Ја оправдувате ли пиратеријата?

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
АуРоРа напиша:
Епа истиот тој Симон кога би бил малку пореален за неговите можности и популарноста на класичната музика,би го намалил оригиналот до некоја пристапна цена и неговиот труд нема да падне во вода. Кога еден маестро Тоше си дозволи цена од 15о ден, мислам нема причина никој друг да се филма со оригинал од 600, 700 и 800 ден...
Аурорке, ова на огласна табла ќе го закачам. Кога еден маестро Тоше си дозволил цена од 150ден, кој е таму некојси Симон да става повеќе?

:lud:
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
spooky напиша:
Извини те молам. Секој има право да го цени својот труд колку што сака, а ти имаш право да не му го купиш. Само немој да го крадеш - пиратеријата е крадење.
Нема проблем, јас не им наложувам цена, јас само им давам пријателски совет како да им успее производот во нашата средина. Биди реален што цд би вредело 800 ден, да не е случајно од злато?
И ти ете искрено - не си купил ништо пиратско досега или случајно софтверот дома оригинал ти е!!!!Или во иднина син ти сака игра, Да речеме Симс 2, ти ја дава да му ја изрежеш од другарчето што веќе ја купило, а ти му викаш, а не сине, јас сум поштен, врати му го цд-то, ќе ти купи тато оригинал од 100 долари???
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Букаро напиша:
Аурорка многу храбро од тебе шо сакаш да дискутираш на вакви теми.
Но, погоре кажа многу глупости.

Добро а можеш да ми кажеш кои беа моите глупости или и тебе дома софтверот ти е лиценциран или Бил Гејтс ти е пријател па ти поклони еден оригинал???
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
moTaro напиша:
2. Софтвер и апликации. Да бидеме реални, нашите плати не се 25.000+ USD на годишно ниво па некој да се надева дека ќе купуваме оригинални апликации. За дома Сигурно не. Е сега ако имате фирмичка која што подлежи на инспекции (иако незнам со кој ГЗ тие ќе се дрзнат тоа да го проверуваат) за жал ќе морате да користите лиценциран софтвер кој што нема во ниеден случај да работи "подобро" од пиратскиот. Напротив, добар крак отклучува опции за кои што реално трба да платите брдо пари ако сакате тоа да го направите легално!

Инсталирај си Линукс. :)
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Мистичен напиша:
Па целта на режачот не е само да се штанца и размножува нелегален авторски материјал. Нели?

Можеш да си режеш слики и видео од свадбата и крштевката.. на пример.

Ножот е за сечење леб, а можеш и да заколиш некој со него.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Macedalien напиша:
А бе не е ама која е целта наа Видео и Аудио рекордерите - дет’с д поинт :wink:

За домашна употреба, а не за да продаваш она што ќе преснимаш и да правиш профит. Неоданочен!
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Андроник напиша:
Пиратеријата ја подржувам онаму каде што книгата/музиката/уметноста/културата/ не е овозможена кај голем број на граѓани и народи бидејќи е недостапна па единствен начин до просветлување е пиратството. Во тој поглед ја подржувам бидејќи народот треба да се едуцира. Јас лично имам огромни збирки од легални и пиратски изданија, нормално во легалните има поголемо уживање.


Ако е достапна како пиратерија, ќе биде и достапна легално.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
P.Overdrive напиша:
И не, не сакам Линукс + Гимп..

И јас ен сакам „Ѓоре“ да ја продава мојата фотографија што ја имам на мојот сајт.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Букаро напиша:
Луѓето кои продаваат пиратски це-деа не се богатат, туку преживуваат.

Едно ЦД од 100 денари значи, 18 денари данок.

Во едне месец еден пират продава (одприлика) 2000 ЦДа. Тоа се 36.000 денари данок или 10 социјални примања кои ги ускратува само ЕДЕН дилер!
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
НЕ!

треба да се научиме на ред

ама исто да се научиме дека монополизмот и слични девијантни појави се еден од туморите на човештвото/системот, кои сами си ги предизвикуваме
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Легланоста, не наложува монопол.
 
Член од
27 јануари 2005
Мислења
86
Поени од реакции
0
yin yang напиша:
Едно ЦД од 100 денари значи, 18 денари данок.

Во едне месец еден пират продава (одприлика) 2000 ЦДа. Тоа се 36.000 денари данок или 100 социјални примања кои ги ускратува само ЕДЕН дилер!
Ја мајката?

Шо губиш време ко така брат?

Пали патичињата, трк на пазари. Стани шиткач на пиратерија со месечни примања 36.000 ден.

П.С. Јас, ќе ти позајмам и џемперче ако треба :pos:
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Добро (гледам ми ги избришале постовите) пресметај дали не е толкава сума. Нека не е од еден дилер, од 10 нека се. И 10 да се, на 10 им крадат, на 10 кои немаат леб да јадат.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.231
Поени од реакции
34.532
ФАКТ е дека сите користат барем некое парче нелиценциран софтвер.

Ако користам, не значи дека не ја поддржувам борбата против пиратеријата. Глупо звучи, ама јебига - со самото купување на компјутерот мене ми дале нелиценцирана верзија на Windows + неколку програми. Тоа порано не беше регулирано, иако сега гледам дека наплатуваат и за оперативниот систем кога го купуваш компјутерот. Ги стегнаа малку. Така треба.

Тоше го имам купено во оригинаљ, ама реков дека имам (како и сите вас) еден куп емпетројки на компјутерот. Не ја поддржувам пиратеријата и затоа (било да е на форум или на кајгана) објавувам емпетројки направени лично од посетителите или автори кои ми дале дозвола за тоа.

Муабетот ми е дека секој од нас понекогаш е „пират”, свесно или несвесно. Ама отворена поддршка на пиратеријата, како што и даваат некои од вас, навистина е последното нешто што ни треба.

Аурорка, се што кажа ти е конфузно и неповрзано. Па и делот со „Тоше е маестро, а Симон се филма...” АииИИиИи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom