Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Преку стипендии и солидни студентски домови подобро организирани, разликата нема да биде толку голема.
Многумина земаат станови, делат кирии и имаат сосема просечен студентски живот, каков што имав и јас, иако сум од Скопје.
Миниран, неминиран, проектот пропадна и се насеќаше и можеше да се предвиди дека ќе пропадне.
За со поделена кирија и трошоци викам 4-5000 евра. И тоа сум прилично скромен во пресметката. Верувам и знам дека многумина го прават тоа, ама тој просечен живот ги чини многу поскапо.

Повторно, поефтино е да испратиш 1000 професори да патуваат по градови, по саат-два, два пати неделно, отколку да стипендираш 30000 студенти да живеат во најскапиот град во државава.

Не пропадна проектот. Им пропадна автономијата на селските мангупи кои го минираа.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.221
Поени од реакции
18.360
@Crazy in Love пак на истото се враќаме. Знам дека во Скопје има луѓе кои не можат да ги школуваат своите деца. Сигурен сум дека постојат. Но тие луѓе сигурно не можат да ги запишат децата затоа што се ептен сиромашни. Додека во другите градови, покрај ептен сиромашните луѓе кои не можат да ги запишат своите деца и во двор да им е факултетот, постојат луѓе кои би можеле да ги запишат своите деца на факултет, под услов тој да не биде географски оддалечен. Е за овие јас ти зборувам.

Инаку за најсиромашните кој се сепак со голем талент, се разбира дека треба да се доделуваат стипендии. Тоа мора да биде така, ама за жал живееме во трула држава. И тоа не стипендии како сегашните, туку повисоки и пред да почне образованието, затоа што некој не може ни една година да ја издржи сам. Во една нормална држава најмногу се цени и се инвестира во знаењето, а знаењето може да го поседува и некој кој се родил со илјадници на штедна книшка, но и некој кој не можел да биде прехранет цел живот како што треба. Македонија за жал не е нормална држава и не се обидува да го задржи знаењето и да инвестира во истото, туку овде се прави токму спротивното. Се цени глупавоста, простотата и идиотизмот. Овде повеќе се ценат овци кои ќе извршуваат само доделени задачи, а не луѓе кои со своите можности ќе ја туркаат државата напред. Е за тоа нам ни нема помош!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За со поделена кирија и трошоци викам 4-5000 евра. И тоа сум прилично скромен во пресметката. Верувам и знам дека многумина го прават тоа, ама тој просечен живот ги чини многу поскапо.

Повторно, поефтино е да испратиш 1000 професори да патуваат по градови, по саат-два, два пати неделно, отколку да стипендираш 30000 студенти да живеат во најскапиот град во државава.

Не пропадна проектот. Им пропадна автономијата на селските мангупи кои го минираа.
Затоа и факултетот не е задолжтелен.
Нешто со стипендии, нешто самите. Има деца од Скопје, што студираат и плус работат за да можат некаков пристоен живот да имаат. Ама се решиле да студираат, никој не ги натерал.
Ако јас утре решам да студирам во европска држава или САД, со делумна стипендија, сигурно 100 пати поскапо ќе ми биде студирањето таму со сите трошоци за ете просечен студентски живот. Ама јас самата сум го избрала тоа. Тоа сум го сакала и ќе се снајдам.

Професорите ем да предаваат тука, ем да патуваат во други градови, ем да истражуваат, ем да одат по конференции да презентираат трудови. Што се професорите, суперхерои? И се ова треба да го прават подеднакво добро? Не е возможно.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Е па зошто постојат закони во државава? Зошто постои Устав? Дај бе ако не да укинеме се и секој да си прави шо сака, м? Формата е битна, секаде и секогаш.
Кога пишуваш реформи и кога пишуваш предлог-закони, мораш да го има предвид правото.
Право-шмаво, кој ги врти законите.
Еве, утре ќе идам јас на ФИНКИ и ќе им солам памет кои компјутерски системи ќе ги користат, нема да филозофирам, мене ќе ми изглеа практично и бам, ете ти практичност, ако немам веза што е тоа што го користат.

И не ми одговори на прашањето: Дали тие професори од Правен кои го поддржаа државниот испит исто треба да ги исклучиме од процесот на донесување реформи? Пошто нели, професори од Правен се.
.
Од процесот на собирање на идеи треба да се исклучат професорите од правен за колку толку да се деполитизира процесот. Јас разлика помеѓу Каракамишева и Фрчковски не гледам никаква првата што и да беше понудено ќе го фалеше а вториот ќе критикуваше така да исто ти се фаќа. Треба да се прашат професори кои не се од правен, на оние од правен би им дал само можност да му дадат правна форма на законот кој е составен од факултетите кои погоре ги спомнав.

Патем ај да го кажам и ова. Правниот факултет е извор на многу срања во Македонија читај политизирано Судство полно со непотизам, Никакво новинарство, исполитизирани институции и и и и и и ..... Па и самите демостранти од пленумот кажаа дека ЗА ДА СЕ ВРАБОТАТ ВО ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ИМ ТРЕБАЛО КНИШКА, од луѓе што чекат работа во државна администрација ЛЕБ нема, не дека не се потребни ама од правници не се живее. Во Македонија општо треба да им се даде предност на оние кои произведуват нешто, оние кои се способни практично да придонесат во подобрување пред се на економската состојба во државата. Мое мислење е дека правниците со нивната слаткоречивост и моќ да зборуват, ништо да не кажуват а тоа сепак убаво да звучи го имат окупирано просторот во Македонија така да им се дава преголема важност. Мислам дека тоа треба што побрзо да се анулира. Затоа ме интересира кои ректори, директори и прифесори кои не се од КГФ го подржуват професорскиот пленум?

И на крај прашање до тебе ДАЛИ ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ТРЕБА ДА Е МОТОР НА ОВИЕ РЕФОРМИ, дали они и понатаму треба да палат и гасат во оваа држава иако од таму еве со децении веќе ништо продуктивно не излегло?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Затоа и факултетот не е задолжтелен.
Нешто со стипендии, нешто самите. Има деца од Скопје, што студираат и плус работат за да можат некаков пристоен живот да имаат. Ама се решиле да студираат, никој не ги натерал.
Ако јас утре решам да студирам во европска држава или САД, со делумна стипендија, сигурно 100 пати поскапо ќе ми биде студирањето таму со сите трошоци за ете просечен студентски живот. Ама јас самата сум го избрала тоа. Тоа сум го сакала и ќе се снајдам.

Професорите ем да предаваат тука, ем да патуваат во други градови, ем да истражуваат, ем да одат по конференции да презентираат трудови. Што се професорите, суперхерои? И се ова треба да го прават подеднакво добро? Не е возможно.
Не е задолжително ниту да најдеш работа, па се бунат луѓе зошто ни е голема невработеноста.

Јасно, презафатени се. Само не ми е јасно како покрај толкава презафатеност наоѓаат време по цел ден да висат на ФБ. Сироти тие...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Реформите не треба да се ПРАВНИ туку ПРАКТИЧНИ го отекоа со тоа уставно , не уставно , правно не правно. ФИЛОЗОФИЈА не ни треба ни треба практика формата не е битна важно да функционира.
А не е битно што е уставно, што не е уставно? Ок, твоето право на приватна сопственост е уставно загарантирано. Замисли утре се носи Закон кој вика: Нема веќе приватна сопственост, се е државна сопственост. Супер е, топ си е, нема врска што е противуставно. Примерот не е ист, али да ти доловам малку со попластичен пример, кој се надевам ќе го разбереш, што значи противуставно.

А кажи ми законите сами по себе, какви акти се? Правни акти. На крај, врти сучи, пак ќе ти треба правник да го склопи тоа во нормативен текст. И тоа не е воопшто лесно. Нормативниот текст на ова што сакат да го донесат е катастрофален. Токму Правен имаше големи замерки и за тоа, техничкиот дел на самиот текст.

Ама не, ти ако не можеш да сфатиш дека самиот концепт на испит каков што сакаат да воведат ја нарушува автономијата на универзитетите, јас не можам понатаму што повеќе да ти објаснувам.

А, што се однесува до Марјановиќ, кој патем кажано е пензиониран професор, иди прочитај, имаше една добра статија баш за него на Фокус ако не се лажам. И досаден си со тоа најнепродуктивен, најнепродуктивен. Видов троа од техничките факултети, посебно ФИНКИ се' продуктивни кадри. А партизацијата ако е најочигледно кај Правен, не значи дека кај нема кај други.

Друга ствар - што е ултиматум? Да го повлечат законот, па ќе има дебата? Да го повлечат законот е барање, или сфати го како сугестија која ја бараше премиерот. :D А тоа ќе биде поткрепено со суштински аргументи.

Ај пошто ми се пишува, некако не ми се учи во моментов, па поинтересно ми е ова. На страна автономијата, противуставноста. Самиот концепт. Пет прашања со заокружување. Самиот концепт на заокрожување е лудост, глупост. Некој од електро да го оценуваш со таков вид прашања. Или медицина, па и правниците. Првниците треба да знаат да се изразат, пред се' усно. Второ, ај да ти објаснам еден мој испит: Имаш бар 7-8 прашања на кои треба концизно да одговориш, некои од нив се и малку логички, треба да поврзеш различни делови од материјалот, за должината не е важно, најчесто минимум 3-4 реченици, зависи од самото прашање. Некаде е со повеќе пократки, негде со помалку подолги и така. На техничките факулетти па и на природно-математичките имаш и задачи, решавање формули итн итн. А со испитов имаш, замисли 5 прашања на заокружување, кои покажуваат само пасивно и никаков друг вид на знаење. Толку за ова.

Не знам од каде ти е идејата дека Правен е моторот на ова движење кога има уште 7-8 други пленуми, не се секирај опфатени се и пмф и техничките факултети. Одлучувањето е заедничко.

Не знам исто така зошто спомнуваш лошо судство, тапа новинарство и слично. Знаеш кој е крив за тоа? Партиите, затоа што кога се на власт си играат курташак со сите, не само судство, медиуми.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.333
Поени од реакции
4.628
Па и самите демостранти од пленумот кажаа дека ЗА ДА СЕ ВРАБОТАТ ВО ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ИМ ТРЕБАЛО КНИШКА, од луѓе што чекат работа во државна администрација ЛЕБ нема, не дека не се потребни ама од правници не се живее.
Oф лелеее, зашто излегуваат ? Можеби за да кажат дека се трудат да го сменат тоа?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не е задолжително ниту да најдеш работа, па се бунат луѓе зошто ни е голема невработеноста.

Јасно, презафатени се. Само не ми е јасно како покрај толкава презафатеност наоѓаат време по цел ден да висат на ФБ. Сироти тие...
Не ги жалам јас, потребна е поголема строгост и потребна е реформа и меѓу професорите.
Сум си имала “прекрасни“ искуства со професори што дремат по ФБ и ни со Интерпол не можеш да ги најдеш или во приемно време што ќутат и седат заклучени у канцеларија само за да не им влезе студент. Ги критикувам и нив. Но, има и такви што се асални и не можеш да очекуваш се тоа што го наведов да го прават и тоа да го прават најдобро и да бидат изузетни.

Џони бе. Реформите треба да дојдат од сите. Сите на маса, секој со предлози и да се донесе решение, не може да исклучуваш некој факултет, затоа што имало политички активни. Кај нас у државава секаде ги има такви. Не значи дека не се паметни и не можат да дадат паметен предлог. Сите релевантни и докажани во своите полиња како професори, со искуство, да седнат и да се договорат. А не би било лошо и да се консултираат со студентите, ако може, ако не е проблем.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.221
Поени од реакции
18.360
Затоа и факултетот не е задолжтелен.
Нешто со стипендии, нешто самите. Има деца од Скопје, што студираат и плус работат за да можат некаков пристоен живот да имаат. Ама се решиле да студираат, никој не ги натерал.
Ако јас утре решам да студирам во европска држава или САД, со делумна стипендија, сигурно 100 пати поскапо ќе ми биде студирањето таму со сите трошоци за ете просечен студентски живот. Ама јас самата сум го избрала тоа. Тоа сум го сакала и ќе се снајдам.

Професорите ем да предаваат тука, ем да патуваат во други градови, ем да истражуваат, ем да одат по конференции да презентираат трудови. Што се професорите, суперхерои? И се ова треба да го прават подеднакво добро? Не е возможно.
Да но ти секогаш ќе ја имаш можноста да студираш во твојот град. Од друга страна оние кои не се од Скопје би биле доведени во ситуација да мора да одат таму за да студираат. Многу е едноставно. Твоето би било избор, додека на другите обврска. Има разлика.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Не ги жалам јас, потребна е поголема строгост и потребна е реформа и меѓу професорите.
Сум си имала “прекрасни“ искуства со професори што дремат по ФБ и ни со Интерпол не можеш да ги најдеш или во приемно време што ќутат и седат заклучени у канцеларија само за да не им влезе студент. Ги критикувам и нив. Но, има и такви што се асални и не можеш да очекуваш се тоа што го наведов да го прават и тоа да го прават најдобро и да бидат изузетни.
Ниту се барало, ниту ќе се бара од сите да прават се. Проблемот е што добар дел од нив не прават ништо. Тие што си ја работат работата совесно немаат гајле од никаков закон. Репутацијата што ја создале со работата ги става над законот. :)
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Изволте децо, петиција што ќе се испрати до Претседателот.
TL;DR:
"We, the undersigned, strongly support the withdrawal of the latest draft amendments to the Law on Higher Education and demand the start of a truly democratic procedure for the drafting of a new Law that will ensure that those who educate and those who are educated are in control."

Веќе има 2000 потписи, потпишувајте и шернувајте понатаму.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.837
Поени од реакции
12.342
Марјановиќ е професор на правниот факултет значи на факултет што е екстремно исполитизиран и непродуктивен.
Треба да си одат мин за здравство, за труд и за икс ресор, нели се исполитизирани.И претседателот.

Дисперзираните, никој не знае колку чинат оти многу сме транспарентни. Нигде не е наведено колку чинат вакви проекти, сигурно скапо. Само за тетовскиот е барано милион евра, без објекти. Лаборатории, примероци, сала, апарати... Овде вели владата многу тешко префрла средства па обично сами плаќаат за трошоци. Посебна приказна е со објектите. И ова некој го нарекува високо образование, бара успех беспари
На предавања во фабрики, во сали за свадби, во основни училишта...2009
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Biljana VankovskaЛуѓе мои, па дури и Кили ни се потпиша од Еквадор Kiril Pop Hristov те сакаме! Ти си со нас, а ние сме со тебе!

Biljana Vankovska
6 hrs ·
Го молам Геровски да не ме брани веќе! Не беше Професорксиот пленум „извозен“ туку обратно - професпркиот пленум направи пола влада со се ректори и професори да се вози од еден крај на градот на друг, и повторно да не им седнеме на дебата!

Ванковска дефинитивно пролупала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom