Првата шанса на Астон Вила, веднаш гол. Убедливо најслаба одбрана во лигата, на чело со голманот.
Јас разбирам дека е линијаш, имало, има и ќе има такви голмани. Впрочем Чех после повредата беше таков, ама мајку му стара, еднаш да не излезеш на топка што лета во воздух, еднаш. Особено ако е поприлично бавна, ја собираш и мирна глава. И особено ако го земеш предвид фактот дека Кристенсен е човекот кој те штити тебе и голот.
Џејмс е добар во напад, одбраната му е навистина тенка. Ќе го поправи тоа со тек на време, ама ептен испаѓа во дефанзива. Сега го изгуби Трезеге, пред три дена Кресвел. Исто така често се заборава напред и остава дупка во дефанзива. Вечерва Вилиан да не беше, ќе ровареа Грилиш и Таргет без проблем.
Маунт уште еднаш, играч помалку. Момакот е прегорен. И кога требаше и кога не требаше, Лампард го внесуваше во игра. Еве ги сега последиците.
Хадсон на местото негово и одиме на победа. Не смееме да дозволиме четири кикса за нецели две недели.