Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Кое официјално соопштение на СП го претставува ова како успех?
Официјалното од СП е дека за ова ќе се разговара и одлучува на пленуми, ако тогаш се одлучи да се прифати и да си отидат студентите по дома тогаш тоа е тоа :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.325
Поени од реакции
18.404
Без целосно укинување на законот за високо образование НЕМА(!) преговори!
Лично сметам дека веќе сме презаситени од вакви игри на владата, со што не веруваме и не сметаме на ниту една нивна добра намера.
Јас, како студент, а верувам и останатите студенти ќе продолжат да ги бијат битките коишто им ги наметнува оваа влада, а битките се многу по број, со што јавно искажувам дека мене (лично) Груевски ми е непријател по сите основи, исто како што и министерот Адеми, исто како што и владиниот интелектуален полтрон и апологет Каракамишева.
Какви би биле тие преговори ако минимумот е законот да се укине.Коe би било взаемното прифатливо решение,техничка влада?:icon_lol:
Тие 10 000 застанаа зад пленумот ради државниот испит а не да бијат битки со владата на секое поле,ако на братов и на тебе непријател им е груевски по сите основи на некој не му е.

Иначе стварно сте волку наивни или се правите,моментално движењето е речиси пред колабрирање.Законот е донесен и моментално груевски е во она вин вин ситуација.Треба да се искористи ситуацијата да се извлече максимум од законот,да се укинат најглупите работи и да се измени за да биде повеќе корисен.Самиот повик на разговор го добија дечкиве ради тоа што владата имаше отворено повеќе фронтови и нејкат да се замараат со студентите.Со оглед на тоа што наставниците го прекинаа штрајкот,нема да им треба којзнае колкава сила за да го затворат и овој фронт ако нормално не го прифатиме предлогот.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Кое официјално соопштение на СП го претставува ова како успех?
Официјалното од СП е дека за ова ќе се разговара и одлучува на пленуми, ако тогаш се одлучи да се прифати и да си отидат студентите по дома тогаш тоа е тоа :)
Другарче глеај реално, од „не идеме на дебата за да не им дадеме легитимитет на промениве“ се дојде до „за одложување на овој државен испит ваков каков што е, како што го предложи Владата, кој со месеци го критикуваме и го плукаме, ќе одлучуваме на пленум“.
Комплетно спротивни ставови и погазување на се она до сега што се работело !
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Другарче глеај реално, од „не идеме на дебата за да не им дадеме легитимитет на промениве“ се дојде до „за одложување на овој државен испит ваков каков што е, како што го предложи Владата, кој со месеци го критикуваме и го плукаме, ќе одлучуваме на пленум“.
Комплетно спротивни ставови и погазување на се она до сега што се работело !
Ама не беше ова никаква дебата.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Сеа го глеав тоа видеото со Константин... :facepalm:
Па вчера-завчера викавте дека единствено барање ќе биде целосен мораториум на државниот испит, а сеа со предлогов за одложување од 1 година се задоволни од средбата денес ?!?!?! :facepalm::facepalm::facepalm:

Браво !(y)[DOUBLEPOST=1423234953][/DOUBLEPOST]
Ама не беше ова никаква дебата.
Не е битно дали е ова дебата или не, самите си ги погазија ставовите и нема од тоа бегање.
 
Член од
30 мај 2014
Мислења
66
Поени од реакции
30
Како што разбрав законот ке ги опфати тие кои ке се запишат на додипломски студии од 2018 така ?
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
Како што разбрав законот ке ги опфати тие кои ке се запишат на додипломски студии од 2018 така ?
Мислам дека првиот државен испит се одложува за една година со ова...Така да наместо 2016/17, сега ќе биде 2017/18. Тие што запишуваат следна година прва додипломски нема да бидат опфатени со ова.

Друга работа...Доколку после изјавава од претставнициве од СП по средбава на кои тие се сложиле за одложување на испитот и најавуваат дополнителни активности во наредната година во вид на преговори и аргументи повторно да се разгледува таа одлука во Пленумот и да се донесе став околу тоа дали го прифаќаат или не, во најмала рака е голема несериозност според мене. Доколку истите изјавеа дека премиерот им понудил и тие ќе одлучат дополнително за таа одлука тогаш да, ама јас гледам дека тие се согласиле и не била понуда на која треба да се чека одговор. Затоа реков поназад, хиерархија од неколку лидери е важна за едно тело кое претставува толкава маса да биде сериозно.

Од моја гледна точка мислам дека со одложувањево на законов се крши една бариера од страна на власта која во иднина би можела да придонесе за уште поголема придобивка на барањата на СП доколку истите играат паметно по ова денес, а не вака како што се најавува ...ова се сериозни прашања кај кои доколку кажеш сега „да“ како официјален став, не може да се претвори после 1 ден во „не“ (многу е детски ова искрено...пу пу не важи ова сега што се договоривме.).
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Абе ова све Каракамишева го има напраено. Овие и упаѓаат на предавање, она си ќути, пише порака на Грујо, Грујо ги решава во два потега, и овие сеа се смеат за да не плачат. :D

Не можеш бре да имаш едно огромно тело и никаква кординација. Банда без команда, и нешо ова она демек интерни, демек некои фаци што се анонимни и само они одлучуват што и како ќе се одвиваат одлуките на пленумот.

Треба организација и координација. Треба да се знае кои ќе бидат главни и да се знае дека се тотално и целосно ПОЛИТИЧКИ НЕОПРЕДЕЛЕНИ.
И ајде ви се молам, најголемиот проблем во оваа држава на студентите е некој ебен тест од 5 прашања?

Не се проблем студентските домови што се распаѓаат?
Не е проблем немањето на услови и читални?
Не е проблем немањето на простории па некои факултети се шетаат низ цел ебан град барајќи предавални?
Не е проблем немањето на лаборатории?
Не се проблем корумпираните асистенти, професори и фаците шо се со врски?
Не е проблем превозот на студентите кои патуваат, па даваат за месечни карти по неколку илјади денари?
Не е проблем немањето на литература?
Не е проблем немањето на пракса?

Не, тоа не е проблем. Очигледно најголемиот ебан проблем на сето студентско движење е некој ебан тест за кој уште ништо не се знае, ебан тест со кој наводно треба да се види дали некој има нешо во тиквата стаено во рок од тие години шо ги поминал на факс.
Тоа е најголемиот проблем?

И сега некои фаци се прогласуваат себе си за студентски водачи, обидувајќи се да добијат на поени за некоја идна политичка кариера. Некои си високо интелектуални шупаци со просек од 10,00 шо неколку години студираат само за сите да им се 10ки и шо пред испити се праат дека нишо не знаат, на колоквиуми ко јазик да им е пресечен. Најсебичните и најарогантните суштества се кренале да бидат водачи?
И тие се бунат највеќе бидејќи им е страв дека го заборавиле бубаното па пак мора да бубаат.

Патетично е ако сето ова движење е само за еден ебан тест.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
As far as i know, целта е движењето да не замре со државниот испит, туку да продолжи да се бори за другите работи кои се проблем за студентите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
Најбоље е да ги баталите професорите, нивното реноме, изјавите, пленумци-контрапленумци, и све друго и да ја поедноставите работата, затоа што се обидуваат да ве дефокусираат.

Има план за екстерно, државно или како и да го викаат - два пути у студирање да преполагате нешто што сте положиле.

Вие тоа го неќете. Толку.

Прашањето е - ќе го слушнат вашиот глас или не.

Сега предлагаат одложување до 2018-та.
Ви личи како валидно решение?
Дали тоа е компатибилно со вашите ставови, колу ова?

Знам дека можда протести не се решение, трибини и све друго, затоа што не сме нормална земја и они пак по свое ќе си тераат. Али, па пичка му мајчина, идат избори памтете го ова (како и све друго) и немојте тогаш да посерете.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
As far as i know, целта е движењето да не замре со државниот испит, туку да продолжи да се бори за другите работи кои се проблем за студентите.
Да, ама тоа никаде го нема. Секаде се труби дека најголем проблем е државниот испит, после почнуваат и наводно некои режими, па герилски акции против професори, окупирања на универзитети.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.325
Поени од реакции
18.404
Абе ова све Каракамишева го има напраено. Овие и упаѓаат на предавање, она си ќути, пише порака на Грујо, Грујо ги решава во два потега, и овие сеа се смеат за да не плачат. :D

Не можеш бре да имаш едно огромно тело и никаква кординација. Банда без команда, и нешо ова она демек интерни, демек некои фаци што се анонимни и само они одлучуват што и како ќе се одвиваат одлуките на пленумот.

Треба организација и координација. Треба да се знае кои ќе бидат главни и да се знае дека се тотално и целосно ПОЛИТИЧКИ НЕОПРЕДЕЛЕНИ.
И ајде ви се молам, најголемиот проблем во оваа држава на студентите е некој ебен тест од 5 прашања?

Не се проблем студентските домови што се распаѓаат?
Не е проблем немањето на услови и читални?
Не е проблем немањето на простории па некои факултети се шетаат низ цел ебан град барајќи предавални?
Не е проблем немањето на лаборатории?
Не се проблем корумпираните асистенти, професори и фаците шо се со врски?
Не е проблем превозот на студентите кои патуваат, па даваат за месечни карти по неколку илјади денари?
Не е проблем немањето на литература?
Не е проблем немањето на пракса?


Не, тоа не е проблем. Очигледно најголемиот ебан проблем на сето студентско движење е некој ебан тест за кој уште ништо не се знае, ебан тест со кој наводно треба да се види дали некој има нешо во тиквата стаено во рок од тие години шо ги поминал на факс.
Тоа е најголемиот проблем?

И сега некои фаци се прогласуваат себе си за студентски водачи, обидувајќи се да добијат на поени за некоја идна политичка кариера. Некои си високо интелектуални шупаци со просек од 10,00 шо неколку години студираат само за сите да им се 10ки и шо пред испити се праат дека нишо не знаат, на колоквиуми ко јазик да им е пресечен. Најсебичните и најарогантните суштества се кренале да бидат водачи?
И тие се бунат највеќе бидејќи им е страв дека го заборавиле бубаното па пак мора да бубаат.

Патетично е ако сето ова движење е само за еден ебан тест.
Тоа и е проблемот бе другар,само што премногу сте ограничени за да го сватите.Сите овие работи се проблем,и се буниме зашто место да ги решаваат они воведуват ебен тест од 5 прашања.Види на почеток на темата како беше најавен законов и зашто толку се крена атмосвера за него,изглеаше ко козаностра да ја пишувала изјавата на Адеми.

И не ги потценувај тие со јак просек,можда тие со 10,00 се забегани али генерално тие со солиден просек се и најзаинтересирани барем кај мене. Не верувам некој да заглавува предмет ради висок просек,најчесто преполагаат во друга сесија бидејки услов за многу од стипендиите ти е да немаш презапишано предмет;)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Ајде вака, малце да ви дадам еден осврт кој не го знаете.

Денеска требаше да има средба на Велимир со претставниците на С.Пленум во таа Комисија/работна група. Доаѓаат тие двајца (еден од нив принудно, пошто тој што требаше имал хитен случај, нвм) во Ректорат и ректорот им вика, во 12:30 во Влада...овие останале стаписани, едно друго. Се консултираа со нас по ФБ, повеќето беа да се оди пошто на крај, доколку не се одеше, тоа многу лошо ќе се испинуваше (неконструктивни, бла бла, сакаат само да прават галама и слично) Значи да потенцирам, според мене е ок што отидоа. Тука би сакал да напоменам дека таква средба требаше да се случи во вторник меѓу Комисијата и МОН и тоа ваљда во Ректорат, но на Грујо ваљда му горело под нозе и пошто е мајчин, изигра пак у негов стил и го напраил потегов. Што се дешавало на таа средба? На Груевски му биле држени лекции во негов кабинет. Прво од Велимир (нешто поблаго),а многу поостар бил деканот на Правен. Пемпере го напраиле. И на крај, по некои убедувања, едно друго, се доаѓа до тоа 1 година мораториум на државен испит, 2 на другите одредби.

Е сега морам да ви објаснам што значи мораториум. Тоа значи одлагање на примената на одредбите од законот. Е сега што е цаката тука? Тоа ни беше првиот дел од барањето. Вториот ни е нов закон во кој ќе учествуваме и ние. Кога ќе се донесе новиот закон (а реално, би требало да се донесе во тој период од година и нешто) ќе го дерогира стариот закон. Тоа значи дека стариот закон веќе нема да има важење и ќе се применува новиот закон. Тука доаѓа опасноста, што доколку не се изработи квалитетен закон? Но, доколку ние сме учесници во неговата изработка, ќе бидеме поеднакво криви како и останатите страни и ќе сносиме одговорност за тоа.

Каде можат да се јават проблемите? Прво, да видиме дали мораториумот ќе биде изгласан на следната седница на Собрание. Доколку тоа не се случи, се случува окупација (во меѓувреме може да има нешто, но за тоа треба дополнително да се договориме). Понатаму, доколку тие собраниски работни групи бидат формирани без Студентскиот пленум или со маргинално учество на студентсиот пленум, се случува окупација. Не знам дали ни е изграден ставот по ова, но тоа е мое лично гледиште и сигурно тоа ќе се договориме на следниот состанок.

Шпекулација е дека немало согласност да се оди на средба со преставниците на Владата, а уште поголема шпекулација е дека тие двајца не биле избрани за тоа.

Не знам стварно зошто беше пишан тој статус на ФБ и Твитер, али ок, некоординација, нешто што е проблем на хоризонталната структура. Пошто во тој момент беше доста неизвесно што се случува и малце глупо испадна али ок, мислам дека се спремаше ново соопштение прееска.

Друго што сакам да кажам е следново. Некои ова го сфаќаат како пораз, демек Грујо ни го спопикал, други триумфизираат и викаат победа (професорите во прва рака). Според мене, ова е чекор кон победа. Зошто? Победата ќе биде постигната во оној момент кога ќе добиеме повисоко образование, т.е. барем нов квалитетен закон. Ние имавме барање - одложување на измените на законот за високо образование (не прецизиравме на колку време и тоа веројатно е грешка) и после тоа изработка на нов ЗВО во чија изработка ќе бидат „вклучени сите засегнати страни, студенти и професори„ (ова се зборови на Груевски од средбата, прво не' потенцирал нас, студентите). Плус, со ова Владата признава дека овие измени се неспроведливи, дека се апсурдни. Така што, искрено не гледам како може да биде пораз.

Поврзувате со тоа што не сме сакале дебата (тогаш со Александар Палас дешавката и слично)...па чекајте малце луѓе, приказна заврши, се донесоа измените. Сега новата приказна е кога бараме да се одложи нивната примена и да се донесе нов закон. Правно гледано, поедноставно е во преодни и завршини одредби од законот да ставиш дека тие и тие членови ќе имаат одложно дејство.

И воопшто не беше коректно тоа што беше плукани по двајцата преставници на Пленумот во Влада. Воопшто! Било тоа да е од ФБ коментар, за тука не видов, па ако сака нека се и некои од Пленумот. Не сакам лош збор да слушнам за нив двајца. Зошто? Затоа што тие се заложуваат и не е праведно после некој да ги оцрнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom