Сте слушнале за Јеховините сведоци?
Познавате некој што е Јеховин сведок?
Што мислите за уште еден ваков правец кој христијаните без двоумење би го нарекле богохулење?
Прво да кажам што ме наведе да ја отворам темата.
Бериме вчера пари за 8-ми март,за класната и викаме една девојка и и велиме ајде дај пари,за 8ми март. И таа ни вели не,не давам јас пари,не заради тоа што немам туку од религиозни причини.
И тука сите ние еден голем знак прашалник ?
Не поминаа ни 5 минути слушам од назад некој вика по неа: -Протестанту! Секташ!
И сега јас,пошто нели сме другарки,се загрижив што е работата и ја викам да ми каже. Ми вели:- Јас не сум христијанка и се надевам дека тој нема да има никакво влијание врз другарството. И велам:-Секако дека нема да има,ама какви се тие ”религиозни причини’’? Ми вели нешто како демек,јас припаѓам на Јеховините сведоци. И јас,ок,добро,у реду. Ми вели не сум само јас,туку целата моја фамилија сме. Е добро. А кој те наведе на тоа? - Мајка ми. -Аха,добро.А кој ја наведе мајка ти? - Па кога мајка ми беше студентка,и беше очајна,во депресија,заради тоа што баба ми била непосредно пред смрт,таа одела по улица и сретнала човек кој што ја фасцинирал со неговото мислење за смртта и од тогаш и таа станала дел од тоа братство. -Аха. -Што има лошо во тоа секогаш да имаш некој на кој можеш да се потприш? -Во која смисла да се потприш,финансиски? -Па,секако. Финансиски не,бидејќи двата родители работат,ама други луѓе кои се послаби финансиски,ние ги потпомагаме,храниме,облекуваме...-Аха.А дали знаеш ти која е функцијата на таквите ”браќа’’?Да привлечат т.е навлечат што повеќе ”нови браќа’’ за тоа верување,значи велам верување оти не е тоа религија,тоа е само верување, ако може да постигне толкав број на ”браќа’’ за да може да стане религија и разноразна пропаганда. Мислам не ти зборувам гледано од религиозен аспект,ти зборувам од научен. -Не гледам ништо лошо во тоа.
Е добро..точно - секој има право да верува во што сака,ама после 5-10 минути разговор со неа,девојката звучеше како типичен секташ кој се обидува да навлече и други,дури и веб страна ми даде! ( http://www.watchtower.org/ )
Инаку, Јеховините сведоци почнале да делуваат во 1870тите, и од своето настанување повеќе пати го менувале името.Во почетокот се викале „Истражувачи на Библијата’’,а во 1931 го усвоиле библиското име ”Јеховини сведоци’’.
Јехова е старо хебрејско име на монотеистички бог. Името ”Јеховини сведоци’’ го поврзуваат со цитат од Стариот завет: „-Вие сте мои сведоци,вели Јехова,вие и слугата мој,кого го избрав,да знаете,да верувате и да разбирате дека тоа сум јас. Пред мене немаше Бог,ниту ќе го има после мене.Јас сум,јас сум Јехова и освен мене нема друг спасител’’.
”Јеховините сведоци’’ ги основал Чарлс Тејз Расел,во Питсбург (Пенсилванија),САД. Се занимавал со трговија,но набрзо после тоа се прогласил за проучувач на Светото Писмо.
Во последно време околу 14 милиони Јеховини сведоци и други заинтересирани луѓе се собираат на ”Меморијалот на Исусовата смрт’’.
Јеховините сведоци веруваат во Семоќниот Бог - Јехова,создавателот на небото и земјата. Не слават Божиќ,Велигден,Нова Година,родендени,8ми март
Ги отфрлаат христијанските симболи,бидејќи ги сметаат за многубожнички. Главна точка во нивното учење е хилијазамот односно вербата во повторното доаѓање на Христос на илјадагодишното земјено царство и дека вечниот живот на небото е резервиран само за 144.000 праведници кои се одбрани.
Признати се од Европската Унија,и многу други останати заедници, и освен веб страната постојат и весници како "Watch tower" и "Wake up!"
И ова им е седиштето во Бруклин,Њу Јорк.