Јас воопшто не сакам жешка секси авантура, си помислив кога за прв пат после долго време ја отворив темава. Сите кои сте тука ја знаете мојата љубовна приказна со Буцко, но и тоа заврши, не би да навлегувам како и што, битно заврши.
Откако завршив со официјалното образование морав да најдам работа, не дека немав средства за до краот на животот да живеам нормален живот, сакав да бидам вработена жена, и тоа и станав, побрзав веднаш штом го положив и последниот испит да најдам работа. Ја најдов во една фина и добро држеча фирма во градов, на третиот кат од една од оние згради кои личат на лименки, со поглед кон една преубава скулптура. Првите месеци беше одлично, забрзаното темпо и работата до доцните ноќни часови го зедоа данокот кој одамна се обидувам да го наплатам, ги симна оние 14 килограми кои ужасно ме нервираа, па станав риба ипол. Летово решив дека одмор ми е итекако потребен, но ќе почека, додека да се завршат оние најважни работи, и ете додека го пишувам ова сеуште не сум била на ниеден одмор од неколкуте кои ги имав во главата.
Ден, како ден, обичен и досаден, не како еден од оние денови од пред еден месец, дури сега започна да се осеќа во канцеларија оној мир во градот кој завладува кога сите ќе заминат на одмор. Сама во канцеларија и ич не е забавно, клиентите никаде ги нема ко за инат деновиве, некој да ме развесели, да ме дружи во кафенисување. Конечно атмосферата мрдна од мртва точка, еден клиент во повозрасни години, но со изглед на млад дечко од 30 години, морам да напоменам, ме расположи предпладневно со покана за појадок во една од новине тренди места за појадок, со француски кроасан, кафе и сок од портокал, за мене и една цезар салата молам. Започнавме муабет за тоа како мојот директор е фин човек но нема среќа со женичката, како е понекогаш избувлив, па за неговата несреќна љубов со една манеќенка, па за тоа како сам живее во огромна куќа, за да се заседнеме цели два саати, нарачавме уште по едно кафе, и по едно парче торта. Ме праша за мојата љубов, му реков дека одамна сум рамнодушна на таа тема, и како нешто да ме разгоре во утробата, не ќе да се пеперутки, си мислам во себе, или ако се ова се некои ватрени мајко му. Му раскажав дека јас не патам од недостаток на внимание, од потреба по секоја цена да имам некој покрај себе, сексот не ми е баш потреба бр. 1. Ми даде комплименти еден куп, но тогаш и неговиот лик се смени, ми рече да имаше барем 5 години повеќе досега веќе немаше да бидеш сама. Аман со пеперуткиве, змејчиња, што и да се, нека престанат да прпелкаат низ утробата ме изгореа. Очите му светкаа, наеднаш започнав да забележувам интересни детаљи на него, како неговата боја на очи, проседата свилена коса, цврстите раце и големите дланки. Ајде да станеме веќе, си мислам инаку јас се заљубувам, не можам да си помогнам, побогу тој е постар од мене 20 години. Станавме и се упативме кон канцеларијата, ми рече дека документацијата која ја оставил горе не му е толку битна, ќе намине подоцна да ја земе. Во лифт стоев можеби 5 минути без да притиснам копче за кат бр. 3, пред врата се чудев дали е се во ред со мене, не ми се влегуваше воопшто внатре. Но телефонскиот сигнал на звонење ми расони, ми ги отвори очите и ме натера набрзина да ја отклучам вратата, за на моето Ало, да сфатам дека некој веќе 2 саати и кусур се обидува да ме добие, а тој некој е ни помалку ни повеќе Д Босс. Нејсе, се снајдов, ама тој никако не ми излегуваше од глава. До 17 часот веќе сто пати се покајав што отидов на тој појадок, овој возрасен господин мене ми го помати умот. А тогаш се појави повторно, овој пат со еден гербер, портокалов, за благодарност за посветеното утро, долго време не се чусвствувал така убаво, и оп, покана за вечера, кај ми беше паметот кога реков важи. Вечера, па за матура не бев волку возбудена, не знаев дали е правилно, но навлеков на мене лелеава хаљина, облеков сандали кои одговараат и ја фати косата во лежерна плетенка. Спремна сум за моите нови емоции, за овие пеперутки кои веќе јасно даваат сигнали дека јас сум заљубена. Беше точен, одиме во некој локал каде имало најубави мезиња, да не биде формална вечера туку муабет уз чаша вино и вкусни залачиња, се согласувам. Додека си дававме комплименти се смеевме како незрели деца, никогаш го немав видено во таква состојба. Рече дека бил со еден куп девојќи, дека неретко ја варал сопругата и дека синот му е единствено добро нешто од таа обврска која воопшто не му одговарала. Но призна, се кае што останал сам на овие години, синот не доаѓа толку често како што тој сака, последната девојка која ја сакал заминала без да се поздрави и веќе не почувствувал ништо за никоја, дури и одамна немал вака пријатен ден поминат со една жена. Исклучителна, кој јас, како не, да, да, ти си исклучителна, ми рече и срамежливо ми го избегна погледот. Види го, на 45 години се срами, му се заблагодарив на комплиментот. Виното така фино не замаја што повеќе не се ни срамевме, отворено си ги покажувавме симпатиите, боже господе, па јас му ги допирам рацете, тој ме гали по косата, ме фаќа по лицето, ми намигнува. Не сакам вечерва да заврши, си помислив, а по погледот бев сигурна дека и тој не сакаше. Пред да ни ги дадат џогерите во раце за да зачистиме заедно со персоналот станавме од удобните седишта во најубавиот ќош во ресторанот и излеговме на паркинг. Го добив неговото палто за да ме загрее додека стигнам до кола. Сфати дека не може да вози, повика такси и ја кажа само мојата адреса, во себе потајно се надевав дека нема да повика друго за него. Кога стигнавме пред мојата зграда му плати на таксистот и излезе заедно со мене. Утре е работен ден а е прилично касно за легување, му понудив кафе да го пречекаме утрото, можеби на кровот од зграда, ако му е непријатно да дојде кај мене. Со задоволство прифати. Го испратив до кров, а јас останав да направам кафе, со две шољи на послужавник и чинија колачи се качив и јас на кров, веќе се имаше опуштено на софата која ја извадив од станот на баба ми кога се вселував во него, гледаше кон небото, ракавите му беа лежерно подвиткани, мали електрични шокови ме бодеа под градите. Ме праша дали често ја користам софата, мирисала на мене. Не знам што ми стана, се припив до него а тој без збор ме прегрна целата со своите големи раце, се стуткав како мало маче. Најубава, се заљубив, зошто ми го направи ова, ме праша без да ме гледа во очи. Јас сум дете за тебе, му реков, што можам јас против ова. Голтка од кафето и бакнеж во коса, она за што одамна сонувам, ваква сигурност сакам целиот мој живот. Утрото се јавува некаде под оградата од кровната тераса, ќе ја растури ли магијата. Не е ова детска бајка малечка, јас сум доволно возрасен да ти бидам во најмала рака чичко, но не можам против своите чувства, ти си нова светлина во мојот живот, ми рече кога алкохолот полека испаруваше од нашите глави. Се освестивме каде одиме, двајцата се погледнавме во очи и рековме дека мораме да сфатиме дека не е едноставно. Нека биде љубовта онаа што ќе одлучи, него не му е потребно повеќе комплицирање во животот, мене нема кој да ми суди. Сама сум во животов, му реков, она што јас самата себе ќе си го направам самата ќе си го ставам на совест, ако можеш да ја поднесеш оваа млада будалеста девојка, ете ти ја, ти ја давам ова рано утро под ведрото небо, нека биде твоја, но не заборавај ако сум сама не значи дека сум незаштитена, јас сум сама свој заштитник, нема да дозволам да бидам повредена, бидејќи знам да се бранам како лавица. Повторно бакнеж во чело и конечно, нашите два света се споија во едно кога ме повлече кон себе и кога неговите усни се наслонија на моите. Малечка, ти си мојот нов живот, да не брзаме во авантури за кои и самите не сме свесни, нека се биде како утрово, светло и бистро, иднината сами ќе ја предвидиме. Кафето остана недопиено на масичката, без многу муабетење слеговме во мојот стан, го оставив во дневната соба да ме почека додека да се преслечам за на работа, не сакаше да ме остави сама ни минута повеќе, но мене ми требаше ужасно многу да го пуштам тушот на најладно да тече по моите плеки. Кога му кажав да не ме чека рече дека воопшто не му претставува потешкотии, дека со задоволство ќе ме испрати денес на работа и ќе ме бакне за убав ден. А јас бев сигурна во него, не осеќав нелагодност да го оставам сам додека се туширам во бањата. Намерно ја оставив вратата отклучена и го пуштив тушот на најсилно, да го привлече кон мене како што осеќав дека тој мене ме привлекува со сите негови потези. Знаев дека ме гледа потпрен на касата, но не давав никакви знаци, само стоев со рацете врз лицето, пуста навика кога се туширам да не дозволам да ми влезе вода во очите и носот. Кога ги свртев славините и водата престана да тече само го почувствував неговото движење и меката бањарка врз моите плеќи, на здравје нека ти е малечка. Сеуште мокра ме обви со неговите раце и ме бакнуваше по вратот, со рацете поминуваше по телото обидувајќи се да го смири трепетот, но тоа не беше од студенилото на водата, туку од пеперутките како змејови кои треперат во мојот стомак. Се свртев кон него и за миг се исклучив, падна на земја и бањарката и неговата кошула, мојата мокра коса го галеше по лицето додека во раце ме носеше кон дневната соба. Ова беше мојата најлуда авантура, не беше жешко и моќно, туку тивко и бавно водење љубов. Полека дел по дел од моето и неговото тело се запознаваа, не ни беше важно дали и двајцата ќе доживееме оргазам, туку да уживаме што е можно повеќе. По ред се огласија сите звучни апарати во собата, неговиот телефон, па мојот телефон, аларм, кујнскиот аларм за утринско кафе, домофонот.... Се беше залудно, ние на ништо не обрнувавме внимание, кога веќе немавме душа од страстите кои како најмелодична песна излегуваа од нашите воздишки легнавме еден покрај друг на подот, ме покри со една прекривка и тивко ми шепотеше дека сум неговиот нов живот, дека ме обожава, дека не сака да се подмести од овој под до крајот на неговиот живот. Се извлече од подот и го снема на кратко, потоа се врати, ме замоли да се истушира додека јас се преоблечам и направам нешто за појадок. А работата? Не грижи се, и знаев, не треба да се грижам. Утрото, денот, ноќта, се беше едно, ние бевме едно, цели 24 часа и нешто кусур поминавме заедно, јас во домашен фустан, тој во тренерките кои како амајлија ги чував од татко ми. Мојот живот наеднаш започна да станува многу интересен, а тој покрај мене го живееше неговиот втор живот. Ветивме, нема потреба од обврски, од стеги и големи планови.
--- надополнето: 30 август 2012 во 14:45 ---
Некако си реков ми треба да се искажам, да ви раскажам за мојата нова љубов, дека научив дека сексот и жежок знае да биде итекако добар како и долгото романтично водење љубов. Мојот нов Амор е оној кој ми покажа како се ужива, како се сака жена, како се бидува вистинска жена. Утрински кафиња, портокалови гербери и секој ден истиот путер кроасан кој го јадевме на нашиот прв заеднички појадок. Одвреме навреме и го повторувавме тој истиот прв појадок, како да е секогаш прв пат. Поминаа веќе два месеци, а тој секој ден ми покажува дека неговите 45 се само поттик повеќе за да се заљубувам одново и одново во него. Иако сметав дека немам од кого да добивам критики и немам кому да се објаснувам се јавија и првите душебрижници кои крадешкум ме следеле низ градов, како заљубено се движиме низ градските трговски центри, сеуште внимателно за да не им дозволиме на истите тие душебрижници да имаат поттик плус за кафе муабет. Добив неколку загрижени пораки, но тој едноставно ми покажуваше дека немам потреба да се грижам за нив.
Една вечер ме замоли да дојдам кај него со Фервекс и кило лимони, гласот му звучеше тивок и тажен. Настинал на еден од состаноците на нашата планина. Се појавив на неговата врата со неколку килограми цитруси, една квалитетна кеса од Зегин и Веро ќеса полна со јогурти, супи, чаеви и мед. Гореше од температура, а надвор да ти е мерак да прошеташ, жештината полека попушташе над темнината на ноќта. Изнемоштен се врати во кревет а јас ги отворив прозорците од собата, се раскомотив со ќесите и откако му ја измерив температурата се зафатив да го лечам. Цедени сокчиња, супа, неколку солени крекери и едно големо кафе. Неколку шарени пилули и една ќесичка Фервекс во вода која полека испаруваше од чашата. Преполниот послужавник го оставив на масата и полека го поткренав за да можам да му ги дадам сите тие намирници спремни за него. Додека доаѓаше при себе од вртоглавицата ја наместив водата во кадата и ја пуштив да се полни, истурив на дното неколку шаки морска сол и купка од бел чај за релаксирање на мускулите. Неговата фенси бања замириса веднаш боженствено. се вратив во дневната и набрзина го натерав да а изеде супата па даги испие лековите, го испи и сокот. Го раскомотив и го однесов до бањата, водата беше врела. Како мало дете ме следеше во чекор, додека одмараше во кадата јас седев крај неговите нозе и го чував за да не заспие. Кога водата се олади и неговата настинка почна да попушта под сите тие опојни мириси и брзодејствувачки пилули. Откако убаво му го избришав телото со мека крпа го намачкав со миризливо уље од еукалиптус и го легнав повторно. Додека го гледав како заспива почувствував неверојатна доверба од негова страна, знаев, ова не е некаква игра, ова е љубов. Заспав и јас покрај него, одвреме навреме ќе се разбудев да го проверам и повторно да му дадам некој лек. Ме разбудија неговите милувања, едно милозвучно воздивнување и добро утро. Се му било како во сон, најубав сон вели, ме излекува мојата самовила од соништата. Навистина од настинката немаше ни траг, ова неделно утро беше првото кое го дочекав во неговиот дом. Ме остави да се расонам и направи силно кафе, ми донесе во кревет и се врати по сендвичите кои во меѓувреме ги ставил во рерна да се згреат. Совршено утро, мојата љубов од час во час стануваше се посилна, и немаше повеќе граници на возбудата. По појадокот неговата желба за љубов навистина беше огромна, се повеќе ме возбудуваше и мене, за на крај да останеме сосема голи на неговата удобна софа во дневната соба, имавме навистина возбудлив секс, без многу разговори, ова беше еден од оние моменти кога навистина покажувавме колку сме достојни на оваа врска. Силно ме држеше во прегратките додека моите воздишки се впиваа во неговата свилена коса, немаше дел од моето тело кое не беше наежено, ова беше навистина еден од најубавите оргазми во мојот живот, скромен сексуален живот се разбира. Само мала воздишка и нови воздивнувања, не можам дакажам дека памтам колку време сме биле во ваква состојба, но и двајцата доживеавме навистина премногу возбудливи моменти, неколку оргазми мои и еден негов, вели, најубавиот во неговиот живот. Студен туш за двајцата и вистинско орално задоволство за мене, не сум сигурна колку време водата течеше врз моето лице, но ова беше прв пат да не го покријам, бев во некоја друга димензија, тој си играше со мојот клиторис како со овошно лижавче, водата се слеваше по неговот јазик и ми правеше навистина да се чувствувам волшебно. Сакав да му се оддолжам, но ме одврати во намерата со мала шега дека неговите години не му дозволуваат повеќе од еден оргазам. Студеното кафе и ние завиткани во меки бањарки, е тоа беше љубовта, претходно беше само страст. Го сакам бидејќи со него доживувам страст и љубов во исто време, не се чувствувам како да правам нешто погрешно ако наместо долго водење љубов посакам див и жежок секс, а тој, тој ме чита како букварче, секогаш го добивам она што го сакам. Јас сум неговата малечка а тој е мојот љубовник од соништата, нека трае онолку колку што треба.