@RebelMk, да не се лажеме, ситуацијата не ви е лесна.
Што се однесува до работата, ситуацијата ваша ги поседува двете работи кои мислам дека би ме излудиле:
1. Да работам во иста фирма со мојов. Одење на работа (покрај главната цел нормално) ми е мењање средина и издувен вентил како што мене (и нему) ни е искачање со пријатели без да се влечеме ко преплетени црева.
2. Да сме во различни смени со него. Гррр. Ни комуникација, ни интеракција на сите нивоа како што треба. И до смените зависи.
Тие две работи. Гушење и недостапност. Две крајности. Јака ви душа на двајцата.
Не мислам дека е варање у прашање, вака ко женско ставајќи се у нејна кожа. Можно е и да не сака да биде веќе со тебе, но ова не ми личи на такво нешто причинето од друг човек. Можда е разочарана од начинот на кој се поставуваш со неа, а можда и се сменила па почнале да и сметаат различни ствари.
Шест години се долг период, ако сте помлади и сте зрееле дури заедно. Можда сака да ти раскине ама тешко и е поради должност што осеќа од долгата врска.
Све може да е. Пробајте разговарајте, ама не гледај да ја фатиш на различно мислење да и солиш памет, како тоа со тие пари што имале. Кажи дека ќе ја ислушаш и ќе пробаш да ја разбереш и дека ќе направиш све што е во твоја моќ да не се осеќа непријатно што и да има да ти каже.
Само без исхитрени моменти како зимање, праење деца и раскинување без расчистени сметки.
За искачање, отприлика да се знае кое време ќе се биде искочен за да си прават луѓе планови. Ѕвонење кога е искочен некој без тебе не чини.
Фил глук.