- Член од
- 19 февруари 2016
- Мислења
- 419
- Поени од реакции
- 85
Не сметам дека е опасно, само што мене лично ми е непотребно.
Зависи најмногу од родителот. Ако ставал истиот по 100 слики месечно од него, селфиња, кафиња, мафиња, пак ќе става слики и од детето. Имам вакви по фб, имам и од оние што не знам како им изгледа детето.
Ете на фемина форумот, комотно може да си дискутирате за јадења, кашички, облека, воспитување и каде родителите може да си се дружат на тој левел, меѓутоа е анонимно и не мора слика од детето да се става насекое.
Е сега, кај нас не знам дали има такви родители, али на јутјуб може да се најдат канали каде децата се третирани ко вработени. Канали за што јаделе децата денес, што домашни имале, како спиеле, итн, децата се снимани по цел ден, родителите си прават реално шоу дома. Тоа ми е претеризам и некоректно кон децата.
Потполно се сложувам
има многу родители кои ставаат слики на социјални мрежи на бебиња тукушто родени или што наполниле 1-2 месеци,
не е тоа за на фб,
сепак децата треба да бидат заштитени од секакви погледи на нивните слики, не дај боже манијаци, педофили