Двапати ти го кажав, ама изгледа не можеш да го сватиш.
Мислам дека луѓето почнале да се делат бидејќи полесно е да контролираш помала група на луѓе. Па почнале да ги делат во религија, во националност, во возраст, во пол... стотина категории направиле. Затоа денес имаме цар на верниците (поп или оџа), цар на младите, цар на мажите и царица на жените...
И тие ни ствараат проблеми денес.
Јас сум едуциран и учен да бидам тој што сум. Албанец, Муслиман, Маж... ама во никој случај останатите не ги вметнувам во такви категории. Тоа што сум, сум. Јас, внатре. Тоа што си биди си. Ако можам да живеам со тебе (без разлика во кои категории спаѓаш) супер, ако не здравје. Но никогаш нема да те ставам јас тебе во било која категорија.
Кажи ми дека одредена личност е лоша. Одреден албанец, со име и презиме. Кажи ми и поголема група, не правам проблем. Ама немој да ми кажуваш дека СИТЕ албанци се лоши. Не постои таква работа и тоа е тешка лага