Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Незнам дали е прашање на упорност или корупција во образовниот систем. Како и да е дека има корупција има. Јас лично има положено 3-4 испити онака со 10ка на бафтана. Дел ми беа роднини дел луѓе кои ми должат доста. Додуше 3-4 од 40тина испити не се многу и добар дел од работите морав да ги научам после поради што ми требаа во работата.Не дека беш нешто посебно добар со врските имаше многу луѓе со повеќе од мене. Како и да е мислам дека имаше доста корупција на УКИМ...како и да е генерално лош впечаток ни оставија професорите на УКИМ.
Да де, но болдираново не се решава со екстерно, тоа е муабетот. Нека престанат да вработуваат асистенти и професори по партиска линија е мал чекор но добар чекор.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.257
Поени од реакции
8.886
1. се плашиш дека нема да го положиш?
ако не го положиш, оценката која си ја добил не соодејствува со твоето знаење, кога ќе научиш и ќе ја заслужиш ќе поминеш. ако замислата ти е без знаење да тераш високо образвание, не знам што праиме муабет воопшто.
Па за кој мој отвараа факултети во секое село? Дали според тебе би било исто во ЛШ да играат 32 екипи или 128 екипи? Дали во вториот случај би се задржал квалитетот на натпреварите како во првиот? Кој ги тепаше по уши тие цепаници да стимулираат ученици кои одвај завршиле средно да се запишуваат на факултет? Или им се лапаа парички тогаш, а сега ќе лелекаат квалитетот на образованието се намалил. Патетика и моронштина!

2. не мислам апсолутно дека ќе се решат проблемите. но еве прашав, студентите предложија алтернатива или други драстични реформи за да се смени на подобро или мислат дека високото образование е ок баш како што е? јас не што не мислам дека државен испит ќе го реши проблемот, јас сум за многу построги критериуми, ама тогаш каде би бил крајов на дискусијава? ваљда ти не си против државен испит пошто многу е благ, па сакаш нешто построго? прашањето под 2 ти е надвор од здрав разум, бидејќи ти првенствоно си против државен испит.
И јас сум за истото. Ама да има испити и за пратениците и за владните функционери. Замисли, за хаусмајстор во училиште се бара уверение за неосудуваност. А на пратениците и владините функционери не им се бара ни уверение за неосудуваност, ни лекарско уверение, ни знаење, ни англиски, ни знаење на компјутерски вештини, само дигање рака и климање со глава на предлозите на лидерот, што значи секој трупец што ќе го најдеш на улица може да биде пратеник и да ти ја крои судбината.

Во секоја приватна фирма се тестираат кандидатите кои сакаат да бидат примени, само во Законодавната и Извршната власт кај нас може да влезе секој балван, зашто од него не се бара НИКАКВО знаење, само беспоговорно полтронство.
Вака, кој сака да биде кандидат за пратеник - тестирање од професори на Сорбона, Оксфорд и Принстон, а за владин функционер - тестирање од професори од НАСА и ЦЕРН.
Тогаш јас прв ќе го поддржам екстерното тестирање.
 
Последно уредено:

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Да де, но болдираново не се решава со екстерно, тоа е муабетот. Нека престанат да вработуваат асистенти и професори по партиска линија е мал чекор но добар чекор.
Јас испитите си ги положив без учење кај роднини или кај луѓе кои ги знам и ни дужат работи. Немаше никакви партиски врски, појма нема од која партија беа. Се работи за чиста корупција на лично ниво. Сите што ги знам 90% си ги полагаа испитите без учење не дека се членови на партија туку поради мама и тато. Најголем дел од корупцијата е поради недостаток на личен интегритет и морал кај професорите а би рекол дури и кај студентите. Знам дека е контрадикторно тоа што го зборувам и што сум го правел ама...едно е објективност друго е субјективност и лична корист. Проблем е македонскиот менталитет и општеството не е закон влада или опозиција.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
И јас сум за истото. Ама да има испити и за пратениците и за владните функционери. Замисли, за хаусмајстор во училиште се бара уверение за неосудуваност. А на пратениците и владините функционери не им се бара ни уверение за неосудуваност, ни лекарско уверение, ни знаење, ни англиски, ни знаење на компјутерски вештини, само дигање рака и климање со глава на предлозите на лидерот, што значи секој трупец што ќе го најдеш на улица може да биде пратеник и да ти ја крои судбината.

Во секоја приватна фирма се тестираат кандидатите кои сакаат да бидат примени, само во Законодавната и Извршната власт кај нас може да влезе секој балван, зашто од него не се бара НИКАКВО знаење, само беспоговорно полтронство.
Вака, кој сака да биде кандидат за пратеник - тестирање од професори на Сорбона, Оксфорд и Принстон, а за владин функционер - тестирање од професори од НАСА и ЦЕРН.
Тогаш јас прв ќе го поддржам екстерното тестирање.
Барем биди искрен и не викај Долу Екстерно туку Долу Влада!!! Екстерното не е проблем само за себе.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Се е ова последица на реформите од пред 5-6 години, уште тогаш сите показатели укажуваа дека запишување на факултет на 99% од средношколците, отварањето без никакви критериуми, просторни, технички или кадровски услови на факултети низ целата држава и генерално спуштањето на условите за запишување на факултет ќе доведе до несогледливи последици по квалитетот на образоването и на новосоздадените кадри.​

И сега, наместо да се консултираат со попаменти од нив за излез од калта во која сами се заглавија, тие на инат и на сила тераат уште поглупави и понепродуктивни „реформи“.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Примерите што се пишани неколку страни за подобрување на образованието (купена диплома или подмитен професор, најчесто) повеќе ми изгледаат како проблем со корупцијата отколку проблеми на образовниот систем сам по себе.
 
Последно уредено:

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Се е ова последица на реформите од пред 5-6 години, уште тогаш сите показатели укажуваа дека запишување на факултет на 99% од средношколците, отварањето без никакви критериуми, просторни, технички или кадровски услови на факултети низ целата држава и генерално спуштањето на условите за запишување на факултет ќе доведе до несогледливи последици по квалитетот на образоването и на новосоздадените кадри.​

И сега, наместо да се консултираат со попаменти од нив за излез од калта во која сами се заглавија, тие на инат и на сила тераат уште поглупави и понепродуктивни „реформи“.
Е добро ќе паднат на екстерен или екстерниот ќе биде на толку ниско ниво што на Математика на ПМФ ќе прашуваат колку е 1^0. И...големата работа не дека ќе се оправи или распадне државата.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.257
Поени од реакции
8.886
Е добро ќе паднат на екстерен или екстерниот ќе биде на толку ниско ниво што на Математика на ПМФ ќе прашуваат колку е 1^0. И...големата работа не дека ќе се оправи или распадне државата.
А кој ќе ги прашува и оценува? Оние кои не знаат ни таблица множење на едноцифрени броеви без дигитрон, нели?
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
А кој ќе ги прашува и оценува? Оние кои не знаат ни таблица множење на едноцифрени броеви без дигитрон, нели?
Да, тие кои завршиле на УКИМ и докторирале. Или некои странци. Незнам точно...сигурно некој што знае нема да турат куче да испитува. Не дека професорите ги бива на УКИМ многу најверојатно немаше да се стигне до тука ако ги биваше.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.701
Поени од реакции
13.357
@Cassaro , не реков дека сум поинтелигентен јас ако имам факултет, не немам факултет туку многу повеќе од факултет ;), јас сум против денешните лигуши кои завршуваат факултети без да имаат три чисти, против лигушите кои до вчера имаа по 10 единици во средна школа, а дозволи оваа мочана држава да се запишат и со бубици да завршат факултети, тоа сум против. Против што средното е помножено со нула, ради истите тие бараби кои завршија факултет. Интелигенција се мери со специфични тестови, а не на форумов од луѓе кои не ги ни знаеш не си што реално работатат (ако воопшто си слушнал за професија како мојата бидејќи 5мина во државата ја работиме и не за глупото македонче туку за луѓе кои знаат што значи и дека иднината лежи во тоа), ако некој смета дека е интелигентен и со 4 одделение му е доволно да функционира не му треба ништо и нека си биде како таков, али во соодветна област каде што не варира многу многу образованието и уште понормално со законски регулативи каде може да си го пика носот. Тоа ако сметаш дека си подобар и поинтелигентен можеш да си бидеш немам против тебе, а ако ти е малку средното оди жали се кај бацките кои ти го срушија да ти важи помалку од на родителите основното што му важело.
@Isak Keyten не се убивам јас, вие самите се убивате што трчате како овци и ги поддржувате истите работи да функционираат и понатаму (нормално ако си и ти еден од тие батки кои не заслужуваат ни средно да завршат и завршиле со мама тате ваљда те навредив).
Си зедов малку слобода да ти го цитирам мислењето и го префрлам тука - на темата, да укажам каде грешиш, а каде си во право.
Точно е дека секој денес може да се запише на факултет и со тоа голем дел од тие само со завршено средно драстично им паѓа цената. Бидејќи реално пазарот бара повеќе учени, а ученото освен со пемпеле не можеш никако другачие да го докажеш. До тука би се сложил.
Понатаму, тоа што владеачкава гарнитура ти го наметна средното како задолжително, скоро да му ја помножил неговата цена со нула. Значи денес и рамче и петре и љутви и мирко откако ќе завршат средно (а ќе завршат) остануваат еднакви пред пазарот на трудот. Затоа секој денес бара повеќе да се усоврши за да биде повеќе ценет.
Второ, со воведување на екстерното, нема буквално ништо да смени во оноа што ти сакаш - твојата цена на труд да се крене, а фрустрациите да ти се анулираат. И петко, и рамче и љутви ќе си ги добијат одговорите. А поготово оние мамини и татини синковци кои мама и тато трчкаат по штабови а самите деца се партиски мегафони по социјалните мрежи. Фамилијарен бизнис = гласачко тело во племенска заедница. Со екстерното не се добива тоа за кое ти мислиш и веруваш - казнување на незнаењето, туку се губи автономноста на факултетите. Истото важи и за средните школи, чак што више таму да направиш создадеш критична маса е далеку потешко. Разликата во средните е што поголем дел од тамошната раја е се` уште зависна од родителскиот џеб, и затоа се` уште не може да мрдне со прстот. Има такви кои се со бунтовен дух, но пак ќе кажам, ако паднат на екстерно, најголемиот дел што ќе наебе се родителите кои ќе дадат пари за презапишување - свота која не се споредува со онаа при упис на семестар на факс.
Кога ќе ја сфатиш реалната слика на еден студент и фактот дека 100 евра е минимумот за упис на семестар, а сето тоа ти го диригира власта која ги обележува сите оние кои имаат различно мислење од неа, тогаш ќе го сфатиш целиот протест и зошто истиот е инициран од студентите а не од политичките партии.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Да, тие кои завршиле на УКИМ и докторирале. Или некои странци. Незнам точно...сигурно некој што знае нема да турат куче да испитува. Не дека професорите ги бива на УКИМ многу најверојатно немаше да се стигне до тука ако ги биваше.
Можеби постојат смерови на факултети каде има повеќе докторирани експерти од различни области каде може да се формира комисија, но не е секаде така. Постојат многу, да повторам, МНОГУ смерови кои едноставно не поседуваат доволно стручен квадар. Не само што нема вишок за да се направи група која ќе поставува прашања, некаде не ни има доволно професори за да ги предаваат сите предмети. Ќе се доведе до ситуација истиот оној кој ти ги прави прашања за колоквиум и испит, да ти ги прави прашањата и за ова. Логика нула...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom