Јас како мал/а!

M

marko 1996

Гостин
Па неам некој посебно така глупости само еднаш запалив 6 столици и пола дрво , и само шо на луѓето на сред улица им го вадев ...
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
41
Поени од реакции
7
Ја сум сеуште мал :zlo:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Правев стрели во село, ставав врвови од игли или од алуминиум ги правев оштри и пола кокошки и ги скинав на комшивката, навечер сталкер бев... Кутрата кога ќе се сетев плачеше понекогаш....
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
јас како мал многу глупости сум правел. едноставно на немирштилокот му немало крај. 5-6 пенџериња имам искршено пола дома пола на школо. на братучед ми за малку окото ќе му го извадев со камен, на другиот братучед раката на врата сум му ја фатил и... крау.... в гипс. после малку поголем секогаш им бев главниот-водач на цела улица и сите така собрани одевме по други улици да се тепаме. се имам фрлено од 2ор спрат ама се задржав на тераса и еве ме сега. после се имам изгубено во црна гора. после некое време ја заклучив сестра ми во една соба в село, и дадов играчки да седи мирна и моиве побудалеа, викнаа полиција а јас мртов ладен, демек ништо не знам што се случува и после кога им кажав :kesa:
 

nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Навика да мочам од тераса и по цели денови сум плачел до 5-6 години .. :)
 

zmijata

И ондак то...
Член од
2 јануари 2008
Мислења
95
Поени од реакции
3
Имам шетано цел ден низ маало со мртва прегазена мачка во рацете и на крај веројатно бидеќи премногу се зближивме ја правев операциа со цел да оживее. после ова седев два дена дома и јадев ќотек 2 пати во денот.

Често правев веселби и свадби со чупина од маалото а главна атракција беа трендафилите од комшиите расфрлени по целата улица.

Главен организатор бев на кражби по дворови кршенје џамови и слични бељи.

а ми текнува дека во старото маало каде што живеев бев мн одбивен од сите комшии и им забрануваа на своите деца да си играат со мене но сега кога одаам кај бабами живеам со сите и сите ме сакаат. :wink:
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Па пред да почнам да одам во школо обично си играв сама( ме викаа надвор со другите да си играм, а јас одбивав да одам), си играв претежно на доктор, моите редовно беа преврзани со завои, на секои 5 минути им ’мерев’ притисок, отчукување на срцето итн. Од кога почнав да одам на школо, ич не се дружев со моите школски. Си играв со бандата од братучеда ми, и сите беа на различна возраст. Кога бев во забавиште, ние бевме прва сена, а братучеда ми втора( поголема од мене), и ме земаше од школо, со точак, и ме носеше кај неа у маало. Таму со уште 10-тина деца ( имаше некои и 5 години постари) игравме по цел ден некои игри со топка, фудбал редовно игравме и тоа имавме термин да се собереме од 5 часот попладне, до 7 треба фудбал да се игра. Се сеќавам дека еднаш, лето беше, и чичко ми беше дојден на госте кај нас. И нешто зема да свири со гитарата, некоја песна, ама песната беше многу енергична. И јас и братучеда ми игравме ТАНГО! Ние бевме надвор , а чичко ми внатре. И братучеда ми редовно паѓаше, и и се случуваат некои баксузни работи. И се отсопна, и јас со неа, почнавме да се тркаламе по улицата. Мене ништо не ми беше, ама нејзе и двете раце и беа скршени. А зимото кога ќе паднеше снег ние со санки се спуштавме од улицата ( Инаку таму каде што живеам е нагорница), и често се кршеа раце, нозе, глави. Мене до душа никогаш не ми се случи несреќа. У принцип многу мирно дете.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Ми кажувале, на одмор со камприколката ко сне биле, еден ден сум се затворил во камприколката, сум го зел цело кутиче со еурокрем и сум го изел цело, а во меѓувреме сите од фамилијава, пријатели и тука шо биле со други кампој ме пукнале барање. И ко ме нашле, јас сум бил заспан и устава цела со чоколадо.
Hahahahahaha неможам да верувам дека то сум го напрајл.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Го пикнав прстот во миксер(додека работеше of course), мајка ми ми' правеше торта за роденден.Се направи шлаг додека работеше миксерот, јас ни две ни три бутање прстот, да мацнам.
Среќа стигна на време пред да ми го искине прстот.Имам само една голема лузна,малце ми вози на лево прстето и ми се гледа коската:smir:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Како мал сум имал манија да играм со капаци од тенџериња :pos: Eднаш цела фамилија ме барала и не можеле да ме најдат, а јас во визбата затворен и тропам на капаците...штета што не испаднало некој музичар од мене :)
Друго, знам дека сум ставил рака на вжештена пегла и неколку пати сум паднал во река. Сепак најблагодарен и сум на мајка ми што ме предупреди дека првиот костум што ми го купи од Бетмен, всушност не функционира и дека не можам да летам со него. Ако не ми кажела сигурно ќе летав долу по скали :pos:
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Има безброј глупости што ми е срам да ги споменам.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Јас како мала ми било досадно да си играм со женските!Оти они си играа со барбики, куварки изиграваа а мене тава ми беше досадно.Јас се беех со машките.Фудбал играаме, знам еднч мене голман ме ставија и ногу беех срекна :pipi: .А со братучетка ми редовно се тепаах.Она сакаше да ме шминка, јас не даваах.Ама она похолема од мене, посилна, и шминкаше ме.И после јас плачеех хаха.А памнам она на баба ми штиклите коо ке ги облечеше...одзад 20 сантима има уште 1 нога да се стае ама битно она штикла носе :pipi: .А јас уште од тугај си беех тренерката/патиката/фармерката и спортски тип сум по топката.А мразам барбики.Мојте ми купувале да ме терат да си играм со барбики и кукли(додуша у собата уште стојат дел од них, мрзе ме да ги раскренам) а јас памнам на излозите по колички се залетуваах :pipi: .И со братучед ми у дворо дрибљааме се фудбал, и имаше колички повлечеш ги на зад и после они сами тргнат на пред.Е со тие колички колку сме се тркале значи...еххх колку работи ми фалиле од детството :)
 
Член од
21 декември 2009
Мислења
131
Поени од реакции
26
Тие што не поминуваа многу време со мене, мислеа дека сум мирна. :pipi:
... На барт ми му имам скршено чаша од глава :kesa:.
Обожавав да кршам мини од тенкоминци... татко ми здивуваше...
После дожд, со другарките имавме навика да собереме полжави, ги газевме, и ја изучувавме нивната внатрешност...
Бевме страашно опседнати со духови, вампири и слично.
.... Отваравме продавници [сериозно размислувавме за започнување бизнис]
... Баравме злато.
Копавме во дупки од мравки со надеж дека ќе најдеме огрооомни простории, како во цртаните.
... Мн. сакав да трчам, и бев убедена дкеа сум најбрзото нешто на светот. :kesa:
Еднаш, дупнав топка за да видам дали ќе излезе воздухот.
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Јас бев многу немирно дете најчестите реченици на мајка ми додека ме тепаше а јас се смеев беа "Ме изеде" и "Пак бре Александра?" .
Што и да јадев морав прво да го фрлам на земја па да го јадам, наместо да голтам ситни предмети јас го ставав во нос (тик-так бонбони, ситни петлици, коски од маслинки, памбук и т.н.) среќа што мајка ми имаше долги нокти па не мораше да ме носи на доктор.
Додека ја градевме куќата влегов во буре полно со вода додека работниците беа на паза за ручек, скокав од плоча в песок.
Се бесев на рачките од вратите и се крлав, скокав од масиче на кревет и обратно.
Мислев дека Австралија е преку улицата зошто кога и да ги прашав моите каде е ми велеа "далеку е", а за мене прелу улицата беше тоа "далеку " па еден ден си ги собрав играчките и малце алишта во најлонче и тргнав во Австралија при што се загинав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom