Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Од кога не сте провериле каква е ситуацијата у Бурунди?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Положен AZ-300 :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco: :pijanco:

btw да знаат анти 5G/чипирање групацијава што се им испраќаш на Microsoft за да можеш да полагаш од дома шлог ќе ги мавне :icon_lol:
 
C

CoolIris

Гостин
Дап, пак јас...

Не знам, некако тука почнав да си ги споделувам моменталните мисли, чувства и емоции. Иако посакувам да напишам цел реферат за да го доловам сето тоа што го чувствувам и што посакувам да допре до некого, ако ништо друго барем да биде прочитано од некој странец...

И ете, од лични причини се притиснувам. А и не сакам да звучам патетично. Опа, цупа, две реченици, па три, па повеќе......како мало детенце кое штотуку проодува...чекор, по чекор.... :)

Епаааа, тоа што сакам да го кажам денес е дека конечно успеав да го преболам! После толку долго време, после сите перипетии кои ми ги приредува животот, после сите удари од негова страна, ама во вистинска смисла на зборот, психички и физички, сфатив дека животот ми е многу поубав без него.

Друго што да кажам.....на работа денес фул.... денови ми требаат, а денови нема. Денови за мене, да разбистрам мисли, да разладам мозок, да се тргнам од се. Тешко ми оди спиењето, а со тоа и јадењето. Апетит немам, почнав да губам на тежина и тоа убавото што го имав, почна полека да се губи.... Ми треба време, време кое очигледно не можам да си го дозволам....

Сепак....Борбата продолжува, а јас не се предавам....
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Утринава службено, поради одржување на серверите ја посетив клиниката Жан Митрев. За прв пат по појавата на коронавирусот морав физички да пристапам кај серверите.
Позитивно запрепастен бев од прекрасната организација во клиниката. Без разлика што не сум пациент, отворен е само главниот влез (порано сум влегувал преку службени). Растојание надвор помеѓу луѓе 3 метри. Секако секој што чека е со маска на лице и одговорните лица од внатре повикуваат еден по еден. Внатре на самиот влез ме пречека сестра која ми изврши дезинфекција на раце, па кај друга сестра која ми измери температура и на крај кај трета сестра која ми пополни здравствен прашалник на кој се потпишав и повторно ми беше извршена дезинфекција на раце. Потоа можев да продолжам само со придружба до компјутерскиот центар. Додека се движев низ ходниците, забележав дека целиот медицински персонал е со маска и визир. Завршив со работа и повторно со придружба бев испратен до излез. Браво ! Болница така треба да функционира во ваква ситуација.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
после сите удари од негова страна, ама во вистинска смисла на зборот, психички и физички, сфатив дека животот ми е многу поубав без него.
Морам да го прекршам правилото за нецитирање во темава, од хуманитарни причини: ако болдираното е точно, нема што да преболуваш: тоа е џубре, џган, отпадок, олош, стока, говедо, и уште стотина зборови од кои дел не се ни влезени официјално во речник. А ти оправи се побрзо зошто ме фаќа некоја тага кога ќе видам некој што трпел физичко насилство да се замара со „преболување"... тоа преболување треба да настане во првиот миг кога нешто такво се случило и тука да завршат сите приказни.

Ти посакувам секое добро.
 
C

CoolIris

Гостин
Драгаааа!
Од позитива на денот издвојувам...

93 годишно деденце, со список намирници кои треба да ги купи за дома неговата баба да направи торта за внуката која денес родила здраво женско дете. Пра дедо и пра баба!:)

На дедето му помогнав да испазари, му ги однесов ќесите до дома и ме изнагушка толку силно, душата ми се стопли. Нит корона, нит ништо не го интересираше. Очите му беа полни со солзи радосници...

Да си ми здрав и жив деденце, и ти и бабата твоја и правнучето :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom