Кеф ми направи што изглегов на протестов. Излегов на пауза од работа и задоцнив цел саат ама потоа си останав 1 саат подоцна. И нареден пат на директорот ќе му речам цела недела по плус 3 саата ќе останам ама пак ќе дојдам. Имаше еден куп колеги шо исто се вработени и дојдоа. Ако не ме фаќа законот скоро крајот се гледа на моето студирање. И само кога поминав покрај дедото со индексот морници ми идеа.
Инаку да им ебам се на курир и останатите.
![]()
Гледаш?безпредметно е тебе да ти се одговора, ама еве колку само да ти стаам до знање дека е така.
што треба сега јас студија да напишам и да го елаборирам мојот став? нема потреба. ставот како став е доволен, и јас си го искажав.
јас посакувам да имало државен испит кога јас студирав. ме прашуваш, ти одговорам.
јас сум сведок на неправди од забавиште, преку основно, средно и факс. механизам немало. неправди секогаш ќе има, ама не од таков тип кој јас сум ги осетил на своја кожа, а и ден денес функционираат.
која студенска организација која ги преставува сите студенти и говори во нивно име, претходно внатрешно усогласени ставови, може да дебатира со министерството за други решенија? јас посакувам да има таква. нема
невладина организација?
да не се заебаваме.
протекциски став. секогаш можеш да го наклониш мојот став кон кого било. јас со тоа немам ништо. јас ничив став не реков дека е протекциски. мојот став е искрен, за подобро. како било кој го доживува стварно не ме засега. губење време е тоа
Емке, постов како јас да сум ти го диктирал. Тоа е тоа.Ај пошо малце се смирија тензиите и јас ги вклопив целокупните впечатоци од протестов да се изјаснам со мислење.
Го гледав Јанко вечерва и колку и да јаде гомна човекот, за една работа беше во право. Вика сакам да се јави студент да ми каже зошто протестира, дали протестира против екстерното или против реформи во образованието. Не знам дали е до некомпетентното пренесување на веста од медиумите, или си бираат што ќе известат и во каква конотација ќе го пренесат, ама поголем дел од населението кое гледа Сител и Канал5 , а нема пристап до интернет мислат дека протестираме бидејќи не ни се учи. Што е тотално погрешно.
Јас сум за реформи. Дека нешто треба да се смени во високото образование му е јасно и на дете од 10 години. Сфатете ме како сакате, ама мене срам ме пука кога гледам како прашуваат како се пресметува просек, а аплицираат за стипендија ( и ќе ја добијат ). Imam polozeno 9 predmeti dali imam pravo na stipendija nz kako da si presmetam prosek pomos? Стварно??? Криво ми е кога гледам студенти на универзитетот од Охрид, со кои сум учела средно, кои математика едвај со 2ка поминуваа, сеа земаат информатичка стипендија. Hello World не знае да испрограмира ама има просек 9,5. А утре кога ќе заврши исто звање ќе имаме. И кога нема да се вработи ќе кука мајка му како нејзиниот син бил дипломиран инжинер, а немал работа. Епа немал, се штанцаат дипломи, а знаење никаде.
Јас не сум против тоа да се отвараат универзитети, факултети. Нека се отвараат, нека му се пружи образование на секој ете. Плус и нека има некоја конкуренција меѓу универзитети бе. Ама, критериумот за положување и дипломирање нека биде ист на сите.
Нека не ги отвараат квотите за 1000 студенти. Нека бидат 250,300. Нека има приемен. Ама да знам дека кога сум влегла на факултет, сум влегла бидејќи стварно ме бива и имам капацитет да учам. Извинете ама нема секој капацитет да се носи со звањето дипломиран/магистер/доктор на науки.
Што е тотално во ред.
Не мора да се форсираат матурантите да се запишуваат на факултети, 98% факинг проценти се запишале минатата година. Кај сите таму и јас. Високото образование не е задолжително ќе рече некој, ама гледаш околу тебе сите се запишуваат, па околината ќе те направи будала ако ти не се запишеш на факултет. Четри години, да се има занимација некоја, да се убива време...и онака дипломата ти е загарантирана. А после ќе седат дома и ќе кукаат зошо немало работа. Има работа колку сакаш за работници, за келнери, шанкери,кувари...ама сите сакаат да се факултетски образовани и покрај интелектуалната неможност да го изведат тоа. Па родителите форсираат, имај диплома за секој случај. Кој е тој секој случај? Чичко ти ако стане претседател на месен комитет да може да те пикне во администрација и да си пичиш?
Факултетската диплома во едно нормално општество би требало да биде знак на некакво интелектуално суштество, некој кој вложил труд и напор да стигне до неа. Погледнете ги дипломците денес и во претходните 10 години. Секоја чест на исклучоци, ама 70% се изгубени во просторот и времето. Лутаат по ходници и варат кафиња. Другите 30% се вработени во приватен сектор.
Значи, да за реформи. Не за екстерното од многу причини кои се набројани погоре од други форумџии.
Околу протестот и кој го организирал имам само еден одговор-студентите самостојно. Не бев вклучена во организација ама со таков жар не се вика за ниедна политичка партија на ниеден митинг.
Мојата генерација израсна со зборовите транзиција, вмро и сдсм. И искрено смачено ми е од сите овие игри. Протест, контра протест. Вмро рече вака, сдсм рече вака. Не сме мали деца па да се правиме приглупи. Може мајка ми и татко ми се правеле приглупи многу пати кога требало да се реагира, ама мене ми е смачено. И тоа нека биде борбата на оваа генерација.
Дечкото со дронот (што ми е другарче) го приведоа во станица во Карпош. Го пуштија, но дел од снимките му се одземени затоа што „не смеело да има слики/снимки од Влада“. За да слика или снима морало да има дозвола. Каква е оваа дозвола, дали некој има повеќе инфо околу ова?Иначе секоја чест и за дечкиве што снимаа!
so toa so si izbegal od zemjata decko ti nemas pravo da zboris za tie so patat u nea...kapiras???dali ti e jasno? nema potreba za poveke diskusii...tvoeto mislenje ne e bitno...ти демек си против тие тендери, а инаку во суштина си за државен исипт, ама да има прави луѓе кои би го спровеле? патетика
и каква врска има каде сум јас? каква врска има кој сум јас? овдека за ставови се дискутира, не за тоа кој каде живее. таа карта најчесто се игра кога се нема аргументи.
а ако бев против исипт, и ви пишав браво момци, така се брани слободата, ќе бев тогаш небитен емигрант или ќе бев кул?
sve super ali ja utinjate poentata na celite protesti....ova ne e samo protiv esterno,ova ne e samo za reformi vo obrazovanieto...ova e za podlaboki reformi be... @PoetskaPravda ke staval drzaven ispit radikalno ke postapuval....znaes deka pak drzavniot ispit ke se polozi so vrski?so plateni nekolku iljadi na ministri?Ај пошо малце се смирија тензиите и јас ги вклопив целокупните впечатоци од протестов да се изјаснам со мислење.
Го гледав Јанко вечерва и колку и да јаде гомна човекот, за една работа беше во право. Вика сакам да се јави студент да ми каже зошто протестира, дали протестира против екстерното или против реформи во образованието. Не знам дали е до некомпетентното пренесување на веста од медиумите, или си бираат што ќе известат и во каква конотација ќе го пренесат, ама поголем дел од населението кое гледа Сител и Канал5 , а нема пристап до интернет мислат дека протестираме бидејќи не ни се учи. Што е тотално погрешно.
Јас сум за реформи. Дека нешто треба да се смени во високото образование му е јасно и на дете од 10 години. Сфатете ме како сакате, ама мене срам ме пука кога гледам како прашуваат како се пресметува просек, а аплицираат за стипендија ( и ќе ја добијат ). Imam polozeno 9 predmeti dali imam pravo na stipendija nz kako da si presmetam prosek pomos? Стварно??? Криво ми е кога гледам студенти на универзитетот од Охрид, со кои сум учела средно, кои математика едвај со 2ка поминуваа, сеа земаат информатичка стипендија. Hello World не знае да испрограмира ама има просек 9,5. А утре кога ќе заврши исто звање ќе имаме. И кога нема да се вработи ќе кука мајка му како нејзиниот син бил дипломиран инжинер, а немал работа. Епа немал, се штанцаат дипломи, а знаење никаде.
Јас не сум против тоа да се отвараат универзитети, факултети. Нека се отвараат, нека му се пружи образование на секој ете. Плус и нека има некоја конкуренција меѓу универзитети бе. Ама, критериумот за положување и дипломирање нека биде ист на сите.
Нека не ги отвараат квотите за 1000 студенти. Нека бидат 250,300. Нека има приемен. Ама да знам дека кога сум влегла на факултет, сум влегла бидејќи стварно ме бива и имам капацитет да учам. Извинете ама нема секој капацитет да се носи со звањето дипломиран/магистер/доктор на науки.
Што е тотално во ред.
Не мора да се форсираат матурантите да се запишуваат на факултети, 98% факинг проценти се запишале минатата година. Кај сите таму и јас. Високото образование не е задолжително ќе рече некој, ама гледаш околу тебе сите се запишуваат, па околината ќе те направи будала ако ти не се запишеш на факултет. Четри години, да се има занимација некоја, да се убива време...и онака дипломата ти е загарантирана. А после ќе седат дома и ќе кукаат зошо немало работа. Има работа колку сакаш за работници, за келнери, шанкери,кувари...ама сите сакаат да се факултетски образовани и покрај интелектуалната неможност да го изведат тоа. Па родителите форсираат, имај диплома за секој случај. Кој е тој секој случај? Чичко ти ако стане претседател на месен комитет да може да те пикне во администрација и да си пичиш?
Факултетската диплома во едно нормално општество би требало да биде знак на некакво интелектуално суштество, некој кој вложил труд и напор да стигне до неа. Погледнете ги дипломците денес и во претходните 10 години. Секоја чест на исклучоци, ама 70% се изгубени во просторот и времето. Лутаат по ходници и варат кафиња. Другите 30% се вработени во приватен сектор.
Значи, да за реформи. Не за екстерното од многу причини кои се набројани погоре од други форумџии.
Околу протестот и кој го организирал имам само еден одговор-студентите самостојно. Не бев вклучена во организација ама со таков жар не се вика за ниедна политичка партија на ниеден митинг.
Мојата генерација израсна со зборовите транзиција, вмро и сдсм. И искрено смачено ми е од сите овие игри. Протест, контра протест. Вмро рече вака, сдсм рече вака. Не сме мали деца па да се правиме приглупи. Може мајка ми и татко ми се правеле приглупи многу пати кога требало да се реагира, ама мене ми е смачено. И тоа нека биде борбата на оваа генерација.
Ти си јa утнaл пoентaтa нa сите нaши пoстoви дo сегa.Емке, постов како јас да сум ти го диктирал. Тоа е тоа.
Сепак, јас би одел и со порадикални мерки. Би вовел и државен испит покрај другото. Мада ова зависи од човек до човек, битно целта ми ја сфаќате - под итно мора да се филтрираат универзитетите! Ова што се случува моментално ги поминува сите граници.
Во средно имав школски, не знаеше да чита, што се вели. Двојките што ги добиваше беа благодарение на тие околу него што му диктираа кога одговараше. Се гледа дека човекот нема капацитет за повеќе. Оди на факултет (приватен), го завршува со просек 9.7. Утре таквите ќе ги регрутираат како партиски војници и ќе ги примат во државна администрација, а немаат три чисти во главата. И после се чудиме зошто јавните установи/институции не функционираат како што треба...
Околу протестот, секако дека студенти го организираа, нивна иницијатива беше. Признавам, не ти е баш сеедно кога ќе чуеш дека ако паднеш на испитот, нема да можеш да продолжиш понатаму со студирање. Тоа што СДСМ се залепија како паразити за студентите, тоа е друга работа. Опозиција е, очекувано е да ја искористи секоја прилика. И другите да беа во оваа ситуација, најверојатно истото би го направиле.
Героски вошкарон (и остала багра вошкари) го боли стапот за студентите. Си брка работа човекот. Партиски интереси се во прашање. Очекувано е да ја искористат секоја можна прилика. Се прашувам само дали беа олку загреани за протести во 2004та, кога се носеше законот за територијална поделба, за референдумот!? Изгледа не.
Убаво рекле: политиката е курва. Лицемерна дволична курва која сака само да те искористи. Да те изебе таа тебе, не ти неа. Прангите од политичките партии не се ништо поразлични од прангите на религијата. Ова кај нас е еден вид современа инквизиција. Штета што многу луѓе не можат да осетат што е вистинска слобода.
Убаво рече Џака:
![]()