Љубовно резиме за 2014

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Традиционално, процедурално, на крајот од секоја година ја отвораме оваа тема, најчесто тоа сум јас. :)

Каква ви беше 2014-та на љубовен план?
И што очекувате или посакувате од 2015-та на ова поле?

И без постови од по еден збор и гифчиња кои демек треба да се смешни, знаете, не морам да напоменувам.
 
H

HoT IcE

Гостин
Па како и секоја година. Неможам да кажам дека е лошо или да го ценам негативно оти секое искуство си носи со себе поуки и повеќе искуство, ама дефинитивно годинава беше малце поразлична затоа што бев во две врски од кои многу научив, другово си беше просечно чат-пат нешто ќе излезе колку за промена на секојдневие али ништо посериозно.
 
S

StormRage

Гостин
Први две недели работев на добивање цироза, онака имаше една песна од казалиште
После обиди за врска кои никогаш не профункционираа, а бевме „заедно“ 5 месеци скоро...
Па глупо лето каде ништо не се дешава
и скоро 3 месеци врска :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
Бурно. :D Ако лани бев уште во афтершок после 3 годишна врска, сеа успешно и умешно ги збирав плодовите на ергенскиот живот. Фино било. Мизерно на моменти во мамурните утра кога се прашуваш кој кур, прибери се малце, али после сфаќаш шо ги ебам ќе ги сечам, интересно е, непредвидливо. А и ова средношколкиве што прават, во Rebelde Way го немаше ова, па па па. Само внимателно мора со годините да се пазиме, 17/18/19 да си побараш лична карта најарно а „емоционално“ и „сексуално“ се пред мажите на 22/23 годишна возраст. На одмор во Сончев Брег имаше одлични авантури и интересни ствари. :D Би пошол пак.

Во превод, ако до лани бев Тед Мозби, годинава I Barnied the motherfucker.
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
83
Поени од реакции
16
Традиционално, процедурално, на крајот од секоја година ја отвораме оваа тема, најчесто тоа сум јас. :)

Каква ви беше 2014-та на љубовен план?
И што очекувате или посакувате од 2015-та на ова поле?

И без постови од по еден збор и гифчиња кои демек треба да се смешни, знаете, не морам да напоменувам.
Не баш најдобро со многу препреки. Се надевам дека во 2015 ме очекува завршување на проблемите и пречките во мојата врска и конечно да здивнеме и да си уживаме во нашата врска и да ги оствариме нашите заеднички планови :):)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.229
Поени од реакции
6.710
Неколку неочекувани авантури и тоа е тоа...2015 се надевам дека ќе биде подобро
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Па неколку ме тагнаа за најзаљубен член годинава, така што, немам што да објаснувам многу.

При крајов на месецот/годината таман ќе се слави една годинка, а за 2015 очекувам се да си тера ко досега. :)
 
Член од
30 септември 2014
Мислења
46
Поени од реакции
55
Одлична година за мене :) Во текот на летово прекинав една врска од година дена. Едноставно не беше тоа тоа. И од моја и од нејзина страна.. повеќе како да бевме заедно, колку само да не бидеме сами. Сега безмалку два месеци сум со друга девојка, помлада од мене 7 години :facepalm: и одлично ни оди, барем јас никогаш не сум бил така исполнет досега и се надевам дека ќе трае. Во меѓувреме пред да се фатам со неа имав и две кратки неверојатни авантури, за кои сеуште не сум свесен дека ми се случиле. Се на се одлична година :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom