Јавни огласи/конкурси за државните администрации

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Како една мала споредба.

Германија има однос 20-80. 20% Администрација, 80% останати сектори (приватно).
Македонија има 50-50. И сега ако се зголеми процентот, тоа значи дека рејтингот на владејачката партија им троа опаднал, па вака сакаат да си ги кренат гласовите (последното кревање беше со пензионерите, па да видиме што е следно).
 
S

Shaman

Гостин
Се додека имаме слаб приватен сектор и се додека за едно исто место во јавна администрација се тепаат 16 луѓе, по 4 од секоја партија, се до тогаш ќе не влечат партиите за нос.
Прашај ги оние што работат во јаки приватни компании дали го заболе кој е на власт. :)
Еден мој другар е програмер, зема 90000 плата + преку интернет нешо подработува за странски фирми,
се на се, преку 150000 денари месечни примања. Го заболе и за јавна и за тајна администрација.
 
N

Nessa Alcarin

Уффф ама те лаже другарот... :)
 
S

Shaman

Гостин
Уффф ама те лаже другарот... :)
ЕЈ! хахаха
и јас истото му го реков пред некој месец.
- Абе не лажи мочко. Тебе некој ќе ти дава толку пари. (е баш со вие зборови)
ама ме затна коа ми го покажа приливот на средства во Тутунска.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Во главниот штаб на Вмро Дмпне се огласите. :icon_lol:

Близок мој роднина кој работи како инспектор во УЈП ми кажа дека пред 2 месеци преку партија се земени 3-јца со средно обрзование да работат на компјутер и лапаат мин 28.000 плата а они немаат појма од офис и сл програми и сега моментално следат приватен курс по офис за да се научат да работат. :facepalm:
Затоа барам од 120 000- 140 000 јавната администраација да биде не повеке од 70-80 000 луге за да биде поефинаскна и да не се вработуваат вакви паразити како што ти кажа , и да не се вработуваат рамковни што исто толку зимаат а не ни догаат на работа а тие се уште понапредни од твојот случај
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
ЕЈ! хахаха
и јас истото му го реков пред некој месец.
- Абе не лажи мочко. Тебе некој ќе ти дава толку пари. (е баш со вие зборови)
ама ме затна коа ми го покажа приливот на средства во Тутунска.
Незнам, можно е, но е неверојатно. Јас работам како програмер и ги знам одприлика платите на моите колеги во другите партнерски и непартнерски програмерски компании. Просечна плата на програмер се движи од 700 - 1000 евра, но има и такви кои зимаат по 15 000 ден. Доколку твојот другар е менаџер, тоа е друга приказна. За програмер 90 000 многу е за Македонија, па и од интернет 60 000 ... Многу пари се, ако беше така програмерските фирми ќе цветаа. Just saying...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Како една мала споредба.

Германија има однос 20-80. 20% Администрација, 80% останати сектори (приватно).
Македонија има 50-50. И сега ако се зголеми процентот, тоа значи дека рејтингот на владејачката партија им троа опаднал, па вака сакаат да си ги кренат гласовите (последното кревање беше со пензионерите, па да видиме што е следно).
Не ти е точен податокот спинуваш Макеонија има 650 000 вработени од кој 140 000 се од јавна админтрација а тоа во проценти е 21,8 % да беше во Македонија 50-50 ке имаше 325 000 вработени во јавна администрација . Но факт е дека треба да биде не повеке од 10% вработени во јана дминистрација како што во некој земји. Колку помалку пари на амдинистративци толку повеке пари за компаниите кои ке се добијат преку намалени давачки и даноци.
--- надополнето: 22 мај 2012 во 14:20 ---
Се додека имаме слаб приватен сектор и се додека за едно исто место во јавна администрација се тепаат 16 луѓе, по 4 од секоја партија, се до тогаш ќе не влечат партиите за нос.
Прашај ги оние што работат во јаки приватни компании дали го заболе кој е на власт. :)
Еден мој другар е програмер, зема 90000 плата + преку интернет нешо подработува за странски фирми,
се на се, преку 150000 денари месечни примања. Го заболе и за јавна и за тајна администрација.
Се согласувам со тебе 100% тоа е капитализам ако те бива ке успееш ако не те бива ке се гребеш од власта и сл коски колку да преживееш но тие што се вистински компании можат и сами да успејат. И не може никој да ми каже дека сите успешни компании се успешни компоании благодарејки на пари од власта и сл, чисти глупости која се продава за економска неписмена раја.
 
T

Tetro

Гостин
Не ти е точен податокот спинуваш Макеонија има 650 000 вработени од кој 140 000 се од јавна админтрација а тоа во проценти е 21,8 % ...
Не зафркавај, дете.

140 000 биле некогаш. Капитал (со изјава на Бесими) на 19-ти септември 2011-та рекол вака:

“Бројката од 180.000 вработени во јавната администрација, која не е потврдена од ниту една државна институција, како Заводот за статистика или Министерството за информатичко општество и администрација, се однесува на сите вработени во јавниот сектор, а тука спаѓаат државните компании, јавните претпријатија и слично“, вели Бесими.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/73710/javnata_administracija_raste_na_teren,_a_vo_budzhetot_se_namaluva.aspx

Ако темата беше во Економија, ќе направевме и пресметка зошто се намалува буџетот и зошто државата кредитно се задолжува. (y)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9
Поени од реакции
0
Незнаев кај да го поставам ова, но ова ми изгледа како најсоодветно место. Во последно време многу луѓе гледам полагаат испити за државни службеници па мислам дека ова може да им биде од помош со оглед на тоа дека има преку 600 прашања за одговарање. Тука може да ги најдете одговорени сите прашања.

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=575246
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.386
Поени од реакции
5.146
Со последниов бран на владеачкава партија што ги зафати дел од градовите се сменија добар дел на инспектори, раководители на подрачни единици итн. Е сега ме интересира каде може да се најде повеќе информации околу тоа, каде може да се видат потребните услови да конкурираш за такво место воопшто бидејки не гледам ништо по интернетов ? што е потребно поточно ..
Или дебели врски во партијата и партиска книшка обавезно а ако не си член од 3000 до 5000 евра за вработување. Со вторава варијанта многу поверојатно е да се вработиш затоа што ретко кој може да одолее да не земе на гладно срце толку пари.Парите јавно ги нудиш апла јавно во партија но со услов дека ќе земеш кредит од банка откако ќе стапиш на работа а тој што ќе те вработи да биде жирантот на твојот кредит за во случај ако не добиеш решение односно те избркаат тој што те вработил да си го доплати кредитот. Многумина на почетокот веднаш ќе одбијат затоа што се преваранти и од таквите можеш само да отидеш во бунар но верувај ми од 100 души еден ќе прифати а тој што ќе се нафати сериозно ќе ти ја заврши работата.На крај И ВОЛКОТ СИТ И ОВЦИТЕ НА БРОЈ:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom