Ја оправдувате ли пиратеријата?

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Член од
27 јануари 2005
Мислења
86
Поени од реакции
0
Ја поддржувам 100 %



Ја поддржувам, притоа морам да напоменам дека важно е да се прави разликата помеѓу плагијатирање и пиратство.

На блогот на колегата .аНТИ се разви мошне здрава дискусија во врска со ова прашање,

ПИРАТСКАТА МИСИЈА Ниедно дело не е создадено само од себе (вклучително и софтверот на Mајкрософт), туку имало долга предисторија на предваријанти, примери, извори...
Затоа таканаречените пирати, всушност вршат просветителска мисија, рушејќи го преприемачкиот систем за заработка со продажба на нешто што всушност не е нивно.


кој е заинтересиран нека дај клик на http://antipunkt.blogspot.com/2005/11/blog-post_13.html
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.231
Поени од реакции
34.532

...Или, купете пиратско CD, збогатете ги пазарџиите што си купиле режач, фрлете го во вода сиот труд на авторите. Симон Трпчевски залудно типка од мали години, за некој пазарџија со режач да си прави BURN и да собира пари од неговиот труд?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Букаро напиша:

ПИРАТСКАТА МИСИЈА Ниедно дело не е создадено само од себе (вклучително и софтверот на Mајкрософт), туку имало долга предисторија на предваријанти, примери, извори...


Да, ама финалниот рез му го дал тој и тој, и е заслужен за тоа да стане тоа и тоа.
Букаро напиша:
атоа таканаречените пирати, всушност вршат просветителска мисија, рушејќи го преприемачкиот систем за заработка со продажба на нешто што всушност не е нивно.
Сигурен си? На орангутаните било, бидејќи имало долга праисторија на предваријанти, примери, извори...
 
Член од
27 јануари 2005
Мислења
86
Поени од реакции
0
Сивата економија е како резултат, на лошата економската политика која ја водат челниците на владеачката класа од сите видови.

Луѓето кои продаваат пиратски це-деа не се богатат, туку преживуваат. Или веќе ако се богатат, тоа неможе да се споредува со профитот кои го чапаат продуцентите и нивните продуцентски куќи.

Најголемиот дел за жал од тие пари сепак одат во нивни џебови.
Значи во луѓе кои не се занимаваат со уметност, туку се занимаваат со менаџерство, извадаштво, продуцентство. Луѓе кои се влијателни во целата индустрија и кои имаат моќ и влијание да направат ѕвезда од кого ќе посакаат благодарение на парите со кои можат да влијаат врз медиумите.

Најмал дел добиваат уметниците како Симон Трпчевски и тоа посебно ако се во класичната музичка култура која е прифатена само од елитниот слој.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.231
Поени од реакции
34.532
И ова беше добро кажано, реално.

Само не ми се допадна тоа „банерчето”.
Знам дека е во твој стил е да бидеш „хард-кор” - ама сепак пиратеријата не заслужува поддршка.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Информацијата треба да биде слободна. Особено за софтвер, користењето на пиратскиот софтвер е единствен начин граѓаните на сиромашните земји, да имаат можност за практична работа и со тоа да станат конкурентни со колегите од запад.
Филмови , музика, не ме интересираат во овој контекст за пиратирање, сепак се забава. Но кога станува збор за професионалнa обуka (аматерска мислев де:), кога станува збор за работа, сакал, нејќел морам да бидам за. :)
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Како и секоја медаља, и оваа има две страни. Пиратеријата е од една страна стимулирана од желба да се има нешто за што може поевтино, па и бесплатно (таканаречено гагаџиство), и од друга страна последица од високите цени на легалните изданија. Пиратерија нема само во музиката, литературата или софтверот, ја има во сите полиња наа индустријата. За ли против? Постојат моменти кога, иако етикетирано како пиратерија, продавањето на „туѓ труд“ држи вода. Овде мора да се потенцираат некои работи :

1. Авторот треба и мора да добие компензација за својот труд.
Е сега, каква ќе биде компензацијата? Некој ја гледа во пари, друг во среќата што неговото дело се шири меѓу публиката, трет го дели бесплатно за да може да користи други дела бесплатно (Free Software, anyone?) Важно, компензација мора да постои.

2. Цената на делото е диктирана од продукциските трошоци и побарувачката.
Секако еден пират со два-три ЦД режачи има помали трошоци по единица производ од продукциската куќа, а во нашите средини се бара што поевтино и што попристапно, така да стално ќе биде плодна почва за пиратство.

3. Лавовски дел од маржата на авторските дела оди кај издавачот, сосема мал кај авторот.
Тоа е една од причините за појавување на пиратството воопшто. Земете ја во предвид следната ситуација : сум купил ЦД и сум ја платил полната негова цена. Со тоа, сум ја „купил“ и музиката на авторот, односно правото да ја слушам. Е сега, по 3, 4, 5 месеци - не е битно по колку време - ЦД-то се оштетило или скршило. Зошто морам повторно да го купувам правото да ја слушам музиката? Зошто не можам, кога веќе сум го купил тоа право, да добијам ново ЦД само за цената на носачот?

4. Појавата на Интернет доведе до револуција на методите за дистрибуција на авторските дела.
Преку Интернет, секој автор може сам да го дистрибуира своето дело со минимални продукциски трошоци. На љубителот на музиката не му е битно како е делото спакувано, може да му е битно само на колекционер. Затоа овој тип на дистрибуција е „сатанизиран“ од продукциските куќи, кои го губат профитот, и автоматски се подведува под „пиратерија“.

5. Интелектуална сопственост е термин кој се злоупотребува за остварување на екстремно високи профити.
Интелектуалната сопственост е термин воведен за официјализација и легализација на „мене прв ми текна“ ситуацијата. Таа би требало да служи за авторот да не биде лишен од (разумниот) профит кој му следува, меѓутоа се користи за безумно богатење на најразлични профили на „автори“ : музичари кои меѓусебно се тужат за милионски суми оти 3-4 такта од вториот заличиле на други 3-4 такта од првиот, пронаоѓач кој конструирал направа која на некој сосема трет му паднала на памет пред 10 години... Луѓето (поготово во Ју Ес оф Еј) се принудени да вршат повеќемесечни, па и подолги, патентни истражувања само за да утврдат дали на накој пред нив му паднало на памет истото што и нив. Тоа енормно ја зголемува цената на крајниот производ.

Кога сме кај интелектуалната сопственост, мала дигресија : кај би било човештвото кога Аристотел, Коперник, Њутн, ДаВинчи, Моцарт... би решиле да ја „заштитат“ својата интелектуална сопственост? Во камено доба!!!

Зошто ги кажувам сите овие работи? За да сфатиме што всушност плаќаме кога купуваме едно ЦД или книга, или парче софтвер. Го плаќаме не само трудот на авторот, туку и скапите автомобили на издавачите, јахтите на адвокатите за одбрана на „интелектуални“ права...

Пиратеријата ќе ја снема оној момент кога дистрибуцијата на делото ќе биде сведена на нејзината вистинска цена, а конзументите ќе му компензираат на авторот - а не на мал милион паразити кои се шлепаат на неговиот (и нашиот) грб.

Едно исклучително дело за појаснување на овие и многу други аспекти на пиратеријата е "Free Culture" од Lawrence Lessig. Можете да го симнете овде. Делото се занимава со сосема друга проблематика, меѓутоа пиратеријата е застапена во убав дел.

Извинете за должината на постот.
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Acid напиша:
Имам против.

И да се по 100 денари оригиналните изданија, пак ист број на луѓе би ги купувале. Најверојатно затоа се толку високи цените. За да има барем каков-таков ќар, или да не си во зијан мора да бидат високи цените. Токму поради купувачите како Аурора.
Дали си сигурен во ова што го тврдиш? Еве - ќе ти кажам пример дека тотално не си во право... Албумот на Тоше чинеше 150 ден, оригинал (што значи доста пристојна цена) и слободно прашај ја менаџерката Лиља,како имаше Тошка повеќе ќар кога продаде 100 Цд-иња од 500 ден или 1000000 од 150... Мислам но сенс. И колку што успеав да забележам не постоеше човек што во тој случај купи пиратско сд, ни т.н. пирати нема ќар да режат пиратско цд. А брат, од каде ти толку јак ле? Да нема пиратерија а? Важи тогаш оди куписи лиценциран Виндоус од Мајкрософт или тоа не е пиратерија а? А само за твоја информација, не постои човек што има дома повеќе оригинали од мене, така да тко сам ја да ти судим е работава...
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
moTaro напиша:
Под неколку точки:

1. Ако зборуваме за Аудио пиратерија (песни, mp3, албуми). Поготово Македонски.

- Јас глава давам дека ако некој од нашиве продуценти користи ЛЕГАЛЕН СОФТВЕР (Cubase, Logic, SoundForge itn itn) за да ја произведат таа нивна музика. И кога ќе ја произведат како таква на Пиратски софтвер се борат за авторски права на истата.. Некако ми е смешно. Глупости.

За жал таква ни е "државата" и е глупаво воопшто да се зборува за забрана на пиратски софтвер.
!
Е тука си тотално во право. За жал во наши услови едноставно мора да е така...СО квази уметници и преценети идеи дека нивниот труд вредел 800 ден, ти се молам???ДА нема пиратерија...хахах
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
OBDN напиша:
Kaj mene ne prai razlika, ako sakam da go imam, ke go imam, dali e 50 ili 500. Razlikata e sto so 50 ke go imam odma, so 500 ke sobiram nekoj den pari.
Е ова многу снобски звучи. Свесни ли сте што зборувате? Не знам каде живеете ама да тврдите дека нема разлика меѓу 50 и 500 ден, тоа не знам. Останатите 450 можам многу порационално да ги искористам...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
АуРоРа напиша:
Е тука си тотално во право. За жал во наши услови едноставно мора да е така...СО квази уметници и преценети идеи дека нивниот труд вредел 800 ден, ти се молам???ДА нема пиратерија...хахах
Извини те молам. Секој има право да го цени својот труд колку што сака, а ти имаш право да не му го купиш. Само немој да го крадеш - пиратеријата е крадење.
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Мистичен напиша:
Кикс на столетието, линукс лиценциран софтвер? Ама, колку нешто да лаже Аурорка...

Е де аман грешки сме луѓе праиме... Ај кажи баш ме интересира ху ис јор опињн
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
АуРоРа напиша:
Е де аман грешки сме луѓе праиме... Ај кажи баш ме интересира ху ис јор опињн
Одма да го исправам киксот. Линукс е слободен софтвер, но не значи дека е бесплатен софтвер. Доколку го купиш ( а можеш да го набавиш и бесплатно), не го лиценцираш туку го регистрираш за потоа да користиш одреден начин на поддршка (телефонска, мејл, ...) кога би имала евентуално проблеми. Линукс не се лиценцира.

Ако имате дилеми околу разликите меѓу слободен и бесплатен, само ќе се реферирам на бесмртоно објаснување на Richard Stallman : Free as in "Free Speech", not as in "Free Beer"!
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Acid напиша:

...Или, купете пиратско CD, збогатете ги пазарџиите што си купиле режач, фрлете го во вода сиот труд на авторите. Симон Трпчевски залудно типка од мали години, за некој пазарџија со режач да си прави BURN и да собира пари од неговиот труд?
Епа истиот тој Симон кога би бил малку пореален за неговите можности и популарноста на класичната музика,би го намалил оригиналот до некоја пристапна цена и неговиот труд нема да падне во вода. Кога еден маестро Тоше си дозволи цена од 15о ден, мислам нема причина никој друг да се филма со оригинал од 600, 700 и 800 ден...
 
Член од
27 јануари 2005
Мислења
86
Поени од реакции
0
АуРоРа напиша:
Епа истиот тој Симон кога би бил малку пореален за неговите можности и популарноста на класичната музика,би го намалил оригиналот до некоја пристапна цена и неговиот труд нема да падне во вода. Кога еден маестро Тоше си дозволи цена од 15о ден, мислам нема причина никој друг да се филма со оригинал од 600, 700 и 800 ден...
Аурорка многу храбро од тебе шо сакаш да дискутираш на вакви теми.
Но, погоре кажа многу глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom