Се најдов е една ептен глупа ситуација упм.
Почнува така што и двајцата се вработуваме во иста фирма надвор од нашите градови во Скопје,каде никој не знаеме ни таа ни јас. И така почнавме ептен да се дружиме, после работа на пиво или кафе, ептен се зближивме.
Двајцата имаме по 24 год, и двајцата бевме излезени од долги врски по 4 год имавме искуство со тоа како е да си со една личност постојано заедно. Просто е, кога си со некоја 24/7 и таа е ок како личност значи нормална, веќе почнуваш да имаш некои чувства кон неа. Се чувствуваше тоа и од нејзина страна, секој пат правеше дополнителен чекор или допир кога ќе се сретнеме. Го сетив тоа, ама глупо ми беше дека колеги да преземам нешто, а и девојчето е препреубо. Имаше таа некои мувачи што ги имав видено, во меѓувреме јас бев со други, со некои сексуално со други само онака, кратки видувања. И таа ги имаше видено. Ништо не ми рече, и пак продолживме да си се дружиме 24/7, јас ги баталив сите останати оти сакав да направам нешто со неа. И така 3-4 месеци бевме постојано заедно.
По одреден период ми скурчи од целата ситуација со неа и решив да расчистам со неа. И кажав дека ми се допаѓа, ама онака како во минато свршено време, не заради нејзе, туку јас да си се испразнам, да си видам на што сум па за да можам да продолжам. Ме корпоса тогаш или по ново ме френдзонира. Како и да е, си реков, баш подобро што расчистивме на што сне. Расчистувањето со неа беше со цел да знам што да правам со друго девојче со кое почнувавме нешто, ама не сакав да почнам ништо сериозно додека не расчистам со другарката. Откако се виде на што сум, почнавме со второво девојче онака лагано да си се дружиме секој ден, парк, зоолошка мување, така 2 недели, беше супер. Тогаш се јави другарка ми, таа што ме корпоса и ми рече да одиме да се видиме, ја одбив оти
веќе бев договорен со вторава. Ми падна глупо оти цело време претходно бевме заедно. По три-четири дена пак ме побара, знаев дека не требаше да појдам, ама ајде.
Зедов пиво во ранче чипс ау мау и право во парк. Таму муабети маубети, ми раскажа за се што било и како било и зошто ме одбила и дека згрешила, на крај се смувавме. Изгледа пивото играше улога. Ја испратив дома. Истата вечер расчистив со втората, глупо ми беше ама најдобро за сите. Со другарката ни тргна топ, на почеток уште решивме на никој да не кажуваме, ок бев со тоа. По некое време падна и секс, врската одеше нагоре. Така неколку месеци. По некое време таа се запиша на дообука тука во Скопје ама на друг крај на градот, одеше секој ден после работа до 10, и кога ќе се вратеше беше преуморна за излегување. Постепено почнавме поретко и поретко да се гледаме освен на работа. Дури и послабо комунициравме. Врската почна надолу да оди. Кријаше дека сне во врска и од нив. Сега излегува скоро секоја вечер со другарките и другарите од таму, комуникацијата ни е сведена на минимум, нема време за нас, викенди си оди дома, пак незнам на што сум.
Незнам дали да бидам онака ладен со се што се случува, па кога ќе може тогаш да се видиме, casual sex и такви работи, да не му се замарам многу или пак да зборувам со неа да расчистам на што сум, ако нема време за врска да ми ккажи, па да си тераме поразлични патишта. Не дека сум затрескан во неа, ама сакав да успее ова.