~*~
Ниту во една врска нема совршена хармонија,без падови и подеми.Кога доаѓаат таквите периоди на падови и проблеми,на површина излегува колку, и на што се сме подготвени, да направиме,за да го зачуваме сето она што го имаме.Но тука се појавува и нашата гордост која не става во дилема.
Имам гордост нема да ја симнам пред него/неа и ќе останам на мојот став?!
Дали треба да направам се, за да го задржам она што го имам?!
Кога сме ние виновни за проблемите,полесно ќе побараме извинување.Но што кога не сме ние виновни,но сме премногу горди да опростиме или да побараме да размисли дека се она што имаме може да се сруши со некој негов погрешен потег.
Дали некогаш сте ја ставиле гордоста пред љубовта?Да молите да размисли уште еднаш?
Колку нашата гордост може да влијае да го изгубиме оној што го сакаме или да го вратиме изгубеното?
Линијата на гордоста и суетата е многу тенка, но колку и да сакам да лажам дека сум најгордата личност на светот, дека можам сама без сите, дека не ми треба, ќе си најдам некој подобар ... кога си со некој одредено време и почнал да ти тече низ вените, ти станал една од слатките навики и просто е тешко да си го замислиш животот без неговото присуство.
Да, правам отстапки, ако не сум ги правела уште на самиот старт, и он не ги правел за мене, немало да имаме врска воопшто.
Горда сум кога станува збор за работа, за социјализирање и скоро сите други аспекти од мојот живот, но за оние битни релации, семејни, љубовни ... знам да бидам многу понежна од тоа што навистина сум.
Никогаш не сум ја гледала врската како докажување на нечии ставови, да има победник и натпревар.Тоа е компромис, каде јас се надоградувам покрај некој и тој некој покрај мене, нешто што ми е доволно битно за да се трудам по секоја цена да го задржам.
Со толку многу луѓе сум на бојно поле, со партнерот се регенерирам и ги средувам раните, а не си правам нови.