Да прокоментирам нешто во врска со информацииве кои „најдобрите„ телевизии во нашава земја им ги пружат на своите гледачи. Во секој прилог за екстерново, упс државниот испит споменуваат дека и во други земји од светот имало таков државен испит, зошто тогаш со докази не ги напоменат сите тие земји во светот и зошто доколку во сите тие земји има државен испит мора да има и во Македонија? Ако веќе сакаме да се угледуваме на тие држави тогаш нека почнат да ги копират од други работи, а не од образованието иако мојот став е дека државен испит има само во Македонија и некаков си сличен критерум на оценување има во Џибути, Лесото, Тахити или Никарагва.
И само уште нешто со извинување ако има врска со политика, денес имало 7000, а од тие 7000 сигурно 50% ја одбраа сегашната власт, претпоставувајќи каква иднина ги чека.