Драга Кајгана (виртуелен дневник)

C

CoolIris

Гостин
Драга,

Дежурство.
24 ч на нога, гладна, жедна.
Конечно видов кревет и сега го мислам детенцето што имаше мака што направи...се надевам се ќе биде во најдобар ред...
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Не многу луѓе имаат капацитет да прифатат пораз, несвесни дека тоа е неопходно за успех во одредени професии. Можеби од 8 до 5 и не е само клише за сите.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.339
Поени од реакции
6.264
Комисијата за заразни болести препорача дека нема потреба од рестриктивни мерки...
Ја кога викам дека не постои корона се смеат тука народот на форумот
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.119
Поени од реакции
8.908
de i ja da kazam :D

kako pominaa prethodni 2 meseci, i kakvi mi se proekcii za naredni 2,
kje pocnam da gledam "keeping up with the kardashians"
 
C

CoolIris

Гостин
Нема потреба од рестриктивни мерки, затоа што луѓето не ги почитувале рестриктивните мерки.
Срамота!

И жално е што народот повеќе верува на верски водичи, кога станува збор за заразна болест отколку на епидемиолози и инфектолози.

Нека ни е со помин...
 
T

Torchyrus

Гостин
Драга Кајгана
Си правам мала ретроспектива.
Не ми фалат журки и фестивали...
Ми фалат карти и алки оди журки и фестивали сигурно барем х5 повеќе од ова во изминатите скоро 10 години.
received_174177790680344.jpeg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.625
Поени од реакции
34.813
Кајг,
денес според новиве изјави што ги даваат одговорните институции и нивни поеднинци во јуни ќе има нови турбуленции!
... до сега сите што починале како причина била заведена- коронавирус, следниов месец- јуни ако ќе има починати од коронавирус- не ќе може така да се заведе, оти коронавирус ќе биде званично „победен“ и ќе се умира од нешто друго, само не од коронавирус!:facepalm:
или ако до сега било вистина дека некои нуделе 2000 Е да се каже дека некој починал од коронавирус, во следниов месец- јуни ќе се нуди 2000 Е да се каже дека некој НЕ починал од коронавирус, туку од нешто друго! :facepalm:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Денеска ме разочара и малку изнервира еден колега....од оние кои се по теориите на заговор (5Г, земјата е рамна.......итн), не почитуваат никакви мерки и не веруваат дека навистина постои вирусот.
Веќе ми е преку глава од ликови со такво размислување, бидејќи на нивната неодговорност страдаме сите ние одговорните, ние кои се придржуваме кон сите можни мерки на претпазливост.
Ги ислушав глупостите и потоа му предложив да се прошета околу инфективна, да се потруди да влезе внатре и да се прошуња по ходниците низ клиниката, како да бара некого....и по можност да посети некои од заболените...без никаква заштита, па да праиме муабет за 10-тина дена..не на 5 метри растојание како денес....по телефон.
Е од таквите не не бидува во борбата против коронавирусот....:facepalm:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.117
Пх, се што гледам се опаковки од капричиоза, едноврсно, неинвентивно. Пробај замрзната пица-сладолед со вкус на ќебапи мариниран во расолница од зелка, зачинет со феферонки потопени со мед, рендан пашканат и шлаг од стевиа на врвот, па да те видам :D .


723.jpg
444.jpg 932.jpg 552.jpg
369.jpg
647.jpg
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
Кајги...
Ги укинале мерките оти никој не ги почитувал...нека го укинат и парламентот право
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.749
Драга,

Да ти кажам дека преку Стојна ми е, од маски, штитови, ракавици, скафандери..
Надвор 500 степени, искачам од работа и ми се темни, ми е снеможено, аман и вирус и се, не знам кога сум облекла саглам долен веш, се е бело баба/ врџен Мери стајл и плус бели чорапчиња, дур и тие по секси се од гаќиве, туку нејсе, најавуваат трета фаза од петок па ај со господ напред.

Е башка ми праат филм дека детено машко не ми е обрежано ќе му се смееле девојките, абе викам ако за сантим кожичка проблем се прави ќе си најде наше де.
Да се по плачам Драга, да ми лекне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom