Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098

Јован Манасијевски, екс министерот за одбрана, е новиот лидер на либералдемократите чиј против кандидат, по оваа трка, беше Стевче Јакимовски, поранешниот министер за труд и социјална политика, кој освои 17 гласови помалку.
ЛДП со новиот лидер ќе го гради новиот лик на партијата, кој на следните локални избори ќе се подготвува за самостоен настап на партијата, а не како досега, како приврзок на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе го вратиме идентитетот на партијата”, им рече Манасијевски на делегатите, ветувајќи им дека веќе на наредниот конгрес, новиот лидер на партијата ќе се избира на непосредни избори од страна на сите членови.
Конгресот го отвори досегашниот лидер Ристо Пенов, кој беше самокритичен, но и ја критикуваше владата.
„Кога ги добивавме изборите, заслугата беше на сите, кога ги изгубивме последните два изборни циклуса, одговорноста ја превземам врз себе”, рече Пенов самокритично, коментирајќи го своето повлекување.
Правдајќи го нискиот рејтинг на партијата, тој рече дека тоа се должи на Европската агенда, зад која застанала ЛДП, но тоа не го правеле заради краткорочни цели, додаде Пенов и притоа ја искритикува актуелната власт.
„Ние, во интерес на остварувањето на Европската агенда во која успеавме, го ризикувавме нашиот рејтинг и бидејќи чувствувам дека се уште многумина имаат дилема дали вредеше сето тоа, јас уште еднаш ќе повторам, вредеше, затоа што државата ја поставивме на вистинскиот колосек”, изјави Ристо Пенов, екс лидер на ЛДП.
Новиот генерален секретар на ЛДП е Дуфе Куковски, поранешен директор на „Македонија пат”.
Пред делегатите Јован Манасијевски ќе го предложи новиот состав на Централниот одбор.
А1