Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
На сите им е страв од Рокенрола ...:D


Стара е таа слика :) сега е многу ослабена а ла Викторија Бекам, Калиста Флокхарт, итн.
http://fabulousbuzz.com/2012/02/27/angelina-jolie-at-the-oscars-photos/
:(
Слободно хејтајте:D

Еве едно видео што го најдов со сите нејзини филмови.


Ај да почнам јас нали:icon_mrgr:

Според мене, Анџелина не е најдобрата актерка на светот, самата има изјавено дека не е Мерил Стрип. Согласно она што го има одиграно, има улоги кои се просечни и незабележителни, ама затоа пак од друга страна има улоги кои се силно впечатливи, како на пример: Girl Interrupted, Changeling, The Good Shepard, GIA, и мене лично многу ми се допаѓа како одигра во Беовулф.

Томб Рајдер апсолутно ја проби меѓу актерската елита и токму со таа улога се eтаблираше кај публиката, макар што барем според мене, иако немаше подобар избор од неа за улогата, актерската изведба и е смешна кога ќе ја споредам на пример со онаа во Џиа.

Долго време ја сметаа како акциона актерка, зашто филмовите многу често и беа скок пук. Мислам дека филмот на Клинт Иствуд ја смени перцепцијата за неа во таа насока.

Филмот што го режираше никако да стигнам да и го погледнам, меѓутоа, според многубројните критики, не ја чека некоја светла иднина во таа насока.

Жолтата штампа, приватниот живот и убавината и беа ветер во грб во секој случај. Нема бегање од тој факт. Меѓутоа, убедена сум дека на постари години ќе развали со некоја улога преку која ќе остане запаметена. Чекам да видам дали тоа ќе биде Клеопатра.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Според мене е преценета актерка. Мене не ми се допаѓа многу како актерка, иако GIA и беше мислам дека улога живота, мислам и одговараше и на темпераментот и слично. Ми се свиѓаше и еден филм, таму имаше добра глума, само врска немам како се викаше, имаше кратка коса и нешто имаше со fox. Во суштина тоа е тоа. Лично ми е доста антипатична како глумица, а Salt е еден од филмовите кои највеќе ме нервираат, ми се иде да си пукам во колено кога ќе ми текне на целиот филм и приказна и глума и муабети...:facepalm: Пар изгубени саати кои никогаш нема да ги вратам во животот.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.249
:D Па шо очекуваше од Salt? :D :D Инаку fox во Wanted е, aма немаше таму кратка, имаше како Acid Burn во Hackers. :drk:

Во Gia e одлична, скоро исто и во Girl, Interupted.. Changeling, ми беше исфорсиран и.. чудна.
Хм.. кога ќе размислам скоро се' сум изгледал, од Mr. & Mr.s Smith, па и Salt и Тourist.
Јас углавно ја сакам поради нејзината грациозност. Значи немора да глуми, доволно да се појави. Погледнете ја само во Alexander. Жена. Ипол.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
:D Па шо очекуваше од Salt? :D :D Инаку fox во Wanted е, aма немаше таму кратка, имаше како Acid Burn во Hackers. :drk:

.
Не, не, не беше Wanted, стар филм е ептен, има она кратка коса и ептен е млада таму. Леле, ич не ми текнува како се викаше...
 
T

Tetro

Гостин
Само во филм со ефекти и шминка две литри ќе биде убава. Ја помина и таа 35-ката веќе, опадна квалитетот.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.249
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Немам оформено некое посебно мислење за неа. Знам само дека порано ако имало нејзин филм на ТВ радо сум го гледал а сега само менувам канал. Инаку прв филм во кој сум ја гледал е Love Is All There Is, забавно мало филмче кое ја префрла приказната со Ромео и Јулија во модерно време и со пекари. Од сите нејзини филмови овој ми е најомилен.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.465
Поени од реакции
30.997
Убава, талентирана, извонредна актерка(види Girl, Interrupted), лоша режисерка.
Хумана е пред се, ги отвара своите врати на несреќните.
Таа не врти добра нога, но нејзината нога го врти светот.
Само да прекине да се суши. И тоа, Анѓа си е Анѓа.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Сметам дека ниту е потценета, ниту преценета. Од една страна, наградена е со Глобус за Gia и Оскар за Girl Interrupted. Од друга страна, ако се добро сеќавам, „наградена“ е и со Златна Малина за улогата во Tomb Raider. Според мене најдобри улоги и' се оние двете кои ги спомнав горе и плус Changeling. Понекогаш се прашувам зошто снима толку акциони филмови, кога ете колку-толку драмата и' лежи како жанр. Мене ми делува како интригантна, длабока личност, па не знам зошто истото тоа не го пренесе во своите улоги. Бидејќи ги имам гледано повеќето нејзини филмови, интересно е што повеќето од нив се просечни. Многу малку се добри, а ептен малку се одлични. На пример, не знам како можеше да се нафати на улогата во Tomb Raider со Оскар позади себе. Уште кога ја играв играта баш така ја замислував Лара Крофт, ама факт е дека филмот беше катастрофа од невидени пропорции. Инаку, не сметам дека нејзината слава потекнува од статусот на ѕвезда. Таа е пред се' актерка, па би сакал во иднина допрва да се докаже и да ниже успеси.

Што се однесува до In The Land of Blood and Honey, филмот е повеќе лош, отколку добар. Сепак во мојата рецензија и' дадов оцена 5/10 пред се' поради трудот и желбата да излезе од шаблонот на типична холивудска ѕвезда. Знам дека филмот помина незабележително во светските кино-сали. Ми се чини дека Ѕвездата на тапет не постигна ништо со In The Land, освен што стана светица во Босна, и најомразена личност во Србија.

Fun fact: Не сум суеверен тип, ама во прва година средно едно време си носев слика од неа кога правев тестови зашто сметав дека ми носи среќа.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова малку е оф топик, ама ова е една од најголемите причини зошто си ја почитувам женава.










tchad-2007-11.jpg

solutions_home.jpg

Во рок од 10 години ги обиколи најголемите воени жаришта, покрена прашања за бегалци, деца и сексуално злоставувани жени во воени зони. Тегне вреќи на свој грб за да доставува хуманитарна помош. Којзнае колку милиони годишно донираат со Бред за разно разни каузи. Исчува три деца како свои и веројатно ги спаси од ужасна иднина. Во суштина многу паметно го искористи публицетот за да го сврти вниманието кон оние на кои им е потребно. Од дива жена стана вистинска инспирација. Може да ја ругаат за ногата, за тоа колку е слаба, за посвојувањата, ама на крајот на краиштата таа самата има направено милион пати повеќе од секој оној кој ја користи да се исмејува. Вистинското прашање е што направиле оние А листа актери, трендсетери итн итн кои и' ги наоѓаат маните.

За мене секогаш ќе биде најпрекрасната жена во Холивуд, не само заради убавината, туку многу повеќе заради она што го направи за другите.

Анџелина е многу повеќе од актерка. Нема многу ѕвезди како неа. Камо да ги има.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
не е добра глумица далеку од тоа...се проби пошто сите сакаа да ја плеснат....подобро и иде во посвојување на деца него ли у глума....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom