Ако имаш апарат во рака, и сакаш да извадиш дикредитирачка фотографија, мораш малку а-у, ово-оно-она-ана
Така беше на времето. Сега доволно е да пуштиш снимка од ЈуТјуб и се гледа се, фино-лепо. Ако некогаш ми дојде некој на гости, а сакам да го избркам ќе му пуштам снимки од Јофе на ЈуТјуб. Ете најдов и корисна страна на емисијата.
Магде, ајде да се вратам на емисијата, од конструктивен аспект.
ДИКЦИЈА, Јофе ја НЕМА!
Мафтање со раце, претерано е. Да беше физички покрупен, можеби и ќе му личеше, ама вака личи на вртимушка (оние што се паѓаа во смоки).
Правење муабет по телефон со замислено другарче. Таква финта правеше еден ром на времето кога се обидуваше да стане МК Талент во организација на М2. Колку лејм треба да бидеш за да копираш дечко што не успеал на избор за талент.
Додуша не е по телефон, туку мубет со замислено пријателче во публиката (од другата страна на ТВ екранот). Ама пак е лејм.