Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.621
Поени од реакции
70.287
Ништо не штима во оваа држава бе, они со државен испит ќе го подобреле образованието.

Последен пат ќе пишам и се у пичку материну нека иде :icon_mrgr:
Како прво, голем проблем во Македонија допрва ќе има, откако меѓу младите генерации нема никаков потенцијал. Мрзеливи генерации, неспособни сами да научат, генерации кои што е најстрашно се математички аналфабети, се неписмени до небо, немаат афинитети кон ниедна насока освен пиење и креирање лажно лице за себе по социјалните мрежи итн.
За се ова покрај модерниот свет, виновни се и самите родители.

Ако има ученикот проблем со професорот, тогаш родителот не ја бара вината кај своето дете, туку кај професорот. Или пробува да фати врска, или со закани се обидува да изнуди подобра оценка за детето. Само да не се нервирале децата. Ало глуперди, маме им ебавате на своите деца, ги правите ретардирани уште од најмали години, ако на помала возраст не стекнеш работна навика, тогаш КОГА?
Во средните и основните училишта вработувањата се исклучиво по партиска и по роднинска линија. Какви се ретардоси од мојата струка се вработија како професори по најважниот предмет за развивање на логиката на едно дете во средните и основните училишта :вонзем:
Десет години го учел факултетот, ама уште не дипломиран веќе работи во локалното училиште.
Не е проблемот што со години влечеле предмети, има на пример доста интелегентни луѓе кои вон наставата изучуваат многу други материи и не посветуваат доволно време на предметите па или ги паднале или извадиле пониски оценки, но во секое време ако се побара одговорна задача од нив, имаат капацитет да се соочат и одлично да ја завршат. Овде не е таков случајот, туку се работи за тотални простаци, луѓе кои во себе немаат грам логика, кои немаат интереси од ниедна сфера во животот, ама битно сега се вработиле кај родителите во некое училиште, или биле наградени од партијата.
Срце ми се кине кога гледам колку е паднат критериумот во средните училишта, и пак како секогаш ќе го земам Корчагин за пример. Училиште кое за математика беше пример за другите, сега на тестови се даваат задачи од учебник и пак од 35 ученици, 20 и кусур имаат кецови :vozbud:
Во ЈБТ е допрено дното на математиката, не можам да опишам колку е лош квалитетот на изведувањето на наставата. Па маме му ебам, ако не си ги научил сите задачи од предавањата и на час си им ги покажувал само најосновните работи на децата, тогаш немој на писмени да им даваш работи кои ни самиот не можеш да ги решиш, само затоа што си ги нашол во Руска збирка :вонзем:
Професорите не знаат да предаваат, 80% од професорите не знаат како да го пренесат своето знаење. Пак ќе кажам, подобро учениците нека ги научат основните работи од материјата, отколку да им даваш задачи кои и за тебе се научна фантастика, и предвреме да ги откажеш од учењето.
Децата пак се оперирани од физика, хемија и математика. Абе мислиш со врела маша по грбот ќе ги бодеш кога ќе им ги спомнеш овие предмети.

Без мака нема наука, ќе набубаш лекции биологија и историја, ама за ова треба да се загрее столчето. Од дома ќе му речат, ќе ти фатиме сине врски, не се секирај, па уште толку ќе ги "измотивираат" за да учат :kuracc:
Затоа децата се од дебил до дебил...
Да не знаеш на 20 години да решиш 2x-3=5, да не знаеш да пишуваш барем малце литературно, да не знаеш еден состав да напишеш, АЗБУКАТА да не ја знаеш, па срамота е бе алоооо...
А 85% од студентите на факултетиве низ Македонија, нема да ја решат горната равенка која сум ја напишал.

Ги читам студентине по темиве на форумов:
Ai neka mi dade nekoj prasanja za ftor kolok. po ekonomika..?
Lele kolku vreme treba da ucam za da plozam?
Koj prasanja ke se padnat, od libro ili od zoki?
Ako ucam mat. 3 dena, ce mozam li da polozam na ftor kolok.?

Алооо, да сум до вас киселина во очи ќе ви фрлам и око нема да ви трепне. Гледаат ли вашите родители на што даваат пари???
Па ако не те бива, не запишувај факултет бе, копук еден, ако не сакаш да учиш, НЕ УЧИ, не им ги троши парите на твоите.
Запишал некоја насока за КОЛКУ ДА ЗАВРШИ ФАКУЛТЕТ. Не го ни интересира, ама битно ја запишал, затоа што му рекле дека е лесно, дека има врски кај професорите итн. :facepalm:
И после имало невработени дипломци. Па има, кога 90% врска немаат ни што смер учат, па камоли да стекнале некое знаење по завршувањето на факултетот.
И баба ми ќе положи после толку врме полагање, на едни исти прашања.
За ваквите ич не ми е жал, ама па за жал се мнозинство и оставаат многу лоша слика за студентите во целина. Времето што го потрошиле на пијанчење додека студирале, да го посветеле на некој занает, барем ќе имало општеството некоја корист од нив.
Па немаат ни лице пред родителите, колку студенти знам што земаат пари за книги, истите ќе ги фрлат во кладилница или казино, или за пијанчења и искачања, со години ќе го влечат факсот. Неговите одвај собрале пари да му платат семестар, му платиле стан во Скопје, му даваат пари цело време, него ува не го лази, место да си рече ебате волот ебате, земи биди нешто корисен, абе не треба за други, за себе земи фокусирај се кон нешто и биди нешто корисен за околината. Па ако не те бидува, никој не те дави за врат. И со диплома и без диплома во држаава нема работа, џабе си ги фрлил парите во бунар.

Толку за студентите, одиме малце за државата и професорите.
Секоја чест за малкуте професори кои се посветуваат да го пренесат своето знаење на студентите. И по средните школи понекогаш се наоѓа некој квалитетен кадар, не е се така црно. На крај краева, потешки задачи не значат подобар резултат. Вистина, потешки задачи поткрепено со добри предавања, ќе го натераат ученикот да размислува, да учи нешто и вон наставата, да се научи да истражува, ама не сеогаш ќе дојдат посакуваните резултати. Ти ако не знаеш да пренесеш знаење, ако доаѓаш колку да предадеш, ЏАБЕ Е. Ова е работа која треба да се работи со љубов, затоа и викам дека е многу одговорна работа, не е за секого.
Државниот факултет имаше кадри кои нешто значеа во општеството. Власта свесно ја превзема автономијата на УКИМ, бидејќи знаеше дека од тука може да стигнат многу критики на нивна сметка. Отворија факултет во секое село, уште малце и во на Латас вецето факултет ќе отворат.
На тие факултети предаваат кадри кои немаат ни завршено на УКИМ, туку се производ на приватните факултети и факултетите како Мала Речица. Факултет на кои студентите се запишуваат затоа што е поефтино и затоа што можат да го завршат ОДМА.
Практично владата создаде неправедна конкуренција, бидејќи се плаќа помалце, факултетот е далеку полесен, а на крај се вреднуваат исто.
Деканите на факултетите се одобруваат со амин на министерот, автоматски за да станеш декан треба да имаш амин од партија, и со тоа стануваш нивен заложник. Сто пати одредени факултети од УКИМ изгласаа против законот, сто пати деканите излегуваат со демант :angel:
Каде се приватните факултети во оваа приказна?
Тоа е врвот на НЕУКОСТА, па такви дебили не вреди ни да кажеш дека завршиле факултет бе.
Па уште привлекувале студенти од странство :pos: На Штул кога полагаа математика една од задачите беше да се најде вредноста на функцијата x^2-2*x+5 во x=3. WOW, are you fucking kidding me???
И тој некој во иднина ќе стане програмер или професор математика. Да не коментирам дека од сите положија само ДВАЈЦА и тоа со 6-ка. Заебан бил професорот, највеќе проблеми правел таму :pos:
Пак значи е кај професорот грешката :icon_mrgr:
Тој па мизеријата даваше задачи што воопшто немаат смисла, како да ти речам во едната рака имам 5 сливи, во другата 3 јаболки, кажи пред колку месеци последен пат сум му ги исчистил шепите на мачорот мој?
Криминал е тоа што се прави на 80% од факултетите (и првиатни и институтите од државните)!
Стојам на ставот дека за добро образование ќе биде потребно да се смени се од корен.
Со самото отворање на толку факултети, уште во старт имаш неквалитетно образование.
Чаре? Затворете ги сите факултети, освен УКИМ, па отворете дисперзирани студии во другите градови :angel:
Голем проблем се и несериозни професори кои не се редовни на предавања, глумат богови на факултетите, не оценуваат реално, ама тоа не важи за сите.
Голем проблем е што владата одвојува само минимални средства за факултеите кои се занимваат со природни науки.
Бараат трудови во списанија со импакт фактор, а ни самите не се свесни дека во Македонија воопшто не излегуваат такви списанија во некои области.
Замислете, ги лимитираа професорите да издаваат трудови само во својата област.
А што ако учиш применета наука? Место да те поттикне да ги шириш погледите, те тера само пред тебе да гледаш :lut:
Министерстовото не одојува средства за примање на нови кадри на факултетите кои не се од типот на економски, правен и слично. Прими си асистент, ама ќе ги добиеш истите финансиски средства, па намали си од својата плата :kuracc:
Воведуваат мерки кои уште толку ќе го намалат бројот на студенти на овие насоки. Па така на физика годишно се запишуваат 1-2 студенти, на хемија нешто повеќе поради смерот биохемија, на математика со воведување на некои квази смерови од типот на математика-информатика успеаа да надминат бројка од 20-тина студенти, малце повеќе студенти има на смеровите на технолошки факултет, на ПМФ освен туризам, сите смерови се за греота според бројноста на студентите.
На туризам има повеќе студенти отколку на сите овие смерови заедно што ги набројав :sleep:
Паднав во муабет со асистенти од околниве земји, од сличниве смерови кои ги набројав. Платите во Црна Гора се дупло поголеми од нашите, за другите земји да не правам ни муабет. На годишно ниво факултетите ги спонзорираат учениците да одат на најразни конгреси и курсеви ширум светот. Ги пратиле во Холандија, во Германија, во КИНА, а кај нас ни до Охрид не ти е платено присуство на конгресите.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.621
Поени од реакции
70.287
Колку средства одвојува владата за овие факултети?
Како можеш да напредуваш во науката кога ебан денар не се одвоил? Ама битно професорите од Словенија имале повеќе трудови извадено, без разлика што нивното министерство одвојува 50 пати повеќе средства од нашето.
И повторно пола од трудовите со импакт фактор им доаѓаат од професори од гореспоменатите смерови...
Ама битно трупај пари на факултет како економски, знаат дека тука се лажат студентите да се запишат. Ќе ги наполнат џебовите од запишаните студенти, без разлика што слушаат предавања во групи во кои нема теорија да постигнеш таква концентрација за да научиш нешто на час. Начинот на полагање е смешен. Заокружување кое можеш да го положиш и на тепка.
Математика им дале толку обемен материјал, да студентиве фрлаат по милион денари на часови од кои за возврат не добиваат знаење, туку добиваат пораки од тие што ги спремале. Ќе си поделат пари професорот и спремачот, асистентите ќе замижат на полагањето и после положиле типците :angel: Завршува економски, не знае камата да пресмета :aplauz:
Материјалот на факултетите не е сменет со години. Па така, на економски учат детерминантни и матрици, интеграли, лимеси кои сигурно многу ќе им се најдат во животот.
На Штулов факултет на испитот по математика имаат задача од КРИПТОГРАФИЈА.
Како да дешифрираат писмо со методот на Јулие Цезар :cuc:
На биохемија учат математика повеќе од на машински. Господ знае каде ќе најдат примена на цртање графици со изводи, на лимеси, на равенка на тангента и нормала итн.
На машински предавањата се катастрофални, учениците уште покатастрофални.
На ПМФ се учи непотребен материјал, притоа од книги кои воопшто не се на Македонски. Сака некој професор да издаде книга или збирка, им викаат нема кој да ти ја рецензира :kuracc:
Најголемата болка е што нема примена на теоријата.
Без примена, не си научил апсолутно ништо. Владата воведе задолжителна пракса, но самите студенти не ја користат. Што не штима во праксата?
Прво студентите треба сами да си најдат место каде што ќе одат на пракса.
Најчесто одат кај свои роднини, т.е. воопшто не одат туку само земаат потпис. Безкорисна пракса која само ради реда е вметната во образованието. Тука никој не им е крив на студентите, што не ја користат праксата, ама од друга страна министерството знае каква е ситуацијата и ако сака да го подобри обраованието, треба да превземе поостри мерки, иако искрено не знам како би изгледало тоа.
Ама, веројатно може да принудат некои фирми да примаат студенти на пракса, па и да им платат за стварно нешто да се подучат студентите.
Додуша, политичарите ги уништија СИТЕ фабрики во Македонија, па јас не знам каде студентите на одредени смерови би оделе на пракса.
Јас завршив факултет со релативно висок просек и тогаш сфатив дека сум научил од се по нешто, ама уствари не сум способен за ништо.
Една година сам си правев пракса да се усовршам во занаетот, и колку-толку напреднав. Никогаш не може да знаеш се, ама некој ако се труди и континуирано се надоградува, секогаш може да се снајде на работното место. И никогаш нема да кажам дека знам се, затоа што едноставно не можеш да знаеш се. Ниту дека сум најдобар, затоа што самиот нема да имам мотив да учам понатаму, ако си се фалам дека сум најдобар :icon_mrgr: Напротив, секогаш сум отворен за учење на нешто ново и постојано изучувам некоја нова материја:гомце:
Проблемот кај нас е што сите мислат со самата диплома дека си готов производ. Мислат дека ако одиш на факултет, автоматски ќе имаш невидено знаење.
Не сфаќаат дека професорите и асистентите можат само да ти ги откријат дел од работите, да те заинтересираат за материјалот, ама не можат со инка да ти сипат во мозокот. Ако ти дома не си седнал да вежбаш, тогаш џабе студираш.

Владата ќе го подобрела образованието, па нека тргнат од тоа како политичарите ги третираат своите деца? Па нивните деца се најголеми врскаџии бе ало, и они сега ќе го подобрувале образованието. За кого се воведуваат овие државни испити? За истите студенти што поштено си положувале без врски, да се притресуваат одново и одново?
Кој положувал со врски за време на студиите, тогаш и овие испити ќе ги положи со врски.
Професорите не чинеле, дај им испит на студентите. Нека платат гревовите, ако фрлиле еден куп пари низ студирањето.
Со заокружени прашања стварно мислам дека ќе бидат готов производ и ќе се смени образованието од корен. Самите знаете дека одново ќе бидеме на дното на Европа, барем не ги малтретирајте студентите со овој тотално непотребен испит.
Ова е исто како промените во фудбалот. Не се ваделе млади играчи, па воведоа правило да има еден играч под 21 година во првите 45 минути на теренот :aplauz:
Или во кошарката, каде пред неколку години важеше истото правило за млад играч во прво полувреме. Откако видоа дека ништо не се смени, почнаа во младинските лиги да допуштаат да играат играчи од 23 години :icon_mrgr:
Тоа е кога не се пука во коренот на проблемот. Коренот на проблемот се условите на школите во кои тренираат младите, немањето соодветни кадри, бидејќи секој што знае маалски фудбал/баскет да игра и има малце повеќе пари си отвора академија, немањето селективност при бирање на играчите, единствен начин на вреднување е дали плаќаат нивните родители, а не квалитетот на играчите итн.
Е така е и со овој закон за државни испити.

Професорите ги немаше никаде кога протестираа студентите, затоа што во прв момент мислеа дека нив не ги тангира законот. Слидаризација нула, исто како и цел народ во државава. Не ме засега, не ме боли кур за нив. Ќе те засегне бе брат, ако не тебе, ќе ги засегне твоите деца за 10 години. Ти ќе фрлаш повеќе пари во иднина, како што сега нашите родители фрлаат пари за списанија што не постојат (а мора да се плати за нив), за библиотичен фонд, за студентски парламент итн.
Кога видоа дека ги тангира и нив, најдоа кого да постават за лидер. Факинг Ванковска, персона нон грата за пола од студентите.
Студентскиот пленум одлично си работеше, додека не почнаа анархо типови да ги предводат протестите. Значи, толку ли не се научи лекцијата, дека типци што врска немаат со реалноста не може да ти водат протести бе ало. Никој не ги сфаќа сериозно, самите они мислат дека којзнае колку знаат, не трпат критики и не прифаќаат туѓо мислење, а и самите они имаат единствена цел - игра против системот, без разлика дали се работи за права на студенти, права на стечајци или права на животните. Жал ме фати кога ги гледав вчера оние пред собрание. Изгубени во времето и просторот. Им сржа малце Груевски, наполнија гаќите. Па ако глумиш фраер, глуми до крај бе кретени едни. Мораше да дојде некогаш до средба, а ви направија шах-мат и ве претставија како имбецили кои не се достојни за расправа.
Министерството ви смислува закон за кој само стихијно се буните, се плашите како факултети да се издигнете против законот, се плашите да им преречете на оние професори кои ви свртиле грб и самите помагаат во кроењето на законот, за на крај да ви дадат шах-мат дека ве повикале да учевстувате во дискусија, а не сте прифатиле. Професорите-предавници ќе бидат етикетирани како професори кои ете прифатиле дискусија и ќе остане запишано дека законот се изгласал во дебата со самите професори. Готово е веќе, медиумската машинерија со овие потези доволно го испра мозокот на сите, па без разлика што законот беше готов пред неколку месеци, сега пред очите на јавноста се е регуларно.
Милион трудови годишно нека ви бараат сега, жалете се на ФБ, а не превземајте ништо во реалноста. Да излезевте на протести сите до еден, многу поинакво мислење ќе имаше јавноста и немаше да ве брка никој од работа, не сте вие глупави административци па да ви се закануваат на тој начин. Вашите колеги од правен ги кројат законите, они се тие кои можат да ви ги кажат правните мерки во случај на закани за бркање од работа поради учество во протести.
Ама за овој глуп народ, малце е и ова :blablab:
Битно Ванковска се пофали дека го растурила Груевски. Што си растурила мори овцо една, ти ебам мајката инвалидска твоја. Оправдано сум ја мрзел сите овие години и нејзе и таа ќурката Најчевска. Па кај може такви ликови да ти водат пленуми бе, тоа ти е добитна комбинација, ама за противничката страна :kruna:
За студентскиот пленум немам лоши зборови. Одлично организирани протести, добивање на битката со министерството, срамно одбивање на министерството да излезе на јавна дебата, дури и немаше некои поголеми грешки од ваша страна, ама влегоа професорите и испосраа се. Замерка моја е за тоа што главен збор им се даде на фаците кои ги опишав горе. Ги познавам таквите фаци и знам од кој профил се и колку немаат допир со реалноста, па можат да бидат изиграни од власта за 3 минути.

Коренити промени во основното обазование.
Прво, Кембриџ програмите кои ги воведувате воопшто нема да ви помогнат, бидејќи само копи-пејст закони, без никакво гледиште за тоа како би се спровело во реалноста, воопшто не се правилното решение. Со оваа промена уште толку ќе се уништи образованието. Од друга страна, добивка е што нема да се учат некои дебилски ствари како досега. Ние сме единствена земја која учиме колку овци има во Замбија, колку багреми има во Фарските острови и слично.
Билогоија се учи на памет, а пола од нас не знаеме ни црниот дроб кај се наоѓа, затоа што никој практично не ни објаснил.
Второ, бркање на партиските кадри од средните училишта.
Трето, затворање на партиските факултети и издвојување повеќе средства. Професорите истотака плачат за стап, ама со оглед на условите во кои работат, не се цени нивниот збор во општеството, нешто што не е одлика во другите држави, губат автономија на факултетите, не се одвојуваат додатни средства како награда за нивната работа, не се одвојуваат средства за надоградување на знаењето на најзаслужните студенти во генерацијата, можам донекаде да ги сфатам зошто само механички, без никаква сласт си ја работат работата, немаат трудови, не се појавуваат на предавања итн. Ако се одвојат барем 20 пати повеќе средства и сеуште е ваква состојбата, тогаш вината ќе биде кај самите професори. Депресивно е да видиш дека во секоја нова генерација ти доаѓаат се послаби и послаби студенти. Дека во средно училиште повеќе НИШТО не се учи, па мораш да ги намалуваш критериумите на факултет. Да ти кажат студентите дека се паднале истите задачи од предавање, ама не ги научело пошто ги мрзело??? Не очекував дека и ова ќе го видам еден ден на факултетите :pos:Не се работи со студенти кои немаат волја, а за жал тоа е тоа што следува.
Студентите ја изгубија волјата со тоа што гледаат дека нема работа и единствено им се врти во глава да ја напуштат земјата. Тука нема спас, затоа што од образованието се префрламе на сосема друга насока.

И покрај сево ова, некој уште ќе ми каже дека со државниот испит ЌЕ СЕ СМЕНИ НЕШТО???
Бокс ќе му удрам жими се :kuracc:

:kuracc: за оние што ќе речат колку е долг постов
:kuracc: за оние кои се дојдени за курташак во темава и за играње контра, а има еден куп такви издркотини кои студираат во странство и кур ги боли или имаат по 50 години и се спрдаат на темава

Последен пост од мене во темава. Сајонара :masa:
Шит, фати два поста :icon_mrgr:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Владата повикува да се достават предлози. Ете пленумци излезете фраери доставете листа на конструктивни предлози, образложете со аргументи зошто државниот испит ќе нема ефект но истовремено понудете алтернативи. Бидете конкретни и прецизни, кратки и јасни без филозофии од типот автономија на уневирзитетот и слични глупости. Баталете ги вашите правни и филозофски формулации кои на крај се сведуват на млатење во празна слама. Еве напишете ги и овде вашите предлози ама без да пишувате 20 страни за на крај да не кажете ништо. Надминете ги вашите професори од кои како што гледаме не бива ништо освен бојкоти и деструктивно однесување. Вашите професори од кои повеќето се или биле функционери на една опозициска партија или имат идеологии кои ги влечат од некој поранешен систем не би требало да ви бидат пример напротив тие се пример како не треба да се работи, зошто да беа тие како што треба немаше ни да има потреба од реформи туку Македонија ќе имаше посакувано ниво на високо образование.
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Знам дека некој од опозицијата следи што се пишува тука, затоа вака сакам да ѝм се обратам, добронамерно.

Почитувани:

Бранко Геровски
Сашо Ордановски
Љубомир Фрчковски
Мери Николова
Кире Наумов
Весна Бендевска
Ѓунер Исмаил
Ѓорѓи Спасов
Есад Рахиќ
Каролина Астеруд
Рената Десковска
Мирјана Најчевска
и останати:

Факт е дека студентските протести добиваат на сила. Наредниот протест ќе биде дупла помасовен од вчерашниот.

ВЕ ЗАМОЛУВАМ

На дента на третите протести, останете во вашите удобни домови и пуштете си вести. Ако имате барем малку обзир кон младите луѓе, ако барем малку ја сакате Македонија, не се појавувајте.

Нема, навистина нема потреба, едни чисти како солза студентски протести со исто таква идеја и цел, да ги поганите со Вашето присуство и да ги карактеризирате кај некои медиуми како партиски и соросоидни.

Вие сте минато, свршено време, буниште на македонската неславна историја. Протестите ќе бидат исто толку бројни и без вас, 20ина бедни душички кои не можат да се помират со фактот дека во оваа држава има и противници на овој луд режим, а тие да не се партиски обоени. Во името на се што ви е најмило, немојте, воздржете се. И немој на крај памет да ви текнало дека во некое идно утописко време, Вие ќе си ги препишете овие славни денови на ваша сметка. Вие ги прокоцкавте тие шанси кога беше вашето време.

Доаѓаат нови времиња, со нива сила и нов дух. Време на напредна младина која граби во чекор со времето. А таму за вас место НЕМА.

Најдобронамерно,
Konig
Билјана Ванковска, под „други“ мислев и на вас.
Колку сте способна, за 50 секунди успеавте да уништите се што студентите и непродадените професори градеа.

Вие да имавте акал колку на една кокошка, пет аргументи за 30 секунди ќе му набројавте на Груевски пред камерите, а не да дозволите со една реченица да ве сврти за 180 степени.

И конечно ете, кажавте деке не сте против диктатурата по која толку многу плукате по вашите колумни во Н. Македонија.
Изгледа само за колумнистка ве бива.
[DOUBLEPOST=1420564070][/DOUBLEPOST] Untitled.png
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
@Colt Willcox точно све што напиша, свака част за трпението прво, после и за сеопфатноста! Лично, повеќе внимание би дал на власта, која во овие неполни 24 години, маме ни изеба на сите во поглед на образование. Ќе речете порано повеќе се учело, имало јаки гимназии во 90тите...абее имало, пошто тогаш децата израснувале во еден друг период, било малку и потешко за живеење, а денешните деца е факт дека голем дел се размазени. И јас признавам дека до одреден степен сум размазен, но искрено никогаш не сум потегнал врска или слично, сум барал вина и кај себе, но и кај професор кога сум мислел дека е во право. Нејсе, иако генерализацијата не е дотолку коректна, сепак тажната слика е таа.

Затоа јас трубам дека треба да се среди од основно образование. Едноставно, да им се даде до знаење на децата да научат нешто, за да го знаат, не за да добијат 5ка.Ако од мали нозе се научат на тоа, многу подобро ќе биде. Ти кажа еден куп проблеми, партиски вработување, неадекватни наставници, па и професори на факултети...се" треба од корен да се измени. А не да се мачка очи со Кембриџ, државен испит, екстерно, кур се тресе у ладна вода. Симпатизери/членови на владеачката партија, не го сфаќајте ова лично према себе и партијата која ја подржувате, истото ќе го зборев кој и да беше на власт. Едно од главните работи е, повеќе пари за образование, помалку за крадење, помалку за споменици и други срања. Осум милиони евра за наука? Ете, постапно нека се зголемува од година во година, плански да се распоредат парите, да не се даваат само за одреден вид на науки, без партиско-роднински врски. После тоа државата стварно, а не фиктивно да ги финансира државните факултети. Сум кажал, еве и пак. Факултети ко Ветеринарен, ПМФ со години немаат видено пари. Првиов некако опстојува зашто заработува од приватни фирми на кои им прави анализи (а патем државата и' должи 3 милиони евра), али ПМФ се утепани. На професори им се должат по 1000 и кусур евра, на страна тоа што вонреден професор на ПМФ зима негде 32-33 илјади денари. Ист таков професор на Правен/Економски не знам колку зема, сигурно барем дупло повеќе.
Ситуацијата е следнава: Желба за постигнување на квалитет, а воведување мерки за постигнување на квантитет. И после не чинело образованието. Епа нема да чини кога појма немате што праите.

Малку се одалечивме од конкретниот проблем, али ко ќе видиш, се е испреплетено.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.947
Сум кажал, еве и пак. Факултети ко Ветеринарен, ПМФ со години немаат видено пари. Првиов некако опстојува зашто заработува од приватни фирми на кои им прави анализи (а патем државата и' должи 3 милиони евра), али ПМФ се утепани. На професори им се должат по 1000 и кусур евра, на страна тоа што вонреден професор на ПМФ зима негде 32-33 илјади денари. Ист таков професор на Правен/Економски не знам колку зема, сигурно барем дупло повеќе.
Ситуацијата е следнава: Желба за постигнување на квалитет, а воведување мерки за постигнување на квантитет. И после не чинело образованието. Епа нема да чини кога појма немате што праите.
Така де. Баш заради таа автономија тие од ПМФ земаат 32-3, тие од Правен барем дупло повеќе. Затоа треба таму малце скалпер, камшик или метла од надвор.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
Така де. Баш заради таа автономија тие од ПМФ земаат 32-3, тие од Правен барем дупло повеќе. Затоа треба таму малце скалпер, камшик или метла од надвор.
Не кажувам да се удри по нив, туку да се даде на ПМФ. Огромни средства треба за студии по хемија, биохемија...а пари нема, па се снаоѓаат некако и студентите и професорите.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Се испокакаа т.н професори и останати галамџии кога дојде на ред да се презентираат аргументите.Груевски можеби заеба многу работи ама ова му беше point blank.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.947
Не кажувам да се удри по нив, туку да се даде на ПМФ. Огромни средства треба за студии по хемија, биохемија...а пари нема, па се снаоѓаат некако и студентите и професорите.
Значи овие од Правен да си останат на плата од над 1000 евра и нечепнати, ама на овие од ПМФ да им се даде дупло или тридупло повеќе. Многу соломонско и сериозно решение, нема збор. Попатно, и минималната плата да ја направат 800 евра...
 
C

cige

Гостин
Ова според добрите познавачи на состојбите укажува дека и Професорскиот и Студентскиот пленум имаат скриена агенда и се контролирани од ист центар. Откако маските паднаа, станува сосема јасно дека таканаречените Пленуми не се ништо друго, туку само опозициски инструменти, чија единствена цел е да ја поддржува политиката и агендата на најголемата опозициска партија, а со тоа наместо во интерес на образованието да дејствуваат во интерес на нејзините тесни политички интереси.
 
C

cige

Гостин
-Тажната слика на професорката Ванковска, некако самопромовирана во водач на Професорскиот Пленум, според мене, е одговорност на сите членови на пленумот кои не успеале да ја сопрат да је наметне својата „слаткоречива ништост“. Се надевав не на суета и себепромоција, туку на борба. Таква на која нејзините опортунизам и кусогледост не и се дораснати. Можеби би било паметно да се менуваат или ротираат лидерите на Пленумот . Срам ми беше додека гледав како, по појавата на премиерот, се смали на скалите пред хотелот. „Не сме против Вас“ Јадно, напиша Фрчкоска.
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Така де. Баш заради таа автономија тие од ПМФ земаат 32-3, тие од Правен барем дупло повеќе. Затоа треба таму малце скалпер, камшик или метла од надвор.
Како може ова да се протне? ПМФ колку и да е утепан, има вистински научници, со добри публикации. Не може тие бабите од правен туку така да ги надвикаат и да соберат дупло повеќе плата. Зар владата така им фрла куп кеш на цел универзитет, па овие после грабаат кој како ќе стигне?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.947
Како може ова да се протне? ПМФ колку и да е утепан, има вистински научници, со добри публикации. Не може тие бабите од правен туку така да ги надвикаат и да соберат дупло повеќе плата. Зар владата така им фрла куп кеш на цел универзитет, па овие после грабаат кој како ќе стигне?
Да... Се надгласуваат во ректорат и повешти се во процедури.
 
C

cige

Гостин
Откако вчера професорите скандалозно избегаа од дебатата за реформите во високото образование за која првично прифатија да учествуваат на местото кое самите го избраа, излезе на виделина скриената агенда на Студентскиот и Професоркиот пленум. Бегството на Професорскиот пленум од дебатата на која професорите ќе можеа арументирано да ги соочат сопствените аргументи беше поддржано и од Студентскиот пленум. Студентите кои се против измените, исто како и професорите “пленумци“ решија да не присуствуваат на дебатата која самите ја бараа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom