- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.612
- Поени од реакции
- 37.573
Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол прогласил воена состојба, арно ама дали ќе попишмани и ќе ја укине?
,,Со цел да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи, искоренување на просевернокорејските сили и заштита на уставниот демократски поредок, самото прогласување на воена состојба не значи објава на војна, туку мерка која ѝ овозможува на војската да ја преземе контролата врз цивилните власти со цел да се одржи редот и безбедноста, ограничувањ на граѓанско движење и собирање, и воведување медиумска цензура, што се преземаат во ситуации на сериозна закана за националната безбедност, како што се надворешни закани или внатрешни немири.
Овој потег на претседателот Јун Сук Јеол предизвикало загриженост кај јужнокорејската јавност за влијанието врз демократските процеси во земјата."
...дали тоа значи и ,,проширување на војната меѓу Украина и Русија, до позадински катализатор на нептата САД?
Ако владата во Сеул испрати оружје во Киев, тогаш Украина би можела да се брани со оружјето на Јужнокорејците од војниците на Ким Џонг Ун, што во основа би довело до индиректна војна меѓу двете азиски држави.
„Сега, во зависност од нивото на вклученост на Северна Кореја, постепено ќе ја прилагодуваме стратегијата за поддршка во неколку фази. Тоа значи дека не ја исклучуваме можноста за снабдување со оружје“, рече шефот на државата за време на прес-конференцијата во Сеул. .
Севернокорејски војници на линијата на фронтот Јужнокорејското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека повеќе од 10.000 севернокорејски војници пристигнале во Русија, со „значителен број“ во областите на фронтот, вклучувајќи го и регионот Курск, каде што украинските сили извршија упад во август.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, од своја страна, веќе изјави во вторникот, во интервју дадено за јужнокорејската телевизија, дека веќе се случиле првите судири меѓу силите на неговата земја и севернокорејците.
Вчера севернокорејските сили испратени да ја поддржат Русија се судрија со украинските сили во руската област Курск, изјави висок американски и украински функционер.
Според медиумите во Сеул, Украина сакала да го купи противвоздушниот систем Cheongung II, наречен „Корејски патриот“, кој може да соборува и балистички ракети, противвоздушни радари и артилериски радари. Исто така, украинската делегација би ја изразила својата намера да набави артилериски гранати од 155 милиметри, калибар стандарден НАТО или барем експлозивно полнење за нив.
Украинците контактирале со големи јужнокорејски одбранбени компании за да потпишат договори, но Министерството за одбрана во Сеул побарало од компаниите да не потпишуваат ништо. Објаснувањето: Владата би го прекршила законот со кој се забранува извоз на оружје во воените зони.
Новите договори за извоз на системи како што е Cheongung II се блокирани до 2030 година, бидејќи сегашните договори мора да се почитуваат. И K9 Thunder Howitzers, K2 Tanks и Chunmoo Missile Launchers се без залиха бидејќи се многу барани на меѓународните пазари.
Во исто време, јужнокорејските власти јасно ставија до знаење дека нема да и помогнат на Украина додека Доналд Трамп не каже како сака да ја заврши војната. Јужна Кореја е главниот сојузник на САД во Азија, заедно со Јапонија.
...а бе ги чеша нуклеарка!
Последно уредено: