Години бе дете, години... некои проблеми се безвременски, ама за твоево се битни многу работи. Колку години имаш, колку секс си имала, што правиш во животот, па дури и слика ќе помогне, треба ли младите фраери на форумов да ти се пуштат или не? Не бери гајле, ја стар сум, не се пуштам јас.
Туку, во Скопје, постои мала група на паметни и прекрасни момци. Две мои другарки имаат дечковци коишто се убави и паметни, сум го видел тоа, а гледам и дека вистински убави девојки имаат и убави дечковци, како од насловна страна од списание извадени. Ама...
За да стигнеш до нив, треба малку да поработиш на тактиката на привлекување момци. Сите мажи знаат, дека девојка со деколте и мини здолниште е лесна девојка, бидејќи 99 од 100 девојки коишто редовно се облекуваат така, се такви. Никој никогаш нема да те сфати сериозно, особено ако и ти самата се однесуваш како типична шмизла.
Хипотетички... ако сум јас убав дечко којшто може да има многу девојки, воедно сум и паметен и со горе долу добар карактер, то ест онаков каков што ти бараш, сигурно нема ни да ти пријдам а камо ли да посакам да те задржам ако во дискотека те видам како стриптизета облечена. Само сељаците се пуштаат на девојки коишто така изгледаат. Момците што вредат исто така сакаат девојка што вреди, а во тебе нема да ја видат таа девојка.
Затоа, смени стил, урбано ама не курвински, смени локација (Б2 не е место каде што ќе бараш океј дечко), смени друштво (ако на другарка ти омилена песна и е Доказ од Цеца, тоа не едругарка за тебе) и дефинитвно смени го односот спрема себе. Ако бараш дечко со сила, никад нема да го најдеш. Живеј, дечкото ќе дојде. Ама ако дојде а ти не го приметиш... јебига, џабе сме ти ние и советите.