Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Незгодни, нагазна мина се овие иако мислам дека Швајцарија и Србија ќе беа полош противник за нас.
Како шо видовме на првенствово имаат 3 страшно добри играчи Оли Митун, Скипатогу средниот бек и десното крило Теиугм.
Изиграа нерешено со Норвешка, во егал беа до самиот крај со Словенија.
Ги краси борбеност, во играта 7 на 6 многу малку грешеа и то е нивно јако оружје.
Во дефанзива играат со релативно ниски играчи на 3 и 4, веројатно тука ќе имаме наша шанса да ги искористиме нашите бекови за шут од 9 метри.
Иако во квалификациите на гости од Романија изгубија со 8 разлика, а дома ги тепале со 2 разлика, но тоа беше март 2023.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.177
Поени од реакции
2.658
Интересно што реваншот го играме на домашен. Претпоставувам дека мака ќе мачат таму и најверојатно ќе бркаме резултат цело време. Со Швајцарија покажаа дека не се дно дна и повеќе од 3-4 разлика ако губат не би изгубиле. После кога ќе ги фатиме дома пред онаква атмосфера , минимум 5 разлика ги плеснуваме. Цела фора е да биде надокнадливо.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
639
Поени од реакции
2.618

Дома ни е театарска атмосферата едно добри 3 години.
 
Член од
23 март 2017
Мислења
313
Поени од реакции
521
Веќе нема дома гости во спортот, сите играат под притисок, навикнаа,тие што се јаќи за нив не постои тоа правило старо 50 години, во поново време во спортот нема веќе дома ,гости ,милион пати докажано во сите спортови у последните 5- 6 години.Таа предност дома нема да го надомести нашиот (не) квалитет.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Кога ја критикувате тактиката 7-6, свесен си дека финалистот Данска вчера изигра најмалку 5-6 напади 7-6?
Така и го решија мечот. 7-6 со Хансен на центар. Претходно имаа доста проблеми со одличната одбрана на Данска.
Автоматски споено мислење:

Доста лоша ждрепка. Ептен немаме среќа со ждрепките последните години... Фарски острови се веројатно 2риот најтежок противник што можевме да го добиеме (имаше 8 добри и 3 лоши - Србија, Фарски и Швајцарија).

Од ракометен аспект може да е доста интересен дуел, ама не ми се допаѓа што од исходот ќе зависи пласман на СП. Наша предност мислам дека ќе бидат пикерите, немаат таков габарит во дефанзивата Фараните. Од друга страна, ние сеуште не сме покажале дека знаеме да играме одбрана против супер брзи експлозивни средни бекови, Скипаготу и Митун сигурно ќе не растурат.

50/50 дуел. Единствено што ми дава надеж е што барем ќе имаат натпреварувачки ритам нашите бидејќи плејофот е далеку поквалитетен од есенскиот дел.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Па океј ждреб. Симпатична екипа се Фарските Острови со нивните играчи и цело село публика. Штета што се паднавме со нив од тој аспект, иако мислам дека ние сме во предност во однос на нив. Тие немаат ротации доволно и играта им се движи околу двајца играчи. Тие ќе гледаат на нас како поволен противник, ама пак ќе кажам ние мислам имаме предност во однос на нив. Тие не се искусна екипа. Се поставија супер со Словенија и Норвешка, ама па со Полска полесно изгубија (која е на наше ниво, може и нијанса послаба). Изгубија од Романија бајаги, а изгубија и од Украина. Добро е што првата е таму и ако почнеме како против Чешка во последниот бараж, тогаш нема да имаме никакви проблеми. Реваншот е кај нас, а мислам дека тука тие ќе прегорат. Не играле со нас пред наша публика и ќе им дојде малку чудно. Памтам една утакмица женскиве кадети наши играа на Кале со Фарски Острови. Имавме малку публика (Б-дивизија) и таа малку публика направи малку притисок, па ние и ги добивме. Е сега можам да замислам еден притисок од малку публика и по некој шврки родител кој урлаше и тропаше во прв ред, со многу поголема публика (која верувам ќе биде присутна). Добро е што ја избегнавме Швајцарија или Србија (а тие две богами доста лошо поминаа).
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.744
Поени од реакции
2.667
Тежок противник, ама и јас мислам дека се подобра опција од Србија и Швајцарија.
Полска не се намачи многу со нив, ги убија преку пикер, овој Шипшак како од шала им забиваше голови, исто и Сичко ги дотолчи со шут од 9 метри, немаше решение одбраната за овие двајца.
Како што кажа @Vardarecc , имаат ниски дефанзивци, тоа Полска го искористи преку игра на пикер и шут од надвор.
Треба и ние да изведеме такво нешто со Жарета Пешевског и Талески.
Ама секако дека ќе биде тешко со нив, тие сигурно се пресреќни од ждрепката што не добиле нас, знаејќи дека ние сме една од послабите репрезентации од првиот шешир, така да сигурно ќе удрат и тие јако.
Уште сега нека се мисли решение за Скипагот, ако го затвориме него тогаш цела игра ќе им се распадне.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Балкански стил на ракомет со овие и готови се општо Скандинавците се мачат со таквиот стил.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Незнам како би изгледало директ фластер на центар на Скипагот и да се остат да играт 6 на 5 , ако нешто не оди (n)

@Xsago @Waooo @Vardarecc @Saber Rider мислење :D
Познавајки го Кирца ќе игра 6-0 одбрана со цел да згусни и залепи одбрана на 6 за да ги натера на шутој од 9 метри и да ги намали нивните пробиви на 6.
Незнам колку ќе е паметно да се игра Н Марковски против овие, иако факт е дека моментално ни е најдобар одбранбен играч кој има габарит сакале да признаеме или не.
Мислам дека со Павле на 3 и 4 да го користиме ќе можи да ни помогни многу, немаат габарит Фарциве нема ни Павле но е брз и борбен така да би требало да можи да се носи со нивната брзина и борбеност, иако Скипатогу е страшно квалитетен играч.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: and
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Незнам како би изгледало директ фластер на центар на Скипагот и да се остат да играт 6 на 5 , ако нешто не оди (n)

@Xsago @Waooo @Vardarecc @Saber Rider мислење :D
Најидеално решение е сега кога ќе игра Пелистер со Кил на гости, Петар Атанасијевиќ да го сопне него малце повеќе и мислам после небитно е каква одбрана ќе играме во мај. :icon_lol:
 
Член од
23 март 2017
Мислења
313
Поени од реакции
521
Познавајки го Кирца ќе игра 6-0 одбрана со цел да згусни и залепи одбрана на 6 за да ги натера на шутој од 9 метри и да ги намали нивните пробиви на 6.
Незнам колку ќе е паметно да се игра Н Марковски против овие, иако факт е дека моментално ни е најдобар одбранбен играч кој има габарит сакале да признаеме или не.
Мислам дека со Павле на 3 и 4 да го користиме ќе можи да ни помогни многу, немаат габарит Фарциве нема ни Павле но е брз и борбен така да би требало да можи да се носи со нивната брзина и борбеност, иако Скипатогу е страшно квалитетен играч.
Каква одбрана имаат Словенците и Норвешка значи од нас 10 класи појака да не се лажеме, знаеме како тие пројдоа , со Полска беа изморени Фарците, ние тешко со била каква одбрана против нив затоа што ние и немаме одбрана. Фаворити се фарците и тие ќе одат на светско, дај боже да грешам ама реалноста е таа моментално.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
Најидеално решение е сега кога ќе игра Пелистер со Кил на гости, Петар Атанасијевиќ да го сопне него малце повеќе и мислам после небитно е каква одбрана ќе играме во мај. :icon_lol:
Најглупо нешто е на некого да посакуваш повреда, посебно на млад играч...
Жалосно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom