Љубомора-прашалник!

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
1.Со кои од неведениве чувства би ја опишале љубомората.
-повредена љубов
-гнев
-омраза
-несигурност
-тага
-мачина
-чувство на отфрленост
-презрени(омразени)
-исмеани
-чувство на неуспех
-потиштеност
-срам
*може да се употребат повеќе зборови,може да се додадат други чувства*


2.Дали интензитетот на љубовта е предиспозиција за љубомора?
Според тоа претходното, мислам дека не. Ако се осеќам несигурна во себе, ваљда би била љубоморна и кога некој кон кого не осеќам голема љубов би правел нешта кои би ме направиле љубоморна.:toe:

3.Дали сте чувствувале љубомора кон брат/сестра?
Ако да,како сте ја манифестирале?
Никогаш. Уште од мала ми кажувала мама како не сум била такво дете и секогаш сум гледала прво да се задоволни и среќни брат ми и сестра ми, а и ден денес сум таква. Би сакала секогаш и се` да имаат повеќе од мене, а тоа мене само би ме усреќило.

3.Кога последен пат сте биле љубоморни и на што?*дечко/девојка,пријател/ка,родители,брат/сестра..*
Пред неколку години, кога дознав дека еден дечко кој ми се свиѓаше имал девојка. На неа сум љубоморна и денес, иако појма немам каде се и дали се сеуште заедно. :kesa:

4.Дали љубомората е последица на страв на губење на нечија наклонетост или несигурност во себе?
Ова ми звучи некако исто или барем слично. Ако се плашиме дека би можеле да изгубиме нечија наклонетост, сигурно дека тоа е така затоа што не сме сигурни во себе. Не мора да значи, ама мислам дека најчесто е така.

5.Дали поради љубомора сте изгубиле некоја драга особа?
Поради моја љубомора не сум изгубила никого. А и поради туѓа не се сеќавам дека некој ме изгубил мене. Ги решавам лесно тие работи.

6.Дали љубомората остава последици во меѓусебни односи?
-Какви последици?(дали влијае добро,односно зацврстува некоја врска,или лошо,ослабува некоја врска)*под врска се подразбира било која љубовна/пријателска/родителска/братска/ врска*
Зависи. Ако тој што е љубоморен, знае како во границите на нормалата да го искаже тоа и притоа да не биде лошо сфатен, а исто така да биде и прифатена неговата "поплака", ваљда се` добро би се завршило. Ако се работи за болна и неоправдана љубомора, на која не може да и се најде крајот и решението, сигурно дека би била прештетна за сите. Моите лични искуства ги сместувам во првото ако и да напоменам дека се исклучиво за врски. Со пријатели и фамилија ич не си љубоморам.

7.Дали го мешате поимите љубомора и завист,односно дали ја знаете разликата на манифестација меѓу истите?
Па мислам дека не ги мешам овие поими, иако можеби се како брат и сестра.:) Љубомората е нели некоја несигурност и страв од некој губиток, а завистта за мене е очајно посакување на тоа што го има секој околу нас, а ние никако не можеме да го дофатиме.

8.Колку долго трае чувството на љубомора кај вас?
Додека не се реши проблемот, а тоа никогаш не е многу. Не ме држат мене негативни чувства долго време.

9.Дали мислите дека може да постои човек кој не чувствува љубомора?И зошто да/не.
Мислам дека не. Секој барем еднаш во животот мислам дека мора да се почувствува несигурен и исплашен. Колку и да не признаваме, не сме совршени и скроз без чувства.

 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
1.Со кои од неведениве чувства би ја опишале љубомората.
-повредена љубов
-гнев
-омраза
-несигурност
-тага
-мачина
-чувство на отфрленост
-презрени(омразени)
-исмеани
-чувство на неуспех
-потиштеност
-срам
*може да се употребат повеќе зборови,може да се додадат други чувства*

2.Дали интензитетот на љубовта е предиспозиција за љубомора?
-Дефинитивно
3.Дали сте чувствувале љубомора кон брат/сестра?
Ако да,како сте ја манифестирале?
-Никад,немам ни брат ни сестра
3.Кога последен пат сте биле љубоморни и на што?*дечко/девојка,пријател/ка,родители,брат/сестра..*
-На пријател.
4.Дали љубомората е последица на страв на губење на нечија наклонетост или несигурност во себе?
-Страв од губење на нечија наколонетост
5.Дали поради љубомора сте изгубиле некоја драга особа?
-Да,и многу жалам поради тоа
6.Дали љубомората остава последици во меѓусебни односи?
-Какви последици?(дали влијае добро,односно зацврстува некоја врска,или лошо,ослабува некоја врска)*под врска се подразбира било која љубовна/пријателска/родителска/братска/ врска*
-Ако е во умерени колични,ја зацврстува врската,но ако премине во посесивност,тогаш ќе ја уништи врската.
7.Дали го мешате поимите љубомора и завист,односно дали ја знаете разликата на манифестација меѓу истите?
-Да,и правам многу убава дистинкција
8.Колку долго трае чувството на љубомора кај вас?
-Многу кратко
9.Дали мислите дека може да постои човек кој не чувствува љубомора?И зошто да/не.
-Секој човек чувствува љубомора,бидејќи тоа е нормално чувство за нашето спиритуелно ниво,
Исто,може да го дополните постот со ваши ставови за и околу љубомората.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
1.Со кои од наведениве чувства би ја опишале љубомората.
-повредена љубов
-гнев
-омраза
-несигурност
-тага
-мачина
-чувство на отфрленост
-презрени(омразени)
-исмеани
-чувство на неуспех
-потиштеност
-срам
*може да се употребат повеќе зборови,може да се додадат други чувства*

2
.Дали интензитетот на љубовта е предиспозиција за љубомора?
Не би рекла, барем за мене лично не е така, јас колку повеќе го сакам толку повеќе доверба и сигурност имам во него и толку помалку сум љубоморна. А бидејќи според мене љубомората произлегува од несигурноста , затоа мојот одговор е НЕ.

3.Дали сте чувствувале љубомора кон брат/сестра?
Ако да,како сте ја манифестирале?

Не никогаш, нездраво ми било да е така.

3.Кога последен пат сте биле љубоморни и на што?*дечко/девојка,пријател/ка,родители,брат/сестра..*Кога на цеце ќе и купеа подобра играчка, кога другарчето од школо што седеше до мене ќе добиеше поголема пофалба, тоа се оние детски љубоморни ситуации кои мислам дека се нормални и секое дете барем за миг ги почувствувало ( иако можеби за тие ситуации треба да се употреби друг збор, зошто тоа љубомора некако остро ми звучи)
4.Дали љубомората е последица на страв на губење на нечија наклонетост или несигурност во себе?
Најчесто поради несигурноста во себе, може и да настане и поради првото,но љубомората која е последица на несигурноста во себе е опасна и нема контрола, се додека таа несигурност не се отстрани
5.Дали поради љубомора сте изгубиле некоја драга особа?
Поради мене не, бидејќи колку и да сум почувствувала некоја врста на љубомора кон некој или нешто, никогаш не сум дозволила тоа да дојде до израз, а најмалку да настане некоја хистерична ситуација. Ама за жал многу луѓе ме изгубиле мене заради љубомора а што е уште пожалосно тие луѓе се многу блиски мои роднини и пријатели

6.Дали љубомората остава последици во меѓусебни односи?
-Какви последици?(дали влијае добро,односно зацврстува некоја врска,или лошо,ослабува некоја врска)
*под врска се подразбира било која љубовна/пријателска/родителска/братска/ врска*
Остава и тоа какви, јас љубомората (онаа видливата која личноста не може да ја скрие и контролира) заедно со лицемерието ги сметам за најголемите човекови недостатоци, и таквите личности за мене се отпишани

7.Дали го мешате поимите љубомора и завист,односно дали ја знаете разликата на манифестација меѓу истите?
Зависта е токму онаа љубомора што не може да се контролира, излегува од сите граници и прераснува во омраза, а љубомората е можеби е "поблаг" степен за искажување на таквите чувства

8.Колку долго трае чувството на љубомора кај вас?
Многу кратко, скоро незабележително
9.Дали мислите дека може да постои човек кој не чувствува љубомора?И зошто да/не.
Не може да постои човек кој не чувствува љубомора, туку луѓето се разликуваат според степенот на љубомора која ја чувствуваат. еве ќе се обидам да ја класифицирам љубомората според степенот:

  1. прв степен- онаа краткотрајна љубомора што се појавува за миг и потоа веднаш исчезнува (детската љубомора на пример)
  2. втор степен- љубомора која не прави да се чувстуваме несигурно, одвреме навреме правиме некои хистерични реакции кои можат да го загрозат нашиот однос со останатите, но оваа љубомора може да се контролира и да немора да има длабоки последици
  3. трет степен- болна љубомора, завист, која набрзо прераснува во омраза

 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Ми треба помош околу едно истражување,сите расположени ве молам одговорете на долунаведените прашања.
Темава не е наменета за дискусија,туку опис на личните искуства.
Благодарам:)

1.Со кои од неведениве чувства би ја опишале љубомората.
-повредена љубов
-гнев
-омраза
-несигурност
-тага
-мачина
-чувство на отфрленост
-презрени(омразени)
-исмеани
-чувство на неуспех
-потиштеност
-срам
*може да се употребат повеќе зборови,може да се додадат други чувства*

2
.Дали интензитетот на љубовта е предиспозиција за љубомора?

3.Дали сте чувствувале љубомора кон брат/сестра?
Ако да,како сте ја манифестирале?


3.Кога последен пат сте биле љубоморни и на што?*дечко/девојка,пријател/ка,родители,брат/сестра..*

4.Дали љубомората е последица на страв на губење на нечија наклонетост или несигурност во себе?

5.Дали поради љубомора сте изгубиле некоја драга особа?

6.Дали љубомората остава последици во меѓусебни односи?
-Какви последици?(дали влијае добро,односно зацврстува некоја врска,или лошо,ослабува некоја врска)
*под врска се подразбира било која љубовна/пријателска/родителска/братска/ врска*

7.Дали го мешате поимите љубомора и завист,односно дали ја знаете разликата на манифестација меѓу истите?

8.Колку долго трае чувството на љубомора кај вас?

9.Дали мислите дека може да постои човек кој не чувствува љубомора?И зошто да/не.

Исто,може да го дополните постот со ваши ставови за и околу љубомората.

1. несигурност, и конкуренција (го чувствуваме како конкуренција тој на кого сме му љубоморни)
2.мислам, да. а може и не. 70 (да) - 30 (не)
3.не, имам помала сестра и сметам дека сум попаметна од неа (без навреда :)) добро, не попаметна, ама различни сме ептен, и не би сакала да бидам како неа.
4.имам дечко година дена и не сум љубоморна во врска со него, туку имаме проблем со љубомората од негова страна, тоа што јас имам проблем да излезам сама а он шета по цели денови без проблеми. па ми било криво зашто он може да излегува без јас ништо да му преречам, а јас не можам. ама тоа не верувам дека може да се нарече љубомора.
иначе, мала доза на љубомора кон најдобрата другарка, зашто она е подобра од мене во многу работи, ама не завист или слично, ништо претерано.
5.ова е слично на првото. мислам дека е и едното и другото, ако си љубоморен нема шанса да не си несигурен во себе, а љубоморен си зашто мислиш дека ќе ја изгубиш наклонетоста на драгата личност кон тебе. поврзани се.
6.не.
7.зависи од количината на љубомората, од начинот на манифестирање и од степенот на манифестирање. може да си многу љубоморен, да го покажуваш тоа на сите начини, со контролирање, со посесивност, и можеш да правиш сцени од најмали стиници, сосем неважни. а може и да си малку љубоморен, да покажуваш секако, во секоја прилика, и да правиш сцени за многу важни работи, ситниците да ги тргнеш на страна да ги занемариш. може да си малку љубоморен а да реагираш несоодветно, однсно да реагираш повеќе отколку што чувствуваш. може да си многу љубоморен ама да го контролираш тоа и да пазиш како и колку го покажуваш.
е сеа, верувам дека соодветно на секој начин влијае во меѓусебните односи. само, да речеме ако има блага љубомора (во врска со дечко и девојка) тогаш може да ја зацврсти врската, да биде начин на покажување љубов. а може ако е претерана љубомората и оди кон посесивност, да влијае негативно, и сите убави чувства што ги имаат двајцата еден за друг веќе да не бидат чувства на љубов. туку да чувствуваш како партнерот да те гуши, да гледаш само како да се ослободиш, да украдеш момент на само, без контролирање и објаснување на секоја ситница. сеа со пријателство е друго. мислам на пример дека другарка ми ако знае дека сум и љубоморна дека може малце би се оддалечила. ама јас не и посакувам лошо зашто е поуспешна од мене. и посакувам уште толку да успее. и затоа секогаш се трудам да не ја покажам љубомората, и мислам дека не ни мисли такво нешто. сепак, ми е другарка, нели, и посакувам се најдобро.
8.според мене, љубомора не е лошо, само сакаш и ти да имаш високи резултати како личноста на која си и љубоморен. ама не и посакуваш ништо лошо. а завист, мислам дека веќе се натпреваруваш, и дека гледаш да му наштетиш на 'соперникот'.
9.зависи за што. да речеме, пошо не можам да наведам друг пример, пошо мислам дека нема, љубомората кон другарката ми трае што знам, од кога ќе почувствувам дека на сите нивоа ме коси со успеси, додека не почувстувам гордост дека и јас сум успешна во свои области, дека јас имам свои квалитети кои таа ги нема. не знам како да објаснам, и сум и не сум љубоморна цело време :)
10.не знам, не сум сретнала некој да не е љубоморен. а и немам разговарано со сите што ги знам во врска со таа тема. не знам, според мене мислам дека сите барем еднаш во животот почувствувале барем минимална доза љубомора и потреба да бидат подобри од некого.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Фала на сите на помошта, ова не ми треба веќе така да не ни мора да одговарате.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Љубоморен или болен -
читам и се чудам - коооооооја фалинка у мозоков има човеков
Во бебе забивал игли и шајки затоа што било преубаво бебето и премногу внимание му посветувале.!?

Бразилската полиција го привела 28 годишниот мајстор кој признал дека на едно и пол годишното девојченце од соседството и забил две игли и една шајка.Му сметала нејзината убавина

http://www.huffingtonpost.com/2010/09/01/brazilian-man-accused-of-_n_701840.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom