Љубомора Vs. рамнодушност

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.100
Поени од реакции
13.645
скоро еден месец сме заедно..ама се занеме повеќе од две години..и се осеќам како цел живот да сум со него...не знам зошто:)
дај боже да не ти дојде моментот кога ќе ти прекурчи сето ова :)
 
Член од
26 февруари 2014
Мислења
5
Поени од реакции
6
Според мене произнесувањето на љубомората не е доказ дека некој те сака,бидејќи тоа може да биде и карактерно и темпераментно условено :) Искрено кој сака нека биде љубоморен само лично мене да не ми покажува и да ме вознемирува со љубоморните испади,А,во твојот случај недостасува уште пиштол на маса да извади .... Не знам што би ти кажала,ама уште од 1 месец дена ако е вака ,што ли ќе биде понатаму и до продавница со тебе ќе оди цц. После се жалите што да правам дечко ми ме тепа ,епа ќе тепа коа си го барате :pipi:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Мое мислење е дека ако некого сакаш не можеш да не си љубоморен ако имаш причина за тоа но зборам за љубомора во нормални граници не за болна љубомора...и да ви кажам мене и ми прија доза на љубомора од страна на дечкото...сегашниов дечко ми е многу заштитнички настроен и љубоморен...го гледа на криво секој што ке ме погледне...се расправа со било кој што нешто ке ми пререче..се возбудова кога ми ѕвони телефонот..o_O ама мене сето ова ми е убаво некако сигурно се осеќам со него:) според мене ако е рамнодушен значи дека не се замара и не ме сака доволно...барем јас така мислам...
следното ќе биде “ме тепа затоа што ме сака“?
било каква доза на љубомора е НЕдозволива и штетна.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444

Не е баш така. Постои умерена љубомора која му годи на другиот,му годи на оној кон кој е упатена таа љубомора. Некоја мала, плитка, безпричинска внатрешна љубомора која се искажува преку погледи,некои потези или само едно: Кој е овој/оваа?
После одговорот се добива неколку секундарен молк и продолжува љубовта. Љубомората останува како мал знак на внимание и ништо лошо не произлегува од неа.
 
П

Пе Џо

Гостин
И двете се страни од истата монета на неискреност и неспособност да се изразат чувства кои сметаме дека се погубни за нас, за сопствената слика на постоење.
Двете `емоции` се одбранбен механизам, првиот е од активна, вториот е од пасивна природа.
 
L

loveisallaround

Гостин
Според мене произнесувањето на љубомората не е доказ дека некој те сака,бидејќи тоа може да биде и карактерно и темпераментно условено :) Искрено кој сака нека биде љубоморен само лично мене да не ми покажува и да ме вознемирува со љубоморните испади,А,во твојот случај недостасува уште пиштол на маса да извади .... Не знам што би ти кажала,ама уште од 1 месец дена ако е вака ,што ли ќе биде понатаму и до продавница со тебе ќе оди цц. После се жалите што да правам дечко ми ме тепа ,епа ќе тепа коа си го барате :pipi:
Види многу лошо размислуваш:pos: јас него го знам повеќе од 2 години секој ден се гледаме да не објаснувам зошто и како..он и кога не бевме заедно и јас си имав друга врска секогаш беше заштитнички настроен кон мене...никогаш не покуша да направи со мене нешто затоа што знаеше дека сум во врска ама никогаш не дозволуваше некој да ме закача да ми префрли да ме погледне на криво...и сега исто така...не ме контролира не ми забранува ништо....само покажува љубомора кога некој околу нас ме закача:)мене то ами прија...иначе нема никакви испади и глупости...човекот си е супер:)
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

Ти него го знаеш 2 години на ниво на другар. Сосема е различна динамиката на односот меѓу другари и меѓу партнери во врска.

Не дека било што и да кажам на темава тебе ќе ти смени нешто, али чисто ради муабет - како би се понашал твојот дечко ако некој од колегите на работа те закача? Или ако шефот те закача или ти префрла?
Само месец дена сте во врска, а он веќе си земал за обврска да „исчисти“ се околу тебе. Како може тоа да не ти смета?

За болдираното - ако некој се возбудува на нешто толку тривијално како звонење телефон, по мене тоа и те како се рачуна за испад.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Не е баш така. Постои умерена љубомора која му годи на другиот,му годи на оној кон кој е упатена таа љубомора. Некоја мала, плитка, безпричинска внатрешна љубомора која се искажува преку погледи,некои потези или само едно: Кој е овој/оваа?
После одговорот се добива неколку секундарен молк и продолжува љубовта. Љубомората останува како мал знак на внимание и ништо лошо не произлегува од неа.
љубомората е болест!!! така да, и она твоето “малку“ Е болест. или пак кога си малку настината си викаш ОК е?
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
љубомората е болест!!! така да, и она твоето “малку“ Е болест. или пак кога си малку настината си викаш ОК е?
Ма не ме јеби ја болна сум?
Се случило, дошла некоја јака типка и се поздравила со дечко ми. После тој поздрав тој мене ми рекол: Оваа ми е бифша... Јас не сум била малку љубоморна нели што типката поинаку му се насмевна. Да, љубоморна бев но не збеснав. Само превртев очи и не направив ништо. Тој ме примети и ми рече дека нема за што да се грижам,тој е само мој. Се насмевнав и продолживме. End of story.

Ова е болест?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ма не ме јеби ја болна сум?
Се случило, дошла некоја јака типка и се поздравила со дечко ми. После тој поздрав тој мене ми рекол: Оваа ми е бифша... Јас не сум била малку љубоморна нели што типката поинаку му се насмевна. Да, љубоморна бев но не збеснав. Само превртев очи и не направив ништо. Тој ме примети и ми рече дека нема за што да се грижам,тој е само мој. Се насмевнав и продолживме. End of story.

Ова е болест?

Мене некако контрадикторна ми е причава. Сакаш да кажеш дека ако утре шетате со дечко ти и истава типка излезе од нигде никаде и го гушне дечко ти при поздравување ти нема да имаш никаков проблем со тоа? Или сакаш да кажеш дека „продолживте“ само во рамките на таа дадена ситуација и секоја следна - иста или слична ситуација ќе бараш повторно он да те увери во твојата сопственост над него?
Ако одговорот е вториот опис, онда да, болест е.
 
Нема да имам никаков проблем со тоа се додека тој не покаже знаци за интересираност за неа. А тука веќе не зборуваме за љубомора. Овде веќе тој флертува со друга и треба да се постават некои граници. Додека само таа прави глупости, немам никаков проблем, нека го посакува она што е мое. Но ако тој забега во таа насока, веќе се менува темата тотално.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.616
Поени од реакции
31.821
Ниту едното, ниту другото не го бива. А ако добро размислам, повеќе би го прифатил второто. Нз зошто, но некако ми е поблиско до можноста да биде замисла и начин на живеење после некој пад и разочараност од животот. Kaко еден вид на self defense, која треба да се разбери и како таква да се искористи без многу напинања и нервози, преку уживање во оние убави моменти, без никаква посебна потреба истите да се нарушат. Љубомората знае да биде ито како напорна.........
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ма не ме јеби ја болна сум?
Се случило, дошла некоја јака типка и се поздравила со дечко ми. После тој поздрав тој мене ми рекол: Оваа ми е бифша... Јас не сум била малку љубоморна нели што типката поинаку му се насмевна. Да, љубоморна бев но не збеснав. Само превртев очи и не направив ништо. Тој ме примети и ми рече дека нема за што да се грижам,тој е само мој. Се насмевнав и продолживме. End of story.

Ова е болест?
ДА, ДА, ДА!!! болест Е!!!
кога ќе бидеш доволно самоуверена и свесна за своите квалитети, тогаш ќе бидеш излечена. до тогаш си само едно уплашено девојче.
затоа и се тешиш со помислата дека “некој се грижи“ за тебе покажувајќи љубомора, а уствари ти се плашиш да не останеш сама и дека ќе бидеш неспособна да најдеш некој друг да те сака и цени. кога ќе го сфатиш ова, тогаш ќе се ослободиш од сопствените пранги и ќе бидеш слободна. до тогаш си самата на себе роб
 
Да но проблемот е што јас немам никаков проблем со самодоверба. Смешна ми е помислата дека сум уплашено девојче. Сигурна сум во него а и во себе. Не се плашам дека ќе останам сама. Хахаха чекај зошто воопшто се објаснувам? Сигурна сум во себе а и во него. Не сум ничиј роб.
Можеби треба да го прочиташ моето наредно мислење кое го напишав пред ова што си го цитирал.

Нема да имам никаков проблем со тоа се додека тој не покаже знаци за интересираност за неа. А тука веќе не зборуваме за љубомора. Овде веќе тој флертува со друга и треба да се постават некои граници. Додека само таа прави глупости, немам никаков проблем, нека го посакува она што е мое. Но ако тој забега во таа насока, веќе се менува темата тотално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom