Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Кеф ми направи што изглегов на протестов. Излегов на пауза од работа и задоцнив цел саат ама потоа си останав 1 саат подоцна. И нареден пат на директорот ќе му речам цела недела по плус 3 саата ќе останам ама пак ќе дојдам. Имаше еден куп колеги шо исто се вработени и дојдоа. Ако не ме фаќа законот скоро крајот се гледа на моето студирање. И само кога поминав покрај дедото со индексот морници ми идеа.
Инаку да им ебам се на курир и останатите.
:cuc::cuc::cuc:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
Ај пошо малце се смирија тензиите и јас ги вклопив целокупните впечатоци од протестов да се изјаснам со мислење.

Го гледав Јанко вечерва и колку и да јаде гомна човекот, за една работа беше во право. Вика сакам да се јави студент да ми каже зошто протестира, дали протестира против екстерното или против реформи во образованието. Не знам дали е до некомпетентното пренесување на веста од медиумите, или си бираат што ќе известат и во каква конотација ќе го пренесат, ама поголем дел од населението кое гледа Сител и Канал5 , а нема пристап до интернет мислат дека протестираме бидејќи не ни се учи. Што е тотално погрешно.

Јас сум за реформи. Дека нешто треба да се смени во високото образование му е јасно и на дете од 10 години. Сфатете ме како сакате, ама мене срам ме пука кога гледам како прашуваат како се пресметува просек, а аплицираат за стипендија ( и ќе ја добијат ). Imam polozeno 9 predmeti dali imam pravo na stipendija nz kako da si presmetam prosek pomos? Стварно??? Криво ми е кога гледам студенти на универзитетот од Охрид, со кои сум учела средно, кои математика едвај со 2ка поминуваа, сеа земаат информатичка стипендија. Hello World не знае да испрограмира ама има просек 9,5. А утре кога ќе заврши исто звање ќе имаме. И кога нема да се вработи ќе кука мајка му како нејзиниот син бил дипломиран инжинер, а немал работа. Епа немал, се штанцаат дипломи, а знаење никаде.

Јас не сум против тоа да се отвараат универзитети, факултети. Нека се отвараат, нека му се пружи образование на секој ете. Плус и нека има некоја конкуренција меѓу универзитети бе. Ама, критериумот за положување и дипломирање нека биде ист на сите.
Нека не ги отвараат квотите за 1000 студенти. Нека бидат 250,300. Нека има приемен. Ама да знам дека кога сум влегла на факултет, сум влегла бидејќи стварно ме бива и имам капацитет да учам. Извинете ама нема секој капацитет да се носи со звањето дипломиран/магистер/доктор на науки.
Што е тотално во ред.

Не мора да се форсираат матурантите да се запишуваат на факултети, 98% факинг проценти се запишале минатата година. Кај сите таму и јас. Високото образование не е задолжително ќе рече некој, ама гледаш околу тебе сите се запишуваат, па околината ќе те направи будала ако ти не се запишеш на факултет. Четри години, да се има занимација некоја, да се убива време...и онака дипломата ти е загарантирана. А после ќе седат дома и ќе кукаат зошо немало работа. Има работа колку сакаш за работници, за келнери, шанкери,кувари...ама сите сакаат да се факултетски образовани и покрај интелектуалната неможност да го изведат тоа. Па родителите форсираат, имај диплома за секој случај. Кој е тој секој случај? Чичко ти ако стане претседател на месен комитет да може да те пикне во администрација и да си пичиш?

Факултетската диплома во едно нормално општество би требало да биде знак на некакво интелектуално суштество, некој кој вложил труд и напор да стигне до неа. Погледнете ги дипломците денес и во претходните 10 години. Секоја чест на исклучоци, ама 70% се изгубени во просторот и времето. Лутаат по ходници и варат кафиња. Другите 30% се вработени во приватен сектор. :)

Значи, да за реформи. Не за екстерното од многу причини кои се набројани погоре од други форумџии.

Околу протестот и кој го организирал имам само еден одговор-студентите самостојно. Не бев вклучена во организација ама со таков жар не се вика за ниедна политичка партија на ниеден митинг.
Мојата генерација израсна со зборовите транзиција, вмро и сдсм. И искрено смачено ми е од сите овие игри. Протест, контра протест. Вмро рече вака, сдсм рече вака. Не сме мали деца па да се правиме приглупи. Може мајка ми и татко ми се правеле приглупи многу пати кога требало да се реагира, ама мене ми е смачено. И тоа нека биде борбата на оваа генерација.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
безпредметно е тебе да ти се одговора, ама еве колку само да ти стаам до знање дека е така.


што треба сега јас студија да напишам и да го елаборирам мојот став? нема потреба. ставот како став е доволен, и јас си го искажав.
јас посакувам да имало државен испит кога јас студирав. ме прашуваш, ти одговорам.
јас сум сведок на неправди од забавиште, преку основно, средно и факс. механизам немало. неправди секогаш ќе има, ама не од таков тип кој јас сум ги осетил на своја кожа, а и ден денес функционираат.

која студенска организација која ги преставува сите студенти и говори во нивно име, претходно внатрешно усогласени ставови, може да дебатира со министерството за други решенија? јас посакувам да има таква. нема
невладина организација?
да не се заебаваме.

протекциски став. секогаш можеш да го наклониш мојот став кон кого било. јас со тоа немам ништо. јас ничив став не реков дека е протекциски. мојот став е искрен, за подобро. како било кој го доживува стварно не ме засега. губење време е тоа
Гледаш?
Сржта на проблемот е подлабоко.
Целиот образовен систем е помножен со нула. Ако сакаат реформи во образование, ако мислат дека постои корупција има за тоа надлежни да го решат,кривично нека ги гонат,ако сакаат можат да дознаат,шо мајка бараат да удрат по студентите?
Ако сакаат да не филтрираат, воведи приемен испит.

Кај ти е поентава на државен испит? Како ќе ми го оцени квалитетот на моето знаење едно просто прашање ? Како ?

Еве да ти најдам решение на твојот проблем шо толку ти е криво шо нема да полагаш државен испит,запиши си уште еден факултет и полагај, ако недај боже го воведат и прв биди на листа и потврди си го знаењето кое е дадено во форма на однапред даени прашања.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Саат и пол ги читав сите нови мислења од збор до збор, пошто од 3 попладне не се ставив на нет. По ова денеска најмногу што напиња е тоа што никој од горе не сака да си ја признае грешката во чекори која ја направи, тупењето на едно исто, генерализирање на оние кои протестираат како сите студенти да се исти во став и размислување за студирањето, начинот на она кое владата сака да го спроведе е со сила и со инат, пробувајќи да се направи лоботомија, и јас ако не застанам против, не би заслужил да го работам она што сакам да го работам. Викаат дека раководењето со државата е премногу сериозна работа за да и се препушти на народот. Нешто кое го следам долго. Но државата е онаа која треба да овозможи среќен и задоволен народ, народ кој нема да биде револтиран од некои постапки. Вистина е дека не може народот да ја води државата, но оние кои ја водат државата треба да работат за доброто на народот, а не за свое добро. Ова е тој turning point кај што треба да се ограничи кој со што и за што раководи. Водењето инат нема да ги донесе нигде, водењето на инат ќе го истакне само она што е веќе јасно, али фали доказ преку некоја ваква постапка, а тоа е дека оние на власт работат за свое добро, а не за добро на народот. Колку и да сум за некои промени во високото образование, начинот на кој се спроведува ова е лоботомирачко и не заслужува никаква поддршка. Кога масовна бројка бара нешто од тебе, ти, кој си назначен да ги задоволиш тие луѓе, а ти упорно тераш по свое, ти не си човек кој заслужува да биде таму кај што се наоѓа. Во постовите досега ја одржував неутралноста од причини кои повеќе пати ги повторував, но веќе не можам бидејќи ова е обид некој мене да ми стави чип во мозокот, а мојот мозок е само мој и никој не смее да ми го користи од сопствени морални причини, а поготово не кога јас се противам на тоа.

Како заклучок за ова, би сакал да ви кажам една вистинска приказна чија последица може многу да помогне за ова што се случува денеска. Еден Филип II, крал од античка Македонија пред 2000+ години, бил обврзан секогаш да го ислуша народот кој доаѓа да му се пожали, бидејќи е назначен да му служи на Македонскиот народ, а не на себе. Норма одредена од народното собрание во државата која морале да ја почитуваат сите Македонски кралеви. Поврзано со ова правило, еден ден во дворот дошла некоја стара бабичка која сакала да му се пожали за нешто. Филип на тоа и рекол "немам време јас сега да се замарам со тебе, имам поважни работи". Бабичката на тоа му рекла "ако немаш време за народот, тогаш не кралувај". Засрамен пред своите соработници, Филип се повлекол, седнал и ја ислушал бабичката.

Ако некој одбива да го ислуша народот, тогаш нека не владее.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Јас му реков на татко ми,работава шо дојде на овој степен,да ти е страв да искажеш мислење и ако не си со нив ,си против нив,вие сте криви вашите генераци шо како шо рече Емка се правеле приглупи и не излегле ниеднаш и не се побуниле
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.349
Поени од реакции
21.732
Ај пошо малце се смирија тензиите и јас ги вклопив целокупните впечатоци од протестов да се изјаснам со мислење.

Го гледав Јанко вечерва и колку и да јаде гомна човекот, за една работа беше во право. Вика сакам да се јави студент да ми каже зошто протестира, дали протестира против екстерното или против реформи во образованието. Не знам дали е до некомпетентното пренесување на веста од медиумите, или си бираат што ќе известат и во каква конотација ќе го пренесат, ама поголем дел од населението кое гледа Сител и Канал5 , а нема пристап до интернет мислат дека протестираме бидејќи не ни се учи. Што е тотално погрешно.

Јас сум за реформи. Дека нешто треба да се смени во високото образование му е јасно и на дете од 10 години. Сфатете ме како сакате, ама мене срам ме пука кога гледам како прашуваат како се пресметува просек, а аплицираат за стипендија ( и ќе ја добијат ). Imam polozeno 9 predmeti dali imam pravo na stipendija nz kako da si presmetam prosek pomos? Стварно??? Криво ми е кога гледам студенти на универзитетот од Охрид, со кои сум учела средно, кои математика едвај со 2ка поминуваа, сеа земаат информатичка стипендија. Hello World не знае да испрограмира ама има просек 9,5. А утре кога ќе заврши исто звање ќе имаме. И кога нема да се вработи ќе кука мајка му како нејзиниот син бил дипломиран инжинер, а немал работа. Епа немал, се штанцаат дипломи, а знаење никаде.

Јас не сум против тоа да се отвараат универзитети, факултети. Нека се отвараат, нека му се пружи образование на секој ете. Плус и нека има некоја конкуренција меѓу универзитети бе. Ама, критериумот за положување и дипломирање нека биде ист на сите.
Нека не ги отвараат квотите за 1000 студенти. Нека бидат 250,300. Нека има приемен. Ама да знам дека кога сум влегла на факултет, сум влегла бидејќи стварно ме бива и имам капацитет да учам. Извинете ама нема секој капацитет да се носи со звањето дипломиран/магистер/доктор на науки.
Што е тотално во ред.

Не мора да се форсираат матурантите да се запишуваат на факултети, 98% факинг проценти се запишале минатата година. Кај сите таму и јас. Високото образование не е задолжително ќе рече некој, ама гледаш околу тебе сите се запишуваат, па околината ќе те направи будала ако ти не се запишеш на факултет. Четри години, да се има занимација некоја, да се убива време...и онака дипломата ти е загарантирана. А после ќе седат дома и ќе кукаат зошо немало работа. Има работа колку сакаш за работници, за келнери, шанкери,кувари...ама сите сакаат да се факултетски образовани и покрај интелектуалната неможност да го изведат тоа. Па родителите форсираат, имај диплома за секој случај. Кој е тој секој случај? Чичко ти ако стане претседател на месен комитет да може да те пикне во администрација и да си пичиш?

Факултетската диплома во едно нормално општество би требало да биде знак на некакво интелектуално суштество, некој кој вложил труд и напор да стигне до неа. Погледнете ги дипломците денес и во претходните 10 години. Секоја чест на исклучоци, ама 70% се изгубени во просторот и времето. Лутаат по ходници и варат кафиња. Другите 30% се вработени во приватен сектор. :)

Значи, да за реформи. Не за екстерното од многу причини кои се набројани погоре од други форумџии.

Околу протестот и кој го организирал имам само еден одговор-студентите самостојно. Не бев вклучена во организација ама со таков жар не се вика за ниедна политичка партија на ниеден митинг.
Мојата генерација израсна со зборовите транзиција, вмро и сдсм. И искрено смачено ми е од сите овие игри. Протест, контра протест. Вмро рече вака, сдсм рече вака. Не сме мали деца па да се правиме приглупи. Може мајка ми и татко ми се правеле приглупи многу пати кога требало да се реагира, ама мене ми е смачено. И тоа нека биде борбата на оваа генерација.
Емке, постов како јас да сум ти го диктирал. Тоа е тоа. (y)

Сепак, јас би одел и со порадикални мерки. Би вовел и државен испит покрај другото. Мада ова зависи од човек до човек, битно целта ми ја сфаќате - под итно мора да се филтрираат универзитетите! Ова што се случува моментално ги поминува сите граници.

Во средно имав школски, не знаеше да чита, што се вели. Двојките што ги добиваше беа благодарение на тие околу него што му диктираа кога одговараше. Се гледа дека човекот нема капацитет за повеќе. Оди на факултет (приватен), го завршува со просек 9.7. Утре таквите ќе ги регрутираат како партиски војници и ќе ги примат во државна администрација, а немаат три чисти во главата. И после се чудиме зошто јавните установи/институции не функционираат како што треба...

Околу протестот, секако дека студенти го организираа, нивна иницијатива беше. Признавам, не ти е баш сеедно кога ќе чуеш дека ако паднеш на испитот, нема да можеш да продолжиш понатаму со студирање. Тоа што СДСМ се залепија како паразити за студентите, тоа е друга работа. Опозиција е, очекувано е да ја искористи секоја прилика. И другите да беа во оваа ситуација, најверојатно истото би го направиле.

Героски вошкарон (и остала багра вошкари) го боли стапот за студентите. Си брка работа човекот. Партиски интереси се во прашање. Очекувано е да ја искористат секоја можна прилика. Се прашувам само дали беа олку загреани за протести во 2004та, кога се носеше законот за територијална поделба, за референдумот!? Изгледа не.

Убаво рекле: политиката е курва. Лицемерна дволична курва која сака само да те искористи. Да те изебе таа тебе, не ти неа. Прангите од политичките партии не се ништо поразлични од прангите на религијата. Ова кај нас е еден вид современа инквизиција. Штета што многу луѓе не можат да осетат што е вистинска слобода.


Убаво рече Џака:
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Иначе секоја чест и за дечкиве што снимаа!

Дечкото со дронот (што ми е другарче) го приведоа во станица во Карпош. Го пуштија, но дел од снимките му се одземени затоа што „не смеело да има слики/снимки од Влада“. За да слика или снима морало да има дозвола. Каква е оваа дозвола, дали некој има повеќе инфо околу ова?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Oh God, предлогот и граматичките грешки во реченицата ме превртеа од стол.

 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
ти демек си против тие тендери, а инаку во суштина си за државен исипт, ама да има прави луѓе кои би го спровеле? патетика
и каква врска има каде сум јас? каква врска има кој сум јас? овдека за ставови се дискутира, не за тоа кој каде живее. таа карта најчесто се игра кога се нема аргументи.
а ако бев против исипт, и ви пишав браво момци, така се брани слободата, ќе бев тогаш небитен емигрант или ќе бев кул?
so toa so si izbegal od zemjata decko ti nemas pravo da zboris za tie so patat u nea...kapiras???dali ti e jasno? nema potreba za poveke diskusii...tvoeto mislenje ne e bitno...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
После ваков протест и масовност, треба премиерот да излезе на сител и да го повлече предлогот со ова објаснување, кога ќе го прашаат Зошто?
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Ај пошо малце се смирија тензиите и јас ги вклопив целокупните впечатоци од протестов да се изјаснам со мислење.

Го гледав Јанко вечерва и колку и да јаде гомна човекот, за една работа беше во право. Вика сакам да се јави студент да ми каже зошто протестира, дали протестира против екстерното или против реформи во образованието. Не знам дали е до некомпетентното пренесување на веста од медиумите, или си бираат што ќе известат и во каква конотација ќе го пренесат, ама поголем дел од населението кое гледа Сител и Канал5 , а нема пристап до интернет мислат дека протестираме бидејќи не ни се учи. Што е тотално погрешно.

Јас сум за реформи. Дека нешто треба да се смени во високото образование му е јасно и на дете од 10 години. Сфатете ме како сакате, ама мене срам ме пука кога гледам како прашуваат како се пресметува просек, а аплицираат за стипендија ( и ќе ја добијат ). Imam polozeno 9 predmeti dali imam pravo na stipendija nz kako da si presmetam prosek pomos? Стварно??? Криво ми е кога гледам студенти на универзитетот од Охрид, со кои сум учела средно, кои математика едвај со 2ка поминуваа, сеа земаат информатичка стипендија. Hello World не знае да испрограмира ама има просек 9,5. А утре кога ќе заврши исто звање ќе имаме. И кога нема да се вработи ќе кука мајка му како нејзиниот син бил дипломиран инжинер, а немал работа. Епа немал, се штанцаат дипломи, а знаење никаде.

Јас не сум против тоа да се отвараат универзитети, факултети. Нека се отвараат, нека му се пружи образование на секој ете. Плус и нека има некоја конкуренција меѓу универзитети бе. Ама, критериумот за положување и дипломирање нека биде ист на сите.
Нека не ги отвараат квотите за 1000 студенти. Нека бидат 250,300. Нека има приемен. Ама да знам дека кога сум влегла на факултет, сум влегла бидејќи стварно ме бива и имам капацитет да учам. Извинете ама нема секој капацитет да се носи со звањето дипломиран/магистер/доктор на науки.
Што е тотално во ред.

Не мора да се форсираат матурантите да се запишуваат на факултети, 98% факинг проценти се запишале минатата година. Кај сите таму и јас. Високото образование не е задолжително ќе рече некој, ама гледаш околу тебе сите се запишуваат, па околината ќе те направи будала ако ти не се запишеш на факултет. Четри години, да се има занимација некоја, да се убива време...и онака дипломата ти е загарантирана. А после ќе седат дома и ќе кукаат зошо немало работа. Има работа колку сакаш за работници, за келнери, шанкери,кувари...ама сите сакаат да се факултетски образовани и покрај интелектуалната неможност да го изведат тоа. Па родителите форсираат, имај диплома за секој случај. Кој е тој секој случај? Чичко ти ако стане претседател на месен комитет да може да те пикне во администрација и да си пичиш?

Факултетската диплома во едно нормално општество би требало да биде знак на некакво интелектуално суштество, некој кој вложил труд и напор да стигне до неа. Погледнете ги дипломците денес и во претходните 10 години. Секоја чест на исклучоци, ама 70% се изгубени во просторот и времето. Лутаат по ходници и варат кафиња. Другите 30% се вработени во приватен сектор. :)

Значи, да за реформи. Не за екстерното од многу причини кои се набројани погоре од други форумџии.

Околу протестот и кој го организирал имам само еден одговор-студентите самостојно. Не бев вклучена во организација ама со таков жар не се вика за ниедна политичка партија на ниеден митинг.
Мојата генерација израсна со зборовите транзиција, вмро и сдсм. И искрено смачено ми е од сите овие игри. Протест, контра протест. Вмро рече вака, сдсм рече вака. Не сме мали деца па да се правиме приглупи. Може мајка ми и татко ми се правеле приглупи многу пати кога требало да се реагира, ама мене ми е смачено. И тоа нека биде борбата на оваа генерација.
sve super ali ja utinjate poentata na celite protesti....ova ne e samo protiv esterno,ova ne e samo za reformi vo obrazovanieto...ova e za podlaboki reformi be... @PoetskaPravda ke staval drzaven ispit radikalno ke postapuval....znaes deka pak drzavniot ispit ke se polozi so vrski?so plateni nekolku iljadi na ministri?

Se furate drugari site kako vasite kolegi vrska nemale i polozuvale se?pa Drzaven ispit bre moroni e za use podobra selekcija za nivni luge da vlezat, da nemozes da se bunis posle,poso ti ke padnes oni nema da napisat niso na testot ali ke polozat!

DALI VI E JASNO DEKA DZABE KE IMATE PROSEK NA ZASTARENI PROGRAMI KOI NEMA VOOPSTO DA VI POMOGNAT NA RABOTNOTO MESTO

KOGA NA KRAJ PAK SO DIPLOMATA TREBA DA IMATE VRSKI???

ZAREM TOLKU NAIVNO SE GLEDA?KOJ E TOJ MENTALITET NA KOMSIJATA MU UMRELA KOZATA?

iam dosta dobar primer vo mojot zivot kako ke funkcionira toa, poso mi poebaa cela godnia,poloziv priemen u prvi mesta bev na listata za posle ministerot mi se javi i da mi kaze ne gi ispolnuvate uslovite...poradi nemanje vrski....e taka ke funkcionira i DRzavniot ispit so tolku mnogu se sitite za drugite da padnat,a ne gi otvarate ocite...RAZBUDETE SE
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Емке, постов како јас да сум ти го диктирал. Тоа е тоа. (y)

Сепак, јас би одел и со порадикални мерки. Би вовел и државен испит покрај другото. Мада ова зависи од човек до човек, битно целта ми ја сфаќате - под итно мора да се филтрираат универзитетите! Ова што се случува моментално ги поминува сите граници.

Во средно имав школски, не знаеше да чита, што се вели. Двојките што ги добиваше беа благодарение на тие околу него што му диктираа кога одговараше. Се гледа дека човекот нема капацитет за повеќе. Оди на факултет (приватен), го завршува со просек 9.7. Утре таквите ќе ги регрутираат како партиски војници и ќе ги примат во државна администрација, а немаат три чисти во главата. И после се чудиме зошто јавните установи/институции не функционираат како што треба...

Околу протестот, секако дека студенти го организираа, нивна иницијатива беше. Признавам, не ти е баш сеедно кога ќе чуеш дека ако паднеш на испитот, нема да можеш да продолжиш понатаму со студирање. Тоа што СДСМ се залепија како паразити за студентите, тоа е друга работа. Опозиција е, очекувано е да ја искористи секоја прилика. И другите да беа во оваа ситуација, најверојатно истото би го направиле.

Героски вошкарон (и остала багра вошкари) го боли стапот за студентите. Си брка работа човекот. Партиски интереси се во прашање. Очекувано е да ја искористат секоја можна прилика. Се прашувам само дали беа олку загреани за протести во 2004та, кога се носеше законот за територијална поделба, за референдумот!? Изгледа не.

Убаво рекле: политиката е курва. Лицемерна дволична курва која сака само да те искористи. Да те изебе таа тебе, не ти неа. Прангите од политичките партии не се ништо поразлични од прангите на религијата. Ова кај нас е еден вид современа инквизиција. Штета што многу луѓе не можат да осетат што е вистинска слобода.


Убаво рече Џака:
Ти си јa утнaл пoентaтa нa сите нaши пoстoви дo сегa.
Никoј тукa не викa декa е сoвршенo висoкoтo сoбрaние. Сите се зa рефoрми, aмa рефoрми кoи ствaрнo ќе прoменaт нештo, a не кaкo штo викa бaте брутус дa бидaт сaмo кoзметикa.
Ќе си бил рaдикaлен и ќе си вoвел држaвен испит. Штo е рaдикaлнoтo вo тoa нa некoј oднaпред дa му ги дaдеш прaшaњaтa, дa гo oстaвиш дa си пoлaгa кoлку му е ќеиф, a притoa дa не нaпрaвиш прoменa вo oснoвaтa ?
Читни гo писмoтo штo е oстaвенo вo Влaдa вчерa и ќе видиш штo се не чини сo "рефoрмaвa" и "рaдикaлнoтo" е сaмo терaње нa пoлoшo и oвa штo пoстoи сегa.
И рекoв, сите тукa се зa рефoрми. И јaс вo првите пoстoви нa темaвa пишaв декa сум зa приемен испит местo зa смешките штo се викaaт "држaвнa мaтурa". Амa "рефoрми" кoи oдaт прoтив Устaвoт и здрaвиoт рaзум, НЕ ФАЛА !

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
10685557_10203996664691887_4224199440299403110_n.jpg

Леле, не можам!!! :pos::pos::pos::pos::vozbud::vozbud::vozbud: Секоја чест за Милчо! :cuc:


Само едно прашање...кои тоа функционери на СДСМ излегле да протестираат? Рената Дескоска? Па човече, жената е професор на Правен, зарем не смее да ги подржи своите студенти? Астеруд? Таа не знам дали уште е во СДСМ, али и да е, и она е професор. Па ги заокрожуиле Ѓунар Исмаил, Најчевска, Геровски...Смешни и трагикомични се обидите се на провладините медиуми и партиски потрчковци т.е. полтрони да го оцрнат овој масовен протест. Иначе, можеби немало 7.500, но 6500 сигурно! Баш го чекам Брутус да ми пише, може и по ПП, сигурно ја чита темава и се нервира што не може да пишува, како тоа бил „киднапиран“ протестот. :D НИЕДЕН ИНЦИДЕНТ, ниедна провокација! (на страна заплашувањата, притисоците) И да, да ги пофалам и припадниците на МВР, професионално си ја завршија работата. Дури и немаше многу полиција искрено за толкава толпа луѓе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom