Вашата колекција на фудбалски дресови

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Некој дали нарачувал дрес од овие Sportisimo, да каже од прилика каков квалитет се, дали вреди за тие пари (1000ка)? :D
 
А се спремав да отворам ваква тема, напишав цел реферат и после ми текна да побарам случајно некој да не отворил.

Еве ја мојата засега скромна колекција која се појача последниве шест месеци благодарејќи на classicfootballshirts.co.uk
Какви само дресови имам пазарено за 20-25 евра, свака им част. Би ја препорачал на секој љубител на фудбалот и фудбалски дресови. Имаат преголем избор на дресови, тренерки, тренинг маици, штуцни, гаќици итн., на не само познати тимови туку и оние помалку познати. Можат да се најдат дресови на англиски нисколигаши, некој просечни јужно-амерички и афрички тимови...
Од Македонија досега само Шкупи продаваат свои дресови таму.

Во спојлер секој дрес на закачалка и годината.

1687626793733.png


Ќе започнам со највредниот.
Овој дрес е лично носен од Милан Илиевски кога беше капитен на Вардар 2011-12. Тој период бев активен член на Комити и еден дечко од Loyal Fans го фати дресов мислам во Кратово против Силекс и после некој месец го објави за продажба. Не знам дали му беше зорт или имаше многу дресови фатено али прилично евтино го платив. Некои 2 илјадарки ако не се лажам. Не е во одлична состојба, но не е ниту премногу уништен и последниве три години воопшто не е носен за да не се пере повеќе. Ќе го урамам еден ден тоа сигурно.

Vardar 11-12 f.jpgVardar 11-12 b.jpg


Да продолжиме со Вардар.
Сезона 2016-17 мислам. Катастрофален квалитет, логото е штампано а не везено, едноставно криминал. Платен исто колку и наредниов на Саутемптон. Разлика небо-земја.

Vardar 16-17.jpg

Саутемптон, сезона 2022-23. Начекан на промоција, денеска ми пристигна.
Доста добар дизајн.

Southampthon 22-23.jpg

Интер 2015-16 гостински дрес. Сеуште Пирели беше главен но имаа Driver како преден спонзор таа сезона на гостинските дресови.
Солиден квалитет, носен многу пати само буквите од рекламата малку се изљуштиле, остало е све во топ кондиција.

Inter 15-16.jpg


Не нарачувам дресови со играчи и ова беше првиот пат кога го направив тоа. Нарачав Икарди дрес од Интер. Сезона 17-18. Го купив на крајот од сезоната и копилето си отиде од Интер. Седеше во плакар долго време дресов а и многу веројатно дека ретко ќе биде носен во иднина. Овој е единствен дрес кој е купен за поефтино од стандардната цена за оригиналите, купен е во една спортска продавница во Малта и иако ги има сите тие мали детали, се сомневам во оригиналноста.

Inter 17-18.jpg


Интересен дизајн и добар материјал.

Fleetwod Town 21-22.jpg


Розевиот од изминатава сезона 2022-23 без спонзор. Солиден дрес, убави бои, таман за у колекција.

Everton 22-23.jpg


Watford 22-23.jpg


D.Dresden 21-22.jpg

Бомба дизајн и одлични детали овој црниов на Глазгов Ренџерс. Еден од поубавите во колекцијава.

Rangers 21-22.jpg

Сериозно стар дрес. Сигурно е купен/добиен некаде 1998-2000. Со старото лого и име - ФСМ.
Подарок ми е од братучед. Многу луѓе го носеле дур да стигнел кај мене. :)
И покрај толку носења и перења, сеуште е во солидна состојба. Освен логото на Пума кое е само избледено, се друго е скоро ко ново а преку 20 години е дресов.

Maceedonia 1998.jpg


Овој е претпоставувам 2006. Не можев да најдам а и премалку барав, податоци кога точно ги носеше Македонија овие дресови ама од прилика знам дека беше тој период. Слаб квалитет. Логото е доста не квалитетно и речиси целиот дрес изгледа ефтин. Величина демек XL a ќе му одговара и на човеккој носи L.
Истотака подарок од братучед ми.

Macedonia 2006.jpg

Стеауа, гостински дрес, сезона 2014-15. Се шокирав колку беше скап со оглед на тоа што не беше тековната сезона и е веројатно најскап во колекцијава. Купен во Букурешт.
Одличен квалитет. Премалку носен и може да е најдобро сочуван во колекцијава заедно со оној од Саутемптон кој сеуште е со етикета.
Не сакам толку дречливи бои да носам ама сакам да ги имам во колекција затоа што се необични.

Steaua 14-15.jpg



Колекцијава требаше да биде побогата за уште два дреса ама се решив да му ги подарам на брат ми.
Имав еден ваков дрес од Њукасл 2014-15 и дрес на Пандев од Лацио кој лично Горан му го има поклонето на една македонска фудбалска легенда чиј внук ми е многу добар другар. Му го дадов на брат ми затоа што он е фан на Лацио и иако ќе беше можеби највредниот во колекцијава сепак он го заслужува повеќе од мене.



П.С. Ако некој има дома дрес што му стои и е во добра состојба а притоа не го носи и сака да заработи некој денар, пишете порака со слика па ќе се договориме.
 
А се спремав да отворам ваква тема, напишав цел реферат и после ми текна да побарам случајно некој да не отворил.

Еве ја мојата засега скромна колекција која се појача последниве шест месеци благодарејќи на classicfootballshirts.co.uk
Какви само дресови имам пазарено за 20-25 евра, свака им част. Би ја препорачал на секој љубител на фудбалот и фудбалски дресови. Имаат преголем избор на дресови, тренерки, тренинг маици, штуцни, гаќици итн., на не само познати тимови туку и оние помалку познати. Можат да се најдат дресови на англиски нисколигаши, некој просечни јужно-амерички и афрички тимови...
Од Македонија досега само Шкупи продаваат свои дресови таму.

Во спојлер секој дрес на закачалка и годината.

Прегледај го приврзокот 382450


Ќе започнам со највредниот.
Овој дрес е лично носен од Милан Илиевски кога беше капитен на Вардар 2011-12. Тој период бев активен член на Комити и еден дечко од Loyal Fans го фати дресов мислам во Кратово против Силекс и после некој месец го објави за продажба. Не знам дали му беше зорт или имаше многу дресови фатено али прилично евтино го платив. Некои 2 илјадарки ако не се лажам. Не е во одлична состојба, но не е ниту премногу уништен и последниве три години воопшто не е носен за да не се пере повеќе. Ќе го урамам еден ден тоа сигурно.



Да продолжиме со Вардар.
Сезона 2016-17 мислам. Катастрофален квалитет, логото е штампано а не везено, едноставно криминал. Платен исто колку и наредниов на Саутемптон. Разлика небо-земја.


Саутемптон, сезона 2022-23. Начекан на промоција, денеска ми пристигна.
Доста добар дизајн.


Интер 2015-16 гостински дрес. Сеуште Пирели беше главен но имаа Driver како преден спонзор таа сезона на гостинските дресови.
Солиден квалитет, носен многу пати само буквите од рекламата малку се изљуштиле, остало е све во топ кондиција.



Не нарачувам дресови со играчи и ова беше првиот пат кога го направив тоа. Нарачав Икарди дрес од Интер. Сезона 17-18. Го купив на крајот од сезоната и копилето си отиде од Интер. Седеше во плакар долго време дресов а и многу веројатно дека ретко ќе биде носен во иднина. Овој е единствен дрес кој е купен за поефтино од стандардната цена за оригиналите, купен е во една спортска продавница во Малта и иако ги има сите тие мали детали, се сомневам во оригиналноста.



Интересен дизајн и добар материјал.



Розевиот од изминатава сезона 2022-23 без спонзор. Солиден дрес, убави бои, таман за у колекција.






Бомба дизајн и одлични детали овој црниов на Глазгов Ренџерс. Еден од поубавите во колекцијава.


Сериозно стар дрес. Сигурно е купен/добиен некаде 1998-2000. Со старото лого и име - ФСМ.
Подарок ми е од братучед. Многу луѓе го носеле дур да стигнел кај мене. :)
И покрај толку носења и перења, сеуште е во солидна состојба. Освен логото на Пума кое е само избледено, се друго е скоро ко ново а преку 20 години е дресов.



Овој е претпоставувам 2006. Не можев да најдам а и премалку барав, податоци кога точно ги носеше Македонија овие дресови ама од прилика знам дека беше тој период. Слаб квалитет. Логото е доста не квалитетно и речиси целиот дрес изгледа ефтин. Величина демек XL a ќе му одговара и на човеккој носи L.
Истотака подарок од братучед ми.


Стеауа, гостински дрес, сезона 2014-15. Се шокирав колку беше скап со оглед на тоа што не беше тековната сезона и е веројатно најскап во колекцијава. Купен во Букурешт.
Одличен квалитет. Премалку носен и може да е најдобро сочуван во колекцијава заедно со оној од Саутемптон кој сеуште е со етикета.
Не сакам толку дречливи бои да носам ама сакам да ги имам во колекција затоа што се необични.




Колекцијава требаше да биде побогата за уште два дреса ама се решив да му ги подарам на брат ми.
Имав еден ваков дрес од Њукасл 2014-15 и дрес на Пандев од Лацио кој лично Горан му го има поклонето на една македонска фудбалска легенда чиј внук ми е многу добар другар. Му го дадов на брат ми затоа што он е фан на Лацио и иако ќе беше можеби највредниот во колекцијава сепак он го заслужува повеќе од мене.



П.С. Ако некој има дома дрес што му стои и е во добра состојба а притоа не го носи и сака да заработи некој денар, пишете порака со слика па ќе се договориме.
Вака нешто ако те интересира :icon_mrgr:
20230625_002547.jpg
 
Стигла нова пошиљка

Интер 2019-20 & 2020-21

20231128_101833.jpg

20231128_102014.jpg


Борусија Менхенгладбах 2018-19

20231128_101905.jpg

Анкарагучу 2021-22

20231128_101943.jpg
 
По кој критериум ги бираш дресовиве?

Па немам баш некои критериуми кога купувам. На пример никогаш не би купил ПСЖ, Ман Јун, Ливерпул, Реал, Барса дрес. Јуве и Милан од различни причини ама углавном гледам тоа да биде помалку популарен клуб али пак од друга страна избегнувам некои си азиски, ј.американски и арапски тимови. Фокусот е повеќе на топ лигите, такви некои фудбал менаџер клубчиња. Сакам да купам дресови и од сите клубови во тие градови кај што сум ги посетил ама за сега ми фалат неколку. Катанија е затоа земен иако генерално не ми праи многу мерак. Особено Џивова како бренд.
А и странава од кај што купувам многу јаки промоции имаат. Еве сега го ставиле Shrewsbury Town Away од ланската сезона за 20 фунти. Глеј го што е за мерак :

1718997123402.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom