Е сега ова е мал дел од минераливе и камењава (дел сам ги имам најдено, дел купено и дел ги имам добиено за подарок од геолошки интерес), а и ме мрзеше сега сите посебно да ги сликам. Дел од минераливе тука се (не знам точно на македонски дали се исти терминологииве) - стибнит (тоа големото со иглите), аметист (ова го најдов во Западно Онтарио), па има микашист? (biotite mica), ортоклас е кафавото во средина, графит, флуорит, кварц со калцит, тиркиз, берил (варијација на смарагд), корунд (темно црвен - варијација на рубин), сулфур, гипс, малахит (едно такво, едно со азурит - најдено), турмалинот не се гледа баш во белата опаковка (рубелит - rubellite), галенит? (galena), лепидолит (lepidolite - lithium mica), пирит и базалт (ова е од Британска Колумбија од последната вулканска ерупција таму). Имам и барит и ред други минерали, карпи (некои со микрофосили). Не можев сите да ги сликам.