H
HITCH
Гостин
Седи, чекај да се средат работите и не го замарај дечко ти. Верувај ми, него му е многу потешко отколку тебе. Почекај до Нова година, сепак во врска сте подолго време. Прво за работата: сеедно кој ќе ти најде работа таму и сеедно колку сте блиски, од овде провери го местото каде што би работела таму. Провери на нет, распрашај се убаво, никако немој да одиш на непроверено.Проблемов секојдневно си зафаќа нови димензии и се продлабочува :nesum:
Мене ми е јасно дека нема шо да барам док не добие документи..или дур братучед ми не ми помогне некако..ако сака.. :nesum:
очајна сум, не знам што да правам :nesum:
help,anyone :se_ molam
Да се вратам на темата. Абе да знаеш дека понекогаш сите мака мачиме со љубовта, ама има и прекрасни моменти. Сега ти е тешко, мислиш дека ќе експлодираш од мака. Мислиш дека тебе ти е најтешко... ама мисли на убавите моменти со него Абе чекај да помине време. Имај трпение! А во овие ТРИ месеци има куп работи што можеш да ги правиш, а не си ги направила. Шетај повеќе, читај книги, слушај музика, абе прави работи кои не си ги направила одамна. Седни и направи план за утре или поинтересно за цела недела што сакаш да правиш и после играј си со распоредот. Се кладам дека има луѓе или места кај што сакаш да појдеш. Иди низ град, шетај низ продавници, не купувај ништо повеќе ќе те замори купувањето, само шетај. Иди сама, не ти треба никој за тепање време. Прави се` за да не ти биде досадно, а и полесно ќе му биде на дечко ти, негативната енергија ќе ја трошиш на куп други работи и со него кога ќе збориш ќе бидеш супер расположена. Јас на пример сум ретко нерасположена, ама кога мене ми е тапа верувај ми сите ги повлекувам удолу, жива среќа што тоа се само неколлу денови во годината па се издржува некако. Биди ведра, смеј се повеќе и не заборавај лошото поминува! И троши ја негативната енергија на други работи, не на дечко ти :smir:
Батали со што би било кога би било, тоа не е добро за никого!