Клубовите од Англија,Реал Мадрид и Барселона едноставно имаат енормно преголеми приходи од телевизиски права,спонзорства и продажба на карти во однос на клубовите од Серија А и затоа клубовите од Италија не се на исто ниво со квалитет како нив.
Прегледај го приврзокот 402444
Прегледај го приврзокот 402445
Само за споредба 22/23 Интер кој земал најмногу во Италија од тв права има помалку од Саутемптон кои земале најмалку во Англија од тв права.
Отстранувањето на правилото на декретот за раст дополнително ги отежнува работите со потпишување и продолжување на договорите на играчите.
Ако Мајк прифати договор на 4 години од 8 милиони нето плата Милан ќе треба да исплати 48 милиони бруто што е премногу ако Милан сака да не избега од рамките на ФФП.
Ќе бидат приморани да го продадат и потоа да го потпишат Ди Грегорио или некој друг од Серија А за да на крај Кардинале профитерот биде кривецот а работата е многу поголема од тоа.
Мене не ми пречи и мислам дека не е проблем што во Милан имало премногу странски фудбалери.
Италијанската репрезентација има недостаток на квалитетни фудбалери и ќе ги примора клубовите да развиваат италијански фудбалери но со тоа само ќе ги уназади клубовите во однос на останатите Европски клубови.
Интер не дека имаат премногу домашни фудбалери Бастони,Димарко,Барела и Фратези,Јуве ги има Гати,Локатели и Киеза.
Во Милан едноставно мора да бидат покреативни во однос на менаџирање и креирање на ростерот а навивачите да бидат трпеливи.