UEFA Europa League

Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Јунајтед - Бетис спектакл моментално, уште да не истураше снег и топ.
Сега засега им се исплати патот на овие во зелено :)

Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Каков гол, добро јесте голманот не очекуваш и беше ептен излезен ама секоја чест на прецизноста.
И некако ветер во грб му даде голот на Спортинг, ќе има борба до крај ништо чудно да испаднат Арсенал.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.541
Поени од реакции
62.432
Па ако се паметни, ке испаднат. Шанса да освојат ПЛ сега и кој знае кога пак. Втора недела чинам како играат 2 утакмици во недела, и еве, денес 2 повреди. Ај првата ради доскок лош, ама втората ми се чини дека беше без никаков удар. Немаат доволно широк состав за на 2 фронта.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.176
Не знам зошто воошто се замараат во ЛЕ, се борат за титула во ПЛ послем 20год и искача со првотимци во вакво наптреварување.

Па и да поминат треба да играт со екипи како Јуве кој ова им е едина сламка за спас, Јунајтед за кој веќе сезоната во ПЛ е завршена и ќе иде на титула тука, Рома која ова им втора шанса ако не успеат преку Серија А и Севиља која ја знаеме што прави во ЛЕ.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670

Бидејќи ако Арсенал не земе ПЛ, на крај ќе заврши со зеро титули сезонава. Се откажаа од Лига Купот веднаш, се откажаа и од ФА, иако таму можеби и ждрепката си го направи своето. Мислам дека кога ќе се собере и одземе се, тие сега мора да освојат ПЛ.

Точно дека на старт на сезона второ место да им дадеше некој ќе го прифатеа со две раце, без никакво размислување. Но приоритетите се менуваат во текот на самата сезона. А џабе фудбалот што го изиграа и одличните резултати во ПЛ ако не освојат ништо на крај. И Артета мислам дека добро го знае тоа. Сега ќе им се набилда екстра притисок во ПЛ, бидејќи тоа е единственото натпреварување во кое останаа. А убаво ќе беше да го немаат тој екстра притисок на гостувањата на Енфилд и Етихад.

Арсенал е сосема заслужено прв, но многу лесно може да го изгуби водството од Сити. Башка што се далеку понеискусна екипа и потешко би се носеле со притисокот. Нека ви текне што му се случи на Ливерпул (па и на Џерард ако сакате, како убедливо најискусен во тој тим) во 2014та, кога практично ја имаа едната рака на титулата за прв пат по 20 и кусур години. Епа Арсенал е во иста ситуација моментално, и како ќе се доближува крајот на сезоната, така ќе станува поголем притисокот.

Со ЛЕ во игра, ќе имаа на што да се свртат во случај да им тргне на лошо. А сепак немаат ни европски трофеј во историјата, ако не се лажам. Опциите им беа:
  • ПЛ + Европски трофеј = сезона од соништата
  • ПЛ без Европски трофеј = фантастична сезона
  • Втори во ПЛ + Европски трофеј = супер сезона, дефинитивно над очекувањата
  • Втори во ПЛ без Европски трофеј = простор за муабети како чоукнале, лузерски менталитет, итн, итн... (сите знаеме како функционираат социјалните мрежи деновиве).. А ова ќе им го отежни и стартот на наредната сезона. Бидејќи ќе треба да покажуваат дека сепак било до неискуството, но не и до менталитетот на тимот како целина
Сега им стануваат опција 2 и опција 4, и баш заради опцијата 4, односно можноста да останат без трофеј, ќе имаат огромен притисок во остатокот од сезоната.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.541
Поени од реакции
62.432
Ke освојат сезонава Арсенал. Сити е на два фронта и се премногу неубедливи, плус очекувам пак да кикснат во наредните 2-3 меча. Арсенал до Мај ке има само по еден меч неделно.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Ke освојат сезонава Арсенал. Сити е на два фронта и се премногу неубедливи, плус очекувам пак да кикснат во наредните 2-3 меча. Арсенал до Мај ке има само по еден меч неделно.
Ама Арсенал има потежок распоред. Гостуваат на Ливерпул, Њукасл и Сити секако, дуел кој може да биде одлучувачки. Сити ги има Брајтон и Брентфорд како заебани гостувања. И двата тима играат дома со Челзи, што пак за Арсенал треба да е потежок дуел според мене.

Ако Арсенал извади позитивен резултат на Етихад, нивна е титулата 100%, но мислам дека имаат 11 порази во низа од Сити, што е неверојатен факт. А два бода е веќе еден меч разлика, кикс кој може да дојде и кога најмалку го очекуваш.

Се вадеа и они 2-3 пати на крај, така да, мислам дека не очекува јака битка до крај. Плус Сити на Гвардиола стандард појачува форма во овој дел од сезоната.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Со ЛЕ во игра, ќе имаа на што да се свртат во случај да им тргне на лошо. А сепак немаат ни европски трофеј во историјата, ако не се лажам. Опциите им беа:
  • ПЛ + Европски трофеј = сезона од соништата
  • ПЛ без Европски трофеј = фантастична сезона
  • Втори во ПЛ + Европски трофеј = супер сезона, дефинитивно над очекувањата
  • Втори во ПЛ без Европски трофеј = простор за муабети како чоукнале, лузерски менталитет, итн, итн... (сите знаеме како функционираат социјалните мрежи деновиве).. А ова ќе им го отежни и стартот на наредната сезона. Бидејќи ќе треба да покажуваат дека сепак било до неискуството, но не и до менталитетот на тимот како целина
Искрено второ во ПЛ со или без ЛЕ трофеј би било тешко разочарување, ај што никој не даваше шанса на почеток на сезона, туку и после повредата на Жезус кој веруваше дека ќе издржат и нема да се самораспаднат, многу е не умирај магаре до зелена трева работава, вкупно 11 натпревари се останати да изиграат во рок од 2 месеци, ако сакаат да се шампиони, мора и тие шампионски да ги издржат. Никој не би го кривел Артета, ниту пак играчите, посекако е сезона многу подобра од очекувањата, ама би било големо разочарување со оглед на моменталната позиција.
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
851
Поени од реакции
1.061
Па ако се паметни, ке испаднат. Шанса да освојат ПЛ сега и кој знае кога пак. Втора недела чинам како играат 2 утакмици во недела, и еве, денес 2 повреди. Ај првата ради доскок лош, ама втората ми се чини дека беше без никаков удар. Немаат доволно широк состав за на 2 фронта.
Ај сеа да се паметни да чоукнат и во лига, за да се спремаат подобро за наредна година. :icon_lol: :icon_lol:
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.154
Јунајтед - Севиља
Јувентус - Спортинг
Леверкузен - Ројал Унион
Рома - Феенорд..
Победникот од првиот пар на вториот,третиот на четвртиот..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom