Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Lady Satori напиша:
Но не можам да дозволам да се растури, не можам да дозволам да го повредам по трет пат, а ми значи...
Не знам, дали сакам да го загубам на прво место...се е безмислено, измешано, мислев дека го сакам, ама сега веќе не сум сигурна, како мине времето.
Знам дека сакам романса, нешто возбудливо, романтично, нешто различно...
Ама не можам да му се скарам, не сега, а пак не знам ни дали сакам да го изгубам?????:toe:
Уф уф, во слична ситуаација сум. Ама ова "Не можам да го повредам по трет пат"... До трет пат ли стигна... Бибикаааааааа кажи и да ја прекине врската!!!! :)
 
RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Lady Satori напиша:
Навистина би ценела ако некој се обиде да најде решение за ситуацијата во која се наоѓам...:( ...
Имам дечко, мн. го сакам и се тоа, го обожавам и сакам да минувам време со него, но едноставно не е нешто како што треба.
Премногу сме различни, се наоѓаме на сосема различно ниво.Пред него имав дечко кој го сакав како никој пред тоа, мислам дека живеев за него, и тоа што го чувствував додека бев со него, не може ни да се спореди со тоа што го чувствувам сега...едноставно не е толку силно, убаво, еруптивно...
Се обидува да ме разбере, ама не е тоа тоа.Не можеме да раговараме на начинот на кој јас би сакала да се води еден разговор.:pred:
Знам дека ме сака, можеби многу повеќе од колку јас него и сега не знам што да правам, имам чувство дека нешто ми фали, а сепак е се што некогаш сум барала...и сега што???
Може прво да ми објасниш поради што го сакаш типот ако воопшто го сакаш кога неможете ни нормално да разговарате!?Или ни ти не знаеш?
И правиш една голема грешка-Не го споредувај дечко ти со бившиот!
Така никогаш нема да го заборавиш претходниот и да го засакаш сегашниот..секогаш кај него ќе ги бараш оние особини кои ги поседувал бившиот!:pipi:
 
JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
RealGirL напиша:

Како можиш да прашаш заради што го сака? Бајги време е со него ама некако не му оди, поради што? Како што кажа таа уште го спомнува бившиот дечко и плус ја споредува љубовта со таа сега што ја има, од горе наведеното се сложувам НЕМОЈ да го правиш тоа. Го сакаш уште биФшиот дечко, ама ќе го заборавиш со тоа што ќе посветуваш повеќе време на сегашниот, нема да ги бараш особините на биФшиот во сегашниот туку обратно ќе бараш нешто ново, пресно, неговата личност вистинска. Јас прво нешто што би ти предложил е да одиш на фудбалски натпревар со него и да си поминиш закон, ама ти да го поканиш на тоа окај?
 
RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
А ти свати од нејзиниот пост дали го сака и поради што?
Ако свати објасни ми те молам?!?
 
JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
RealGirL напиша:
А ти свати од нејзиниот пост дали го сака и поради што?
Ако свати објасни ми те молам?!?
Ако не кажа дека таа го сака него, ама не е како со бившиот т.е. таа уште го сака него или пак таа го сака овај ама не колку што го сакаше предходниот. Ако грешам нешто поправи ме
Само работата е што таа треба да го заборави бившиот и да го сака сегашниот (ако сака да биде со него), или пак друга варијанта да си најде некој што ќе мисли дека ќе го сака вистински. И за крај не треба да се има некоја причина за таа да го сака него само треба да има љубов
 
RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Таа го сака него аго споредува со бившиот..таа уште го сака него или таа го сака овај али не како претходниот!
Се разбра нешто...не се ни труди зашто ни она незнае што сака!
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.202
Поени од реакции
34.435
Јас знам што сака.
 
С

Сатори

Гостин
JuveFan напиша:
Како можиш да прашаш заради што го сака? Бајги време е со него ама некако не му оди, поради што? Како што кажа таа уште го спомнува бившиот дечко и плус ја споредува љубовта со таа сега што ја има, од горе наведеното се сложувам НЕМОЈ да го правиш тоа. Го сакаш уште биФшиот дечко, ама ќе го заборавиш со тоа што ќе посветуваш повеќе време на сегашниот, нема да ги бараш особините на биФшиот во сегашниот туку обратно ќе бараш нешто ново, пресно, неговата личност вистинска. Јас прво нешто што би ти предложил е да одиш на фудбалски натпревар со него и да си поминиш закон, ама ти да го поканиш на тоа окај?
Да го однесам на фудбалски натпревар, мојот екс дечко е фудбалер.
Споредбата можеби не треба да ја вршам, но таква личност сум, вршам споредби и анализи...не го сакам мојот екс дечко...ние завршивме и тоа беше тоа, пет години не се малку.
Е сега едноставно не сум сигурна што да правам сега, зашто он ми пружа се што ќе поскакам, мислам дека...ако го побарам светот од него да може ќе ми го даде, ама не е тоа работата, јас нема да сакам да го прифатам.
Го замолувам Acid да ми каже што мисли дека сакам!
 
sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Lady Satori напиша:
Навистина би ценела ако некој се обиде да најде решение за ситуацијата во која се наоѓам...:( ...
Имам дечко, мн. го сакам и се тоа, го обожавам и сакам да минувам време со него, но едноставно не е нешто како што треба.
Премногу сме различни, се наоѓаме на сосема различно ниво.Пред него имав дечко кој го сакав како никој пред тоа, мислам дека живеев за него, и тоа што го чувствував додека бев со него, не може ни да се спореди со тоа што го чувствувам сега...едноставно не е толку силно, убаво, еруптивно...
Се обидува да ме разбере, ама не е тоа тоа.Не можеме да раговараме на начинот на кој јас би сакала да се води еден разговор.:pred:
Знам дека ме сака, можеби многу повеќе од колку јас него и сега не знам што да правам, имам чувство дека нешто ми фали, а сепак е се што некогаш сум барала...и сега што???
Миличка, имаш само 16 годинки, си имала врска 5 години???? Не си сакала како никој пред тоа???? Имало и пред тоа???? На колку, на 10 ли????

Сори девојче,но ти навистина во напорна трка да созрееш пред време си пропуштила еден битен период од твојот живот-детството.

Мој совет. Опушти се во секојдневните игри на животот, премногу се форсираш. Живеј го онака како што треба да оди, полека и нормално., зашто твоето и не е баш нормално, мораш да се согласиш:wink:
Не велам дека не си способна за сериозни врски, само сметам дека не ти е време баш да бидеш „верна жена„. Уживај и забавувај се со врсниците ( она што несомнено ти фали од напишаното :) ) и ако оваа „врска„ веќе те гуши....продолжи сама. За кратко пробај да уживаш самата со себе, додека не разбереш дека живото постои и надвор од потребата за врски:)

Киссс од мене, паметна си доволно и сигурна сум во твојата вистинска одлука:pehar:
 
С

Сатори

Гостин
sagaqua напиша:

Бев заљубена во него пет години, инаку заедно бевме само одреден период, пред една година.И не немаше никој пред него, а ни после него...можеби.
Не велам дека не си во право за тоа дека можеби го пропуштив деството, но факт е дека времето не се враќа назад, а јас морам да живеам со одлуките и животниот стил кој што си го наметнав на сама себа.
Така да...морам да се соочам со последиците..а што се однесува на мојата сегашна ситуација, можеби ќе побарам од него, малку време оут, да се одморам, да видам дали ова може да функционира или не...не дека имам некој голем избор.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
viktorgg напиша:
Уф уф, во слична ситуаација сум. Ама ова "Не можам да го повредам по трет пат"... До трет пат ли стигна... Бибикаааааааа кажи и да ја прекине врската!!!! :)
И кажувам Виктор: Лејди Сатори, ПОД ИТНО ДА ЈА ПРЕКИНЕШ ВРСКАТА И ДА ПРОДОЛЖИШ НАПРЕД.
Не го повредувај повеќе дечкото,греота е!!! Чувствува и чека,како зајче на змијата, порција да и стане. Не си фер кон него,ни кон себе,ни кон бившиот,ни кон сопствениот живот и иднина.
ДОСТА Е!!! не се мачи повеќе.Греота си! Барај си ја среќата,тоа е само твое право и никој не може да ти го одземе. Никому не смееш да му го поклониш,од сожалување!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
1
Поени од реакции
0
Epa cim ne te saka...

anonimnaa напиша:
Male mi treba pomos......... ludo sum vlubena vo edno dete......... ama on mislem oti ne me saka MI TREBA POMOSS:je::je::je::je::je::je:
Epa cim ne te saka sto ima vise da se zbori zabravi ga i onakoj si zensko ke si najdes drugoga,jos pa dete bilo kolko imas ti godine pa vikas sakam edno dete tolko li si zagorela :)))))))))) Kumanovac HIM^ cao cmok :):pishtoldz
 
С

Сатори

Гостин
Конечно среќна

bibika напиша:
И кажувам Виктор: Лејди Сатори, ПОД ИТНО ДА ЈА ПРЕКИНЕШ ВРСКАТА И ДА ПРОДОЛЖИШ НАПРЕД.
Не го повредувај повеќе дечкото,греота е!!! Чувствува и чека,како зајче на змијата, порција да и стане. Не си фер кон него,ни кон себе,ни кон бившиот,ни кон сопствениот живот и иднина.
ДОСТА Е!!! не се мачи повеќе.Греота си! Барај си ја среќата,тоа е само твое право и никој не може да ти го одземе. Никому не смееш да му го поклониш,од сожалување!
Е вака сега...жал ми е што ќе ве разочарам, ама ние бевме заедно вечерва и после дооооооооолг разговор кој се базираше само врз нас, јас одлучив дека треба да му ја кажам вистината и му ја кажав дека на моменти мислам на мојот екс, дека понекогаш имам чувство дека нешто фали, дека сакам романтична и возбудлива врска се...
И конечно он разговараше со мене како никогаш пред тоа, мислам дека конечно направивме клик.:vozbud:
Ми кажа некои работи за нас, за тоа што сме за тоа што јас сакам да бидеме и ... конечно после 3 часа разговори и признавање на работи што ми беше страв да му ги кажам зашто мислев дека ќе го повредам, сфатив дека ако го оставам ќе го поврадам уште повеќе и кога од него конечно слушнав работи што...ме стопија и во тој момент сфатив дека ако ова ме допира толку и јас се грижам за тоа дали ќе биде повреден или не и сакам да го направам среќен тогаш можеби заслужуваме нова шанса и беше тотално компромисно настроен и не ми се верува дека почна да чита за мене....:wub: ...само за да имаме повеќе теми на разговор...:wub:

:icon_biggИ фаааааааааааааааааааааллллллллллаааааааааааа најмногу на свет за сите совети ми помогнаа да сфатам дека само вистината е важна, а Бибика фала мн. за првиот пост каде ми ги издвојуваш важните работи....
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ako toj zasluzuva da bide so tebe i ako toj e zainteresiran togas bi trebalo da prezemes inicijativa i da ne cekas da se sluci samo po sebe oti mozis da se kaes....:cuc:I srcka ne se sekiraj ne e ni prv ni posleden:love2:
 
Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
:je: Ej srcko milo mi e sto sedev na pola metro od tebe koga si go resi problemot. Jeeeeeeeeeeeee ke mi stanes komsika!!!!!!!!! Juhuuuuuuuuuuu!!!!!!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom