Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.703
Поени од реакции
9.381
Затоа и факултетот не е задолжтелен.
Нешто со стипендии, нешто самите. Има деца од Скопје, што студираат и плус работат за да можат некаков пристоен живот да имаат. Ама се решиле да студираат, никој не ги натерал.
Ако јас утре решам да студирам во европска држава или САД, со делумна стипендија, сигурно 100 пати поскапо ќе ми биде студирањето таму со сите трошоци за ете просечен студентски живот. Ама јас самата сум го избрала тоа. Тоа сум го сакала и ќе се снајдам.

Професорите ем да предаваат тука, ем да патуваат во други градови, ем да истражуваат, ем да одат по конференции да презентираат трудови. Што се професорите, суперхерои? И се ова треба да го прават подеднакво добро? Не е возможно.
Морам да те реплицирам овде. Точно факултетот дека не е задолжителен, но зошто е така? Јас тоа го сфаќам дека не е задолжителен за оние кои покажале слаб резултат и во средни и основно, за кои немаат капацитет да го продолжат своето образование на факултет, но не за оние кои го имаат сето тоа а се осакатени ради финансии. Тоа не е рамноправност според мене и твојава логика оди кон факултет за оние финансиски помоќни, а не и за оние кои се финансиски посиромашни. Секој плаќа данок на државава за да добие јавно добро во вид на образование и сл, па така секој има право на образование без разлика на финансии. Значи државата е одговорна према теба во овој случај да ти обезбеди јавно добро во вид на образование.

Тоа што споредуваш со студирање на странство е веќе тоа е случај на личен избор кој подлежи на финансиски причини. Бидејќи ти веќе имаш опција да го задоволиш свото образование тука, а ако сакаш нешто плус за кое државата не е одговорна према тебе е тоа е веќе друг муабет, иако моментално имам другари стипендисти во странство кои се задоволни од условите кои моментално им ги овозможува нашата држава, а за студенти од други урбани и рурални средини од Македонија кои немаат таква можност во вид на стипендии немаат таква можност да студираат во Скопје.
За стипендирање на вакви студенти за да студираат во Скопје не е реално остварливо во Македонија ради многу причини, а тоа е дека нема објективност при додоелување на стипендии, не е во голема еднакво и објективно оценувањето во средни училишта за да некој ученик би се здобил со индиректна титула талентиран ученик (автоматски според мене на секој директен талентиран ученик би имало плус 5 индиректни кои по х причини имале ист резултат со тој првиот), капацитетите и условите на студентски домови исто. Тоа е крупна работа која би чинела многу искрено и порентабилно и поисплатливо буџетски за државата во овој момент се дисперзираните студии.

А професорите? Точно е дека тие во случајов се малтретирани, но мислам дека добиваат и платен превоз и дневници.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.970
Поени од реакции
11.609
Што има несериозно од Студентскиот Пленум? Јасно и децидно кажавме дека сега не сакааме дебата додека законот е во законодавна постапка. Времето за дебата помина. Кога Пленумот повикуваше на дебата за воопшто потребата од ваква „реформа“, институциите на власта одбиваа дебата или сакаа дебата за дискутирање и пазарење околу техничките работи. Дали да бидат 5 или 6 прашања, дали 20 или 30 посто, дали ќе можат да полагаат третина испити или половина и слични глупости. И таа дебата ние ја баравме кога овој закон не беше ниту на дневен ред на владина седница. Ама тогаш викаа: „А, нема конкретен предлог, рано е, не знам што барате, зошто протестирате“. И после тап - концептот остана ист од почеток до крајот, само се шминкаше малку предлог-законот, т.е. се менуваа некои технички работи. А да, патем кажано, парична казна и затворска казна предвидени како санкција во Закон за високо образование. Правно гледано, немаш појма како изгледа смешно тоа. :D
За разлика од Ванковска, студентите не потпаднаа под политичките трикови на Груевски и компанијата. Се' уште не ми е јасно зошто таа реагираше така како што изреагира, и тоа би сакал сега на страна да го ставам, и да се задржиме на ова легитимно барање на Студентскиот пленум.
Затоа што немаше никаква дебата пред законот да влезе во законодавна постапка. Е затоа барањето е легитимно. Легитимно е поради аргументите на Студентскиот пленум и поради тоа што МОН и Владата не дадоа ниеден аргумент во подршка на нивниот проект наречен државен испит. Ниту еден! Освен дадените аргументи, Пленумот даде повеќе предлози за како можат да се решат дел од проблемите во високото образование, но тие идеи беа изигнорирани од страна на надлежните. (тука ќе ги спомнам употребата на механизмите кои се веќе во ЗВО, ревидирање на Одборот за акредитација и евалуација и слично)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Затоа што е подобро да речете дека приказната е завршена отколку демек да поставувате услови. Некако изгледа несериозно. Бидете реални, најмногу што може да добијат студентите членови на ова движење е јавно да го искажат својот став на дебата. Вие се поставувате во улога на некаков рамноправен партнер во креирање на политиките за државното образование.
 
А не треба да биде така? Не треба оние кои ги креираат законите (и предложуваат, мада кај нас тоа е истото) заедно да седнат на маса со професорите и студентите и да се разговара за проблемите во високото образование и изнаоѓања на нивни решенија? Тоа го баравме ние, од другата страна останаа глуви.
Ние нашиот став сме го искажале многу пати, организиравме трибина (еве, пример, тоа е еден вид на јавна дебата) на која поканети беа Иванов, Груевски, Адеми - секако, никој не дојде. Да дојдеа таму, слободно можеа да дојдат и професори кои се за државен испит, ќе се поставуваа прашања, ќе се отвореше дискусија, а тоа ќе отвореше можност за подоцна да се организира вистинска дебата. Но, не кога законот е во законодавна постапка. Тоа не е дебата, тоа е квази-дебата.
 
Па седнаа и ве викнаа и вас како трета нова страна. Крајната одговорност секогаш ја има власта. Еве да речеме ги прифатиле сите ваши забелешки и не ни носат никаков закон а образованието се уназади и во следните години, од кого ќе се бара одговорност? Од Пленумот?
 
Прво, не не' викнаа на дебата, туку портпаролот на Владата на 2 часа пред одржување на најавената квази-дебата кажа дека е отворена за сите. Значи не дебата, туку квази-дебата. Кога ние сакавме дебата, тие не сакаа. Дебата организирана од извршна власт во време кога законот е во законодавна постапка е обид за перење на совеста и ништо друго. Интересна работа е што „дебатата“ ја водеше Груевски, како претседател на Владата, а предлагач е Адеми и Спиро Ристовски. Зошто тие не ја водеа „дебатата“?
Второ, ние предложивме неколку мерки, кои веќе постојат во ЗВО и може да се среди ситуацијата привремено, а за тоа време, сите засегнати страни да разговараат на округла маса за целосно нов ЗВО. Пленумот не дал акредитација на секој можен факултет, тоа Одборот за акредитација и евалуација дал, а тоа е тело под МОН. Можеле слободно да кажат, ок фала, пријатно, и да донесат нови луѓе.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Прво, не не' викнаа на дебата, туку портпаролот на Владата на 2 часа пред одржување на најавената квази-дебата кажа дека е отворена за сите. Значи не дебата, туку квази-дебата. Кога ние сакавме дебата, тие не сакаа. Дебата организирана од извршна власт во време кога законот е во законодавна постапка е обид за перење на совеста и ништо друго.
Второ, ние предложивме неколку мерки, кои веќе постојат во ЗВО и може да се среди ситуацијата привремено, а за тоа време, сите засегнати страни да разговараат на округла маса за целосно нов ЗВО. Пленумот не дал акредитација на секој можен факултет, тоа Одборот за акредитација и евалуација дал, а тоа е тело под МОН. Можеле слободно да кажат, ок фала, пријатно, и да донесат нови луѓе.
Може ќе ве викнеа да немаше на третиот протест толку малку луѓе и капак на се тој протест се претвори во некаков мини бунт против власта па слушавме студенти како зборат за висината на пензиите, за закон за абортус и не знам што. Нема везе не гледам решение а пленумот пошто нема да има сила веќе ќе биде превземен од МОФ и слични организации кои со години пробуваат да го превземат сојуз на студенти.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.970
Поени од реакции
11.609
Може ќе ве викнеа да немаше на третиот протест толку малку луѓе и капак на се тој протест се претвори во некаков мини бунт против власта па слушавме студенти како зборат за висината на пензиите, за закон за абортус и не знам што. Нема везе не гледам решение а пленумот пошто нема да има сила веќе ќе биде превземен од МОФ и слични организации кои со години пробуваат да го превземат сојуз на студенти.
Малку луѓе? 5000 луѓе се малку? Ок, помалку во споредба со вториот протест, но не заборавај какви беа временските услови, ладно и врнеше дожд, плус колоквиумската недела уште траеше, еден куп студенти полагаа колоквиуми, а не можеа да дојдат, а да не зборам за задкулисни игри. Али ок, малку се. (y)
Студентскиот парламент треба да биде превземен од страна на студентите, бидејќи сега се наоѓа во канџите на партиите (во зависност која партија е на власт). Пленумот ќе биде превземен од МОФ...а чекај малце, нели до вчера збореше дека Пленумот преку Сорос=МОФ? :D

Како и да е, после третиот протест предлог-законот веќе беше во законодавна постапка влезен. Можеа да не викнат веднаш после вториот протест, но не го сторија тоа.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Како и да е, после третиот протест предлог-законот веќе беше во законодавна постапка влезен. Можеа да не викнат веднаш после вториот протест, но не го сторија тоа.
Среќа вие сте фактор со поголема општествена тежина од Владата, па можете да им кажувате кога да ве викнат. И ако не ви се допаѓа кога ве викнале, да не отидете и повторно сите да ви поверуваат дека имате аргументи.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.970
Поени од реакции
11.609
Среќа вие сте фактор со поголема општествена тежина од Владата, па можете да им кажувате кога да ве викнат. И ако не ви се допаѓа кога ве викнале, да не отидете и повторно сите да ви поверуваат дека имате аргументи.
Не кога ни се допаѓа да не' викнат, туку кога е правилно да не' викнат. А аргументите се кажани повеќе пати, слободно ти и кој сака прегледајте писма/дописи, изјави на студенти, излагања во јавност...
А многу јако ми е што барате аргументи од Пленумот, а не барате аргументи од Владата и МОН со кои ќе ја оправдаат мерката државен испит. (кои впрочем и не постојат)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Не кога ни се допаѓа да не' викнат, туку кога е правилно да не' викнат. А аргументите се кажани повеќе пати, слободно ти и кој сака прегледајте писма/дописи, изјави на студенти, излагања во јавност...
Законот сеуште не е донесен, а на аргументирање и соочување повикува дефакто најодговорниот за неговото носење, премиерот. Значи одлична прилика да му се изнесат аргументите во лице. Дури и да се донесе законот, неговото стапување во сила е за две години, значи има време да се смени, па повторно дебатата не е задоцнета.

Ова инсистирање на некаков правен пуританизам на почеток беше симпатично и смешно, сега веќе прогресира во дебилно.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.970
Поени од реакции
11.609
Аргументите ќе бидат повторно изнесени, но не на дебата со која ќе се даде легитимитет на недемократското донесување на измените во ЗВО.
Ако барањето за почитување на правниот поредок за тебе е дебилно, за нас е обврска, прво како граѓани на оваа држава, а потоа како студенти. Затоа што има луѓе кои веруваат во правниот поредок.
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Дали може некој од поддржувачите на законот да ми објасни како државниот испит ке ми помогне мене како студент?
Што добивам јас со државниот испит?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom