nicole_l
Поени од реакции
614

Профил пораки Теми и мислења За мене

  • Прочитав еден расказ од Едгар Алан По, го имав читано и порано ама не се сеќавав на детали. Достоевски од него се инспирирал да ја напише „Двојникот“.

    Ми имаше пишано дека ја читаш па ми текна да ти го предложам расказов се вика „Вилијам Вилсон“, ќе го најдеш во збирката раскази „Маската на црвената смрт“.
    А серијата можеш да ја најдеш преку торенти. Пиши ми ако не можеш да се снајдеш.
    Одлично. :) Јас месец дена ја влечкав Идиот.

    Да, мошне суров крај, но тоа е и целата идеја, се уништува тоталната позитивност и пак во светот владее она преправање, онаа малодушност.

    Мишкин е еквивалент на Исус, ко што тој на крајот е распнат така и кнезот завршува во санаториум по сите потсмевања што ги претрпува.
    Мене уште Дневникот ми остана неисполнета желба, ама ќе биде и тоа кај и да е. Како ти се чини таа од Трајче досега?
    Ја дочитав Идиот и сум на мислење дека за нијанса е појака и од Карамазови. Ја изгледав и серијата, перфектно е доловено сè, подобра екранизација на книга немам видено.
    Па како тебе ти одговара :) Јас сум ептен нестрплива. Може и сега да го пратиш ако не те мрзи :)
    Јас уште толку имам од Идиот. :)

    Ја бараше таа од Трајче Стојанов?
    Книгата е издание на АЗ-БУКИ, корицата изгледа вака. Побарај ја, па ако не можеш да ја најдеш ќе ти пратам e-book.
    Од Браќа Карамазови бил предвиден уште еден том каде што централното дејство ќе се врти околу Аљоша, но за жал починал и не успеал да го заврши.
    Дмитриј според мене е доминантен лик во Карамазови. За испит ми беше есејот, имавме 5 теми, одбрав да пишувам за него.

    Околу ставот на Достоевски... Тој не застапува став во книгите туку нè става во положба самите да си определиме на која страна сакаме да застанеме, дава аргумент и контра-аргумент.

    Ако те интересира повеќе, прочитај ја книгата на Трајче Стојанов - „Достоевски: од подземјето до Богочовекот“.
    Да, ја имам читано и јас, истото издание. И мене преводот не ми се допадна затоа прашав од кај ти е.
    Да, изданието е на Ѓурѓа, ама преводот некако не ми се допадна дури напорна ми дојде :) Инаку, сега ја почнав Браќа Карамазови и стварно ме воодушеви. На некои моменти ме наежи.
    Фала за информацијата :). Јас ја немам гледано. Инаку се согласувам со тоа дека 99% од луѓето што одат во театар кажуваат само колку многу им се допаднала претставата, а не знаат зошто. Или пак, ќе кажат: „ Затоа што е многу убав Дејан Лилиќ или Сашко Коцев или Игор Стојчевски“. Ама тоа е ... Најверојатно театарот не е за секој.
  • Вчитување…
  • Вчитување…
На врв Bottom