ГРЕМИО
Историја :
Гремио е фудбалски клуб кој е лоциран во градот Порто Алегре и е основан во илинденската 1903 година.Првиот натпревар го изиграле против Фусс Балл Порто Алегре во 1904 година.Најголемата победа е 23-0 против Спортски Клуб Национал од Порто Алегре.Најзначајната победа на Гремио е против нивниот најлут ривал Интернационал во 1912 година со резултат 10-0.Прекарот на Гремио е бесмртни.
(првиот тим на Гремио од 1903, играчи исклучиво од белата раса со европско потекло)
Успеси на клубот :
Гремиот е еден од најтрофејните фудбалски клубови во Бразил.На листата на освоени трофеи се
Светски фудбалски шампион - 1983
Копа Либертадорес - 1983, 1995
Копа Судамерикана - 1996
Серија А - 1981, 1996
Куп на Бразил - 1989,1994,1997, 2001
Супер куп на Бразил - 1990
Сојузната лига - 36 титули
Порто Алегре - 26
Стадион :
Стадионот на Гремио е Арена Гремио кој е пуштен во употреба 8 Декември 2012 година, и има капацитет од 55 662 места.За негова изградба се потрошени 205 милиони евра.
Навивачи :
Тоа што го прави Гремио многу поинаков и различен од останатите клубови во Бразил се неговите навивачи.За Гремио навиваат лица кои се исклучиво од белата раса (најчесто со германско потекло) кои не ја прифаќаат бразилската култура, а дел од нив и се залагаат за независност на нивната област која е населена со доминантно бели луѓе, кои културно се многу поинакви од Бразилците.
Друго е и самиот стил на навивање, кој не е класична бразилска карневалска атмосфера, туку претставува своевиден микс од Аргентинската и Европската навивачка култура.
Интересен факт е што и покрај големиот дел од нив се борат за независност од Бразил, сепак најпознатиот навивач на бразилската фудбалска репрезентација, е навивач на Гремио.Тоа е Кловис Акоста Фернандес, кој претствуваше вистинска икона на СП, поради неговото постојано присуство на сите натпревари на Бразил.За жал тој почина 2015 година.
Гремио важи како 5 најпопуларен клуб во Бразил, има регистрирано официално 85 000 фанови, а има многу фанклубови ширум Јужна Америка, поради својот бел бекграунд.
Расистички тенденции :
Со самото тоа што за овој клуб навиваат исклучиво бели, клубот со тоа носи своја расистича тежина.Иако денес со модернизацијата на фудбалот и мал број на останати раси го прифаќат Гремио за свој клуб, сепак тие се одбивани од навивачите на Гремио, и ги нема на нивниот стадион.
Навивачите на Гремио се познати како најрасистички настроени на тло на Јужна Америка, и речиси на секој натпревар имат расистички испади кон играчите кои се со црна боја на кожата.Последен најголем испад беше во 2014 на финален наптревар против Сантос, кога постојано беше навредуван голманот на Сантос кој е црнец, со постојани мајмунски извици, и фрлање банани и пиротехника кон него.Многу често може да се забележат и паролите како White Pride, White Power, и.т.н.
Ривалство :
Најголемото ривалство им е со локалниот Интернационал, клуб од Порто Алегре за кој навиват останатите раси (вклучувајќи и бели).Нивното ривалство е едно од најголемите во Бразил.Исто така Гремио има големо ривалство и со клубовите од Сао Паоло и Рио де Жанерио.
Легенда :
Најголема легенда на Гремио и после 81 година е поранешниот голман на Гремио Еурико Лара.Tој бранел за Гремио од 1920-1935 година.Иако тешко болен, и препорачано било тој да не брани бидејќи тоа е опасно по неговиот живот, тој не ги послужал советите на докторите и бил дел од големото дерби на Порто Алегре.За врме на досуден пенал на Интернационал, неговиот брат побарал смена на неговиот брат да оди во болница.Гремио го добил натпреварот со 2-0, а поради уморот од натпреварот Лара бил задржан во болница каде што по 2 месеци борба со болеста, тој починува.Во негова чест е и посветена химната на Гремио.