Види,не дека не се согласувам со тебе,ама... (и ова големо ама)
Во општество каде на помалку од 1000 метри од мене има фабрика што гори пелети,и тоа илјадници тони годишно,и тоа од најшкрт суровинска база(сончоглед),со најниска ефикасност што убаво се гледа по црниот чад,и сето тоа регуларно врз цел град како напад со хемиско оружје!
Кога на пет километри имаш уште една фабрика што гори (автомобилски) гуми,ама исечкани за да бидат регуларни пред закон...
Кога секоја втора кола на улица ти е 20 години стар дизелаш,а стотици илјади се! Камиони,автобуси...ич муабет да не правам.
Некако теоријава за тоа дека греењето на дрва било многу 19-ти век ми е смешна со голема доза на црн хумор.
П.С.прашај ги и битолчани што ти ја произведуваат струјата за тој “еколошки инвертер”,како сето тоа убаво изгледа.