувањето на државниот испит само затвори уште еден фронт и сега у наредниов период ништо чудно да направи некои отстапки и во однос на хонорарите па после да може целосно да се концентрира на Заев и „бомбите“, зошто очигледно беше уште одамна дека тоа ќе биде голема работа (колку и да пробуваше Груевски со саркастични коментари да го исмее Заев). Значи Пленумот му прави еден вид услуга на Груевски. Место да биде он растргнат на повеќе фронтови, ќе си се концентрира на „бомбите“, а вас ќе ви ги прати пратениците кои ќе имаат насоки да одолговлекуваат се додека не си ја среди он главната работа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Се борите пак за глупа работа.
Ова со државен испит така добро го исфилуваа, така добро го нашминкаа шо сите очи се у тоа, а не гледат под шлагот у шо срања услови се наоѓаат студентите.

ДАЈТЕ БРЕ ДА СЕ БУНЕМЕ ЗА ОНА ШТО НИ Е ПОТРЕБНО!

Ако се бунеме, да се бунеме за реновирање на студентските домови, за смена на управите. ДА се бунеме за услови, да се бунеме за нови средени предавални, да се бунеме за лаборатории. ДА се бунеме за јавно покажување на сите оние шо се со врски, да се бунеме за бесплатен превоз за студентите шо патуваат (како шо е за средношколците). Да се буниме за она што вреди,
не за некој мочан испит.
 
Се буниме за автономијата...Ако отиде автономијата, може комплетно државата после дипломчиња да си дава. Пошто се оди кон тоа.
А ти реков, на ред ќе дојдат другите ствари. Пример зошто се ветува 3 години реновирање на Гоце Делчев, а нема ништо од тоа?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Се борите пак за глупа работа.
Ова со државен испит така добро го исфилуваа, така добро го нашминкаа шо сите очи се у тоа, а не гледат под шлагот у шо срања услови се наоѓаат студентите.

ДАЈТЕ БРЕ ДА СЕ БУНЕМЕ ЗА ОНА ШТО НИ Е ПОТРЕБНО!

Ако се бунеме, да се бунеме за реновирање на студентските домови, за смена на управите. ДА се бунеме за услови, да се бунеме за нови средени предавални, да се бунеме за лаборатории. ДА се бунеме за јавно покажување на сите оние шо се со врски, да се бунеме за бесплатен превоз за студентите шо патуваат (како шо е за средношколците). Да се буниме за она што вреди,
не за некој мочан испит.
Државниот испит треба да е почеток. Во секој случај никако не е небитна работа државниот испит.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Ајде вака, малце да ви дадам еден осврт кој не го знаете.

Денеска требаше да има средба на Велимир со претставниците на С.Пленум во таа Комисија/работна група. Доаѓаат тие двајца (еден од нив принудно, пошто тој што требаше имал хитен случај, нвм) во Ректорат и ректорот им вика, во 12:30 во Влада...овие останале стаписани, едно друго. Се консултираа со нас по ФБ, повеќето беа да се оди пошто на крај, доколку не се одеше, тоа многу лошо ќе се испинуваше (неконструктивни, бла бла, сакаат само да прават галама и слично) Значи да потенцирам, според мене е ок што отидоа. Тука би сакал да напоменам дека таква средба требаше да се случи во вторник меѓу Комисијата и МОН и тоа ваљда во Ректорат, но на Грујо ваљда му горело под нозе и пошто е мајчин, изигра пак у негов стил и го напраил потегов. Што се дешавало на таа средба? На Груевски му биле држени лекции во негов кабинет. Прво од Велимир (нешто поблаго),а многу поостар бил деканот на Правен. Пемпере го напраиле. И на крај, по некои убедувања, едно друго, се доаѓа до тоа 1 година мораториум на државен испит, 2 на другите одредби.

Е сега морам да ви објаснам што значи мораториум. Тоа значи одлагање на примената на одредбите од законот. Е сега што е цаката тука? Тоа ни беше првиот дел од барањето. Вториот ни е нов закон во кој ќе учествуваме и ние. Кога ќе се донесе новиот закон (а реално, би требало да се донесе во тој период од година и нешто) ќе го дерогира стариот закон. Тоа значи дека стариот закон веќе нема да има важење и ќе се применува новиот закон. Тука доаѓа опасноста, што доколку не се изработи квалитетен закон? Но, доколку ние сме учесници во неговата изработка, ќе бидеме поеднакво криви како и останатите страни и ќе сносиме одговорност за тоа.

Каде можат да се јават проблемите? Прво, да видиме дали мораториумот ќе биде изгласан на следната седница на Собрание. Доколку тоа не се случи, се случува окупација (во меѓувреме може да има нешто, но за тоа треба дополнително да се договориме). Понатаму, доколку тие собраниски работни групи бидат формирани без Студентскиот пленум или со маргинално учество на студентсиот пленум, се случува окупација. Не знам дали ни е изграден ставот по ова, но тоа е мое лично гледиште и сигурно тоа ќе се договориме на следниот состанок.

Шпекулација е дека немало согласност да се оди на средба со преставниците на Владата, а уште поголема шпекулација е дека тие двајца не биле избрани за тоа.

Не знам стварно зошто беше пишан тој статус на ФБ и Твитер, али ок, некоординација, нешто што е проблем на хоризонталната структура. Пошто во тој момент беше доста неизвесно што се случува и малце глупо испадна али ок, мислам дека се спремаше ново соопштение прееска.

Друго што сакам да кажам е следново. Некои ова го сфаќаат како пораз, демек Грујо ни го спопикал, други триумфизираат и викаат победа (професорите во прва рака). Според мене, ова е чекор кон победа. Зошто? Победата ќе биде постигната во оној момент кога ќе добиеме повисоко образование, т.е. барем нов квалитетен закон. Ние имавме барање - одложување на измените на законот за високо образование (не прецизиравме на колку време и тоа веројатно е грешка) и после тоа изработка на нов ЗВО во чија изработка ќе бидат „вклучени сите засегнати страни, студенти и професори„ (ова се зборови на Груевски од средбата, прво не' потенцирал нас, студентите). Плус, со ова Владата признава дека овие измени се неспроведливи, дека се апсурдни. Така што, искрено не гледам како може да биде пораз.

Поврзувате со тоа што не сме сакале дебата (тогаш со Александар Палас дешавката и слично)...па чекајте малце луѓе, приказна заврши, се донесоа измените. Сега новата приказна е кога бараме да се одложи нивната примена и да се донесе нов закон. Правно гледано, поедноставно е во преодни и завршини одредби од законот да ставиш дека тие и тие членови ќе имаат одложно дејство.

И воопшто не беше коректно тоа што беше плукани по двајцата преставници на Пленумот во Влада. Воопшто! Било тоа да е од ФБ коментар, за тука не видов, па ако сака нека се и некои од Пленумот. Не сакам лош збор да слушнам за нив двајца. Зошто? Затоа што тие се заложуваат и не е праведно после некој да ги оцрнува.
true blue,јас мислам дека треба да се разговара и за студиските програми,а не само за државниот испит, студиските програми не треба да бидат 4+2 како што предвидуваше новиот закон туку 3+2 како што е и во ЕУ, и што е најбитно? На студентите треба да им се овозможува повеќе пракса,а не долги студиски програми и дополнителни теории..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знаев Коста дека бил во пленумот :) пливав со него, супер дете. Само да не навлезе по партии, нека тера вака, капацитет е.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.325
Поени од реакции
18.404
За мене ова е Влада 5-0 Пленум.

Не знам како може ова да го гледате како чекор кон победа кога ова е нешто у стил „Ај не ви го пикаме у септември, ќе почекаме уште една година“ и пленумов одговара „Ок, важи“.

Јас мислам дека не треба ни во сон да се надевате дека Грујо и компанија имаат било каква намера да се откажат од законот. Ова им е повеќе како купување време една година за да стивне малку ситуацијата и после година дена кога на сите ќе им досади излегување по улици и хејтање по фб/твитер/форуми законот ќе биде без проблем изгласан повторно.

@true blue што значи тоа „окупација“?
Па и немаат некој избор.Ете и да не се согласат Груевски ќе си прави што ќе сака,пак ќе си го одложи законот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom