Ќе се бара нафта во Македонија

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ќе се бара нафта во Македонија


26.07.2009 16:44

Романци ќе утврдуваат на кои локации е најдобро да се бара нафта во Македонија, но гаранции дека земјава лежи врз извори на црното злато засега нема.
Консултантската куќа Проспект уни, со седиште во Букурешт, по нарачка на владата го изготви извештајот за тоа дали воопшто вреди да се истражува има ли нафта во земјава.
Според информациите на А1, во него експертите предложиле да се направат две тест дупчења во тиквешкиот и овчеполскиот регион на локации кои претходно со сериозни геофизички испитувања ќе се означат како најпогодни за можни наоѓалишта на нафта.
Романските експерти констатирале дека само со експериментални дупчења ќе може да се разбие дилемата, дали во Македонија има нафта, бидејќи не им била доволна документацијата што датира од 70-те години на минатиот век, кога во овчеполието имало неколку обиди да се бараат нафтени извори и залихи.
Прашањето дали Македонија лежи на нафта се актуелизираше пред три години кога британско - канадскиот конзорциум, Банкерс петролеум, почна сериозни преговори со владата за да бара нафта во Македонија.
Договор не беше постигнат, а државата почна сопствена иницијатива за проверка на сомнежите. Според информациите на А1 следната недела консултантите од Романија во Министерството за економија ќе го претстават извештајот за досегашните истражувања по што ќе се утврдат следните чекори.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=111929

Aj mozebi ke ni se skratat makite...Naftata bi bila kako stvorena za nas....
Pari bez trud....
Son na sekoj Makedonec...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Е вака порано кога не бил изграден хидросистемот, тутунот се наводнувал од вирови. Една ден некои пријатели за штос на еден свој пријател му истуриле нафта и масло во неговиот вир. Така да кога дошол човекот да си го наводнува тутунот ја забележал големата нафтена дамка над водата, и по сугестија на своите пријатели отишол официјално да го пријави својот извор на нафта во општина :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Инаку сериозно сега мислам премногу шпекулации има од типот има нема нафта во Овчеполе, има нема дијаманти во Шелеверци :), кога ќе се направи некоја сериозна студија тогаш ќе ја знаеме вистината.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мислам дека порано во 70-тите во пелагонија се правени бушења за нафта. Но, технологијата и системот не дозволувал да бушат длабоко, па стигнаа единствено до киселата (минерална) вода која патем така течи безвеза (да не ја вртам темата во погрешен правец, ги имаме изворите на природна вода не сме ги искористилие мислите дека некој нафта ке ја искористи?????). Се смета дека под водата, можно е да има нафта, колку е тоа реално треба некој да застане, да избуши и да ги потврди или негира овие податоци.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
И да има нафта, нема да видиме ни П од парите.
 
Член од
9 јануари 2009
Мислења
188
Поени од реакции
72
ја мислам дека подобро е да се поработе на искористување на другите природните извори на енергија кои веќе е утврдено дека ги има одколку да се прават некои вакви истражувања.
 
N

n/a

Гостин
Мора да има нафта!
Ќе бараме само кај е. :vozbud:

Наравоучение.
Кај има муслимани има и нафта!
У Македонија...
треба да се сконцентрираме со барање у Западна Македонија.
Особено типуем дека струшката област би можела да крие нафта. :raz:
(п.с. Зеко се заебава, ама ништо чудно и да е точен неговиот наод, ме разбираш... :pos2:)

Abe ako se pogodi na nekoj vo nivata kje imame sheici...
То зависи од многу околности батка... :vozbud:
Рецимо на граница со Сирија, у Турска,
една курда нешто си бушел на неговата нива и види чудо...
му искочила нафта.
Пресреќен,ги викнал надлежните од Анкара за да се пофали каква среќа го задесила.
:toe:
Арно ама овие,
дип пезевенци,
нешто не му се нарадувале,па уште и некој затвор му спомнуеле пошто чепкал кај шо не му е работа...
и му објасниле дека негово според закон е тоа што е на површина на земјата,
а се останато принадлежи на државата. :vozbud:

Па на сиротиот курдин...
и една плоча бетон му турија гратис на нивчето!
(и како после човек да не биде P.K.K )
:toe:
 

paradajz

форумџија без ресор
Член од
19 јули 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
најдобро е да се провери и да се знае за да нема шпекулации и лажни надежи а околу сопственоста мислам дека од 5м (или помалку) надолу во земја е сопственост на државата
 
C

cige

Гостин
И да има нафта, нема да видиме ни П од парите.
И јас се плашам од истото, и мислам дека ќе биде реалност.
Ние неможеме да ги флашираме виното, извезуваме грозје. Не пак нафта да продаваме:tapp:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Грешка си, ќе имаме нивеици :)

Во контекст на темата се додека не излезе нешто конкретно се е шпекулација.

Важно ќе се буши...
А кога има во Хрватска зошто да нема во Македонија..
Прашање е дали количините се доволни за да се исплати...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Важно ќе се буши...
А кога има во Хрватска зошто да нема во Македонија..
Прашање е дали количините се доволни за да се исплати...
Да не се разбереме погрешно, нафта сакаме сите или поточно нафтени извори затоа што ако навистина се најдат можеби ќе решат еден куп проблеми, прво економски, а потоа и политички. Само мислам дека од досегашниве обиди немаше ништо конкретно ниту озбилно, па мислам дека сеуште е една шпекулација која треба да даде конкретни резултати за да не убеди дека некој навистина има озбилни намери.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Мора да има нафта!
Ќе бараме само кај е. :vozbud:
Особено типуем дека струшката област би можела да крие нафта. :raz:
Јас типувам......сигурно има по бензиските ...:vozbud:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Нафта во Македонија сигурно има,итоа во големи количества.Единствено проблем е таа да се пронајде на помалку од 4 000 метри длабочина,оти најчесто се наоѓа на 5-8 000 метри длабочина,како и на многу места во светот.:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Нафта во Македонија сигурно има,итоа во големи количества.Единствено проблем е таа да се пронајде на помалку од 4 000 метри длабочина,оти најчесто се наоѓа на 5-8 000 метри длабочина,како и на многу места во светот.:toe:
znaci, ako pocnevme na vreme da kopame, pa duri i so kazmi...za 20 godini ke dojdevme do "naftata"....kolku li samo vreme izgubivme vo siromastijava, sedejki na ezero crno zlato, sto mislis za toa cestit Ibn al ABC??? :)

Важно ќе се буши...
А кога има во Хрватска зошто да нема во Македонија..
Прашање е дали количините се доволни за да се исплати...
Stvarno be...i jas postojano se prasuvam , a zosto toa Makedonija nema more...koga Hrvatska go ima i premnogu????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom