Јованка Радичевиќ

Член од
6 февруари 2014
Мислења
167
Поени од реакции
333
Јованка Радичевиќ е родена на 23 октомври 1986 година во Подгорица. Јованка е црногорска ракометарка која моментално игра за македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ игра на позиција десено крило. Таа е репрезентативка на Црна Гора и најдобро десно крило во Европа од последното ЕП 2012 во Србија. Во сезоната 2012/2013 Радичевиќ ги обедини двете шампионски титули – со репрезентацијата на Црна Гора стана европски шампион, а со екипата на Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионите. Радичевиќ е родена во Подгорица, Ц.Гора и во родниот град помина поголем дел од својата кариера во редовите на Будуќност. За црногорскиот првак настапуваше осум сезони (2004-2011). Со екипата на Будуќност има освоено седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во КПК (2006, 2010). По осум сезони минати во својот матичен клуб, во 2011 година Радичевиќ се пресели во составот на Ѓер ЕТО во Унгарија.Со унгарскиот тим ја продолжи победничката серија, два пати ја освои шампионската титула и два пати триумфира во Купот на Унгарија. Лани со Ѓер играше во финалето на ЛШ, а годинава стигна и до најголемиот клупски успех – ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Јованка Радичевиќ е стандардна репрезентативка во составот на репрезентацијата на Црна Гора со која го освои 6.место на СП 2010, а во 2012 стана олимписки вицешампион на ОИ во Лондон и европски првак на ЕП 2012 во Србија. На европското првенство во Србија, Радичевиќ беше прогласена за најдобро десно крило во Европа во ол-стар тимот на шампионатот.
 
Член од
18 јануари 2014
Мислења
231
Поени од реакции
133
и за што ја отворивте темава сеа..за да и удвараме баш тука...ракометарката е класа и нема сомнение....од друга страна .за сите што се ВЉЉУУБЕНИ толку многу во Јованка..не мрчите овде...туку директно лично по или пред мечевите, позборувајте со неа, сликајте се, автограм ова она..може некој и ќе ја запроси...

АМА АКО ВАКА НА ПРИМЕР СТАЛНО ОБЈАВУВАТЕ ФОТОГРАФИИ..тогаш подобро да се затвори темата и да си уживаме во нејзините ракометни потези..





 
Последно уредено:
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Убава е Радичевиќ, убаво тело и лице, има нешто посебно во неа, според мене далеку поженствена од Лекиќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom