немам никакво мислење за исламот, и не се поврзувам во никаков контекст со него.
но некои луѓе, се тотално против него, и поради нивните писанија, е формирано мислење какво што владее, да речеме на балканот...
според историјата, исламот кога влегол во Палестина, Светата Земја, настанал пуздер таму на христијаните...археологијата контра тоа вели нема никакви оштетувања на христијански храмови од тој период, некои опстојуваат до ден денес.
раниот ислам таму. и оној на балканот, од султаните, не е ист со оној од подоцна...
во раниот период од турската окупација, нема опресија врз христијаните, напротив има чудна кохезија помеѓу нив.
тоа ми е мене разбирливо,на обичниот народ многу му било гајле дали е управуван од Римски цар или Турски султан.
но, постојат записи дека Турските султани шетале низ царството и биле дочекувани и со цвеќиња, за разлика од Римските пред нив...
познато е дека во Сервија, никогаш некои сервски принцови -семејства не престанале да собираат даноци за нив, а не за Султанот, по султански декрети....кои им признавале автономија, што велиме...
знаеме, христијаните, богатите, на функции, си ги давале ќерките за султани...
цела Тракија, Македонци оттаму, преминаа во Ислам, тие се денес Тракиските Турци во гејлада...
веројатно, покрај замислата за девширме, некои луѓе би можеле да видат иднина за своите деца во новата империја...
Јаничарите се само дел од ефектот од девширме...
децата оделе и за други работи, а не само за јаничари...
знаеме, деца служеле по цркви, манастири низ ЕУ...имало давање од родителите..
па и денес, луѓе си ги продаваат дури и бебињата за пари...
но, турската империја загубила територии, водела многу војни...
внатре, не се модернизирала, напротив се впуштила во верско-клановски (спахиите) експерименти, кои донесле состојба на невидена корупција и деспотизам...
девширме се престорило во монструм институција, според нашето гледиште...
секако, имало радикална пресвртница во она што го велиме девширме, да споредиме со Хитлер кога ги праќаше Ариевските деца да го бранат, а не еврејски, словенски...
децата се политички злоуботребувани и во 20 век, Сталин, титовите пионери, хитлер југенд...
но кога му служат на нашиот лидер, тогаш е ок...два аршина..
народот секогаш бил курназ...
додека немал зорт, гледаме од турските пописи, селото е христијанско...
по некој зорт, гледаме од турските пописи, селото е муслиманско..
со ист брј куќи и жители...
реално, ние немаме автентични записи од тоа време, и како било што било, се само нагодувања..